Башибозук ја зафати Македонијава - ќе се наплаќаат стари сметки (тема вечерва кај Јанко). Којзнае колкави се каматите на сметки пред 2000-та
а кој чува сметки од тогаш? Башка ми се сумњиви за сметките и опомените...којзнае што ќе смучкаат за профит
Извршителите тропаат на врата за сметки од минатиот век
Поштенските сандачиња на граѓаните и на фирмите од почетокот на годинава се полнат со извршни решенија за наплата на сметки за струја, вода, парно, телефон и други комунални услуги, стари и по 20 години. Граѓаните се во паника и крајно револтирани, зашто за сметка за струја од минатиот век, со сума од 2.000 денари, сега треба да платат 40.000 денари. Во најтешка ситуација се тие кои за таа деценија и повеќе додека судот се канел да им го испрати извршното решение, си го платиле долгот, но не го сочувале доказот за тоа.
-
Голем дел од должниците тврдат дека тие сметки им се платени, но не ја чуваат потврдата, зашто поминале многу години. Во тој случај ги упатуваме кај доверителите, да се договорат дали да плаќаат, или не. Има случаи кога поради немање евиденција доверителите се откажуваат од наплата на долгот. Сме добиле многу предмети за извршување кои датираат од 1993, 1997 година - вели Коштанов.
Тој вели дека каматите на сметките стари десет и повеќе години се за 10 до 20 пати поголеми од главнините. Соочени со огромните суми кои присилно ќе им се наплатат и за тоа плус ќе треба да платат уште и за интервенцијата на извршителот, граѓаните ги вжештија телефоните во Организацијата на потрошувачи на Македонија - ОПМ. Во оваа организација велат дека во последно време имаат се повеќе поплаки од граѓаните, кои најчесто реагираат на тоа што не биле на време информирани дека треба да го платат долгот,
туку сега, по 10-20 години на врата им тропаат извршители.
- Подолго време секоја недела по неколку граѓани ни се јавуваат и се жалат дека од нив се бара да платат некоја сметка за струја, вода, парно...
дури и од 1991 година. Ние не можеме многу да направиме, но ги советуваме да се обратат кај Народниот правобранител, или да испратат приговор до судот за застареност на долгот. Во последно време ги советуваме и да напишат приговор до извршителите, иако знаеме дека тие само си ја вршат работата што им ја дал законот - велат во ОПМ.
И Народниот правобранител е затрупан со приговори и разни поплаки од граѓаните, поврзани со присилната наплата на таквите сметки за комуналии, на кои им дошло времето за наплата откако со децении фаќале прав во фиоките во судовите. Оттаму велат дека граѓаните на кои присилно им е наплатен долгот се жалат и на работата на извршителите.
Никој во државата не може да им даде конкретен совет на граѓаните дали треба да ги плаќаат старите сметки за кои има извршно судско решение. Минатото лето по најавата дека работата на судовите ќе ја преземат извршителите, овој проблем го актуелизираше Движењето за социјална правда
"Ленка" кое ги советуваше граѓаните да не ги плаќаат старите сметки, бидејќи се застарени. На иста линија беше и Народниот правобранител, додека
Министерството за правда протолкува дека сметките мора да се платат бидејќи застаруваат само ако не се тужени во рок од една година. Во овој хаос, кога ќе добијат за наплата сметка од минатиот век, освен барањето помош од Народниот правобранител и од ОПМ и ценкањето со извршителите и доверителите, на граѓаните им останува уште можноста да ја тужат државата, затоа што со огромно задоцнување ги известила дека имаат неплатен долг.