Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?

  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Негде со шампањско се слави титула,негде влез во ЛШ.Затоа ќе си остане Наполи мал клуб.
601705_523840204317854_968526293_n.jpg
Само Пандев нема стомачни. :ROFLMAO:
 
JUVE_Ultras Како можеш да кажеш дека наполи е мал клуб? Па сите играчи си ги сами направија, сите играчи си ги избавија сами(освен 3-4ца).... Кавани,Хамшик,Маџо,Лавеци(веќе не е член ама мора да се спомене), Канаваро, Ѕунига и еве Инсиње се избавува полека полека... се е тоа плод на наполи.. Како може некој да не ги почитува? Наполи ми се ептен симпатична екипа, бидејќи се анти модерен фудбал, сами си ги креираат играчите, 3-4 години по ред имаат солиден тим, се тоа со своја мака, со свој пот со свој труд. За разлика од другите екипи у италија и пред се Англија и Шпанија.. Сегде стана фудбалот фрлај пари, и мерак ми е што наполи не е таков калибар на екипа што би дала над 15 милиони за играч а сепак има солидни резултати и завидлива екипа (Со оглед на вложените пари овие неколку години). Лошо ќе биде да го продадат кавани, ама таква цифра ко што се врти(60-ина милиони) едноставно не се одбиваат, ма кој сака нека е.
 
jamey jasta
За тебе Наполи е голем клуб од рангот на Милан,Јувентус,Интер?Што имаат освоено,па да ги ставам во овој круг?Нигде не реков ја дека не се симпатичен клуб,или дека не работат добро.Факт е дека со малце средства и паметни трансфери,направиjа стабилен тим,али во ваква Серија А,не ни требаат некои големи средства за да бидеш конкурентен.

Нема ништо лошо во тоа да слават што се второ место. Поставената цел на почетокот на Наполи сигурно е била минимум 3то место, т.е барем квалификации во ЛШ. Тие изборија директен пласман, односно ја исполнија зададената задача од почетокот на сезоната. Сигурно нема да го видиш Милан како слави 3то место, Интер 8мо, бидејќи овие тимови сигурно си поставиле други цели на почетокот, а не ги исполнија.

Нема да ги видиш Милан,Интер,Јувентус да слават второ,трето место затоа што не се мали провинциски клубови како Наполи.Овие клубови и кога ќе немаат тим за Скудето,и кога цел ќе им биде да се пласираат во ЛШ,никогаш нема го слават тоа второ или трето место.Не сум видел ни во другиве лиги,клубовите вака да слават пласман во ЛШ.
Така да според мене не до целта.Јуве на пример,во првата година кога се врати во Серија А,немаше тим за Скудето и главна цел беше враќањето во ЛШ.Али не видов на крај дека некој отвори шампањ или дека се радувале за тоа 3 место,ко титула да освоиле.Неприфатливо е тим како Јуве,со играчи како Дел Пиеро и Буфон,кои освоиле еден куп титули,да се радуваат на 3 место,али за Наполи тоа е нормално, затоа што го имаат оној синдром на мал клуб.

Наполитанкиве кога го освоиа и купот против Јуве лани,славеа ко скудето да освоиле,па дури низ Неапол ги имаше и по билборди и одоздола напишано "Шампиони на Италија":facepalm: .

Мацари кога кажа дека за нив второво место е како титула,изгледа буквално мислел така :D
 
JUVE_Ultras Како можеш да кажеш дека наполи е мал клуб? Па сите играчи си ги сами направија, сите играчи си ги избавија сами(освен 3-4ца).... Кавани,Хамшик,Маџо,Лавеци(веќе не е член ама мора да се спомене), Канаваро, Ѕунига и еве Инсиње се избавува полека полека... се е тоа плод на наполи.. Како може некој да не ги почитува? Наполи ми се ептен симпатична екипа, бидејќи се анти модерен фудбал, сами си ги креираат играчите, 3-4 години по ред имаат солиден тим, се тоа со своја мака, со свој пот со свој труд. За разлика од другите екипи у италија и пред се Англија и Шпанија.. Сегде стана фудбалот фрлај пари, и мерак ми е што наполи не е таков калибар на екипа што би дала над 15 милиони за играч а сепак има солидни резултати и завидлива екипа (Со оглед на вложените пари овие неколку години). Лошо ќе биде да го продадат кавани, ама таква цифра ко што се врти(60-ина милиони) едноставно не се одбиваат, ма кој сака нека е.
Голем клуб не се радува на второ место друже.
А тоа дали некој ги сака или не е сосема индивидуално. Мене лично ми станаа одбивни претходната сезона и на финале на купот, бидејки играа премногу прљаво, а Кавани( за кого во тој момент беа најгласни шпекулациите дека ке дојде во Јуве) се куропецаше нешто, со тоа неговото славје итн итн.
 
JUVE_Ultras Како можеш да кажеш дека наполи е мал клуб? Па сите играчи си ги сами направија, сите играчи си ги избавија сами(освен 3-4ца).... Кавани,Хамшик,Маџо,Лавеци(веќе не е член ама мора да се спомене), Канаваро, Ѕунига и еве Инсиње се избавува полека полека... се е тоа плод на наполи.. Како може некој да не ги почитува? Наполи ми се ептен симпатична екипа, бидејќи се анти модерен фудбал, сами си ги креираат играчите, 3-4 години по ред имаат солиден тим, се тоа со своја мака, со свој пот со свој труд. За разлика од другите екипи у италија и пред се Англија и Шпанија.. Сегде стана фудбалот фрлај пари, и мерак ми е што наполи не е таков калибар на екипа што би дала над 15 милиони за играч а сепак има солидни резултати и завидлива екипа (Со оглед на вложените пари овие неколку години). Лошо ќе биде да го продадат кавани, ама таква цифра ко што се врти(60-ина милиони) едноставно не се одбиваат, ма кој сака нека е.

За Маџо во никој случај..во Сампдорија играше одлично па го земаа со пари исто и Кавани не е нивно и предходно беше добар..
за дел од другите да..направија добра екипа но сепак имаа и доста вложувања..во последните години од кога се конкурентни трошат повеќе пари од Милан затоа и се јаки но од следна ако си оди Кавани (а сигурно ќе си оди) ќе видиш дека нема да се иста екипа..
 
@JUVE_Ultras

Пријателе, ти си видел што прават Аталанта, Болоња, Киево и слични екипи кога опстанокот ќе им се официјализира? Се радуваат повеќе отколку што Јуве се радува за Скудетото. Епа ако Наполи е мал тим што се радува на директен пласман во ЛШ, тогаш какви се овие тимови кои се радуваат на опстанок?

Никој не го става Наполи во исти кош со Јуве, Милан и Интер. Но, факт е дека Наполи мал тим не е. Мали тимови се (по)горе-споменатите и уште повеќе кои сигурно ги знаеш. Наполи е еден од оние тимови кои спаѓаат во таа средна класа и се борат за Европа. Овде би ги додал и Фиорентина. Еве ти едноставен пример. Фиорентина лани кажи-речи се бореше за опстанок. Ги виде некаде да се радуваат што го оствариле? Сигурно дека не, бидејќи очекувањата, поставените цели и традицијата велат дека треба во сезоната Фиорентина да оствари повеќе.
Сума сумарум, Наполи не е во исти кош со Јуве, Милан и Интер, ама не е ниту мал клуб. Тоа во никој случај.

И мене не ми се којзнае колку симпатични Наполи, но во моментот (а верувам дека и во следните неколку сезони, со или без Кавани) се и ќе бидат реалност во Сериа А. Дали пак другата сезона ќе изборат ЛШ или само ЛЕ е прашање кое ќе биде одговорено во текот на сезоната, во зависност од начинот на кој ќе им се одвива. Еве пред само неколку дена играа со Интер и можеа да му дадат гол кога ќе посакаат. Што значи дека Наполи во моментот од Интер е далеку појак, а морам да кажам и со подобар проспект за следната сезона.

Инаку за тоа што за Наполи второто место е како Скудето, да ви кажам дека и Алегри рече дека достигнувањето на третото место од страна на Милан оваа сезона, било еквивалентно на Скудето. Сега изберете кому да се смеете повеќе.
 
abe se toa zavisi kako kje bidat vlozeni parite od eventualnata prodazba na cavani.
A inace juventus koga vleze od vtora liga vlozi mnogu pari, aj da ne recam premnogu, i kako mozes da ocekuvas oni da se raduvaat za 2ro ili 3tp mesto.. Iskreno mene mi e kjef i se raduvam sgto milan ovaa sezona kje bide tret, bidejki so ovolku bedna ekipa e uspeh da si treto mesto(jest da nema nekoja golema konkurencija, ali milan bea katastrofalni na pocetokot od sezonata, i sekoj normalen fan na milan ocekuvase katastrofalna sezona koja na krajot ne ispadna do tolku losa kako sto ocekuvav)... se e do prioritet, napoli zasluzeno e vtor... druga rabota, kazi mi kako da ne slavat koga kje dobijat ogromni sumi od bonusi zatoa sto direkno idat u LS, kako igracite taka i samiot klub. i za kraj - za mene milan,juve,inter,lazio,roma i napoli se golemi klubovi... ne e bitno kolku tituli osvoile, bitno e deka sekoja godina ovie klubovi se tuka negde, se borat za scudetto, 2ro ili 3to mesto... barem ja taka gleam.
 
Инаку за тоа што за Наполи второто место е како Скудето, да ви кажам дека и Алегри рече дека достигнувањето на третото место од страна на Милан оваа сезона, било еквивалентно на Скудето. Сега изберете кому да се смеете повеќе.

Не издржа да не го вмешаш Милан? :D

Со оглед во какви околности се најде Милан, трето место ќе биде огромен успех и јас ќе го прословам, за играчите ке видиме... првин и да го освојат... :)

Не можеш да ги гледаш едноставно работите, минатата сезона второ место беше неуспех, но сега успех ќе биде да се освои трето место. За мене не е исто дали Милан ќе има можност да избори пласман во ЛШ, па и да биде трет, како и дали Милан ќе биде седми и нема да игра никаде.

Немојте да ме замарате дека Милан е голем клуб и не би требало ништо да го задоволува освен прво место. Чувајте ги таквите срцепарателни реченици да ги употребите кога ќе пишувате раскази...
 
Ти можеш да се радуваш на трето место. Може и Берлускони, можат и играчите. Ама неможе клубот да објавува слики како европски/италијански гигант слави со шампањско за освоено 2ро или 3то место.
 
Ти можеш да се радуваш на трето место. Може и Берлускони, можат и играчите. Ама неможе клубот да објавува слики како европски/италијански гигант слави со шампањско за освоено 2ро или 3то место.

Другар добро ти одговори Hm_Hm не дека Милан ке прослави ако се пласира 3 место , но со оглед дека како почна Милан , со кој играчи стигнаа до ова место ова е супер (иако уште ништо не е готово).
А Наполи навистина ова што го направил кажува дека се екипа кој 2-3 сезони се во највисоко место , па после пак се вратат во реалноста .
Сепак за доброто на Сериа А е да има што подобри екипи па да ја вратиме тоа 4 место што иде во Лига на шампиони , но според состојбата на екипити играчите кој ги земат изгледа уште 5-6 сезони ке останеме со 3 а баш сум загрижен да останаме и само со 2 .
 
У право сте и ти он за тоа што кажавте, мојата поента беше друга:
Искрено глупаво би било и бедно да видам клуб од рангот на Милан, Интер или Јуве да слави за 2ро или 3то место, без разлика колку е паднат клубот. Значи друго е да славиш, а друго е да си задоволен.(Пр: Јуве претходната сезона да освоеше 2 или 3 место јас ке бев задоволен, ама во никој случај немаше да славам)
Затоа и не го вбројувам Наполи како голем тим, како што кажа некој погоре.
Едит: Сега видов дека уствари сум те повторил у целиов текст, не те прочитав баш најдобро. Поентата ми е дека Наполи не е голем клуб, и баш и затоа се радуваат на ваков успех. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom