Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам како не сфативте досега, дека ова не е FM и дека нема да доаѓаа играчи кои вас ви се допаѓаат, од типот на Диего/ВДВ/Робињо и не знам кој. Мурињо не преферира такви играчи, тоа е јасно. Ги немаше во Челзи ќе ги нема и тука. Тој бара box-to-box тип на играчи. Ја цементира средината со такви, одлично физички спремни и технички добро потковани терминатори како Занети, Виеира, Мунтари, Камби... средината е супер. Деновиве се работеше на задржување на топката, позициона игра и триаголни пасови... игра која ќе ја гледаме сезонава, значи не ни требаат играчи од тој тип AM(Диего, Насри) кои преферираат да повлечат и солираат. Одбраната е тоа што треба да се среди, бидејќи ако ја зафркнеме работата на стартот(со Меи и Фатич на централните позиции) ништо од враќање на скудетото.
 
Ондак милам дека Ферари би бил најдобрата опција, добар е а и без пари ќе го земеме.Така да со оглед на тоа дека Матераци набрзо ќе се врати, исто така и Киву, парите наменети за скап дефанзивец може да се додадат на парите резервирани за Кварезма.
 
Мурињо бара замена за Матераци
Актуелниот италијански шампион Интер деновиве се обидува да обезбеди засилување во одбранбените редови, поради тоа што грото од неговите дефанзивци се повредени и многу веројатно е дека нема да можат да настапат во првите кола од националниот шампионат на Италија.

Имено, по повредите на колумбискиот интернационалец Иван Кордоба, Романецот Кристијан Киву и Аргентинците Валтер Самјуел и Нелсон Ривас, на листата на повредени се пресели и Марко Матераци. Италијанскиот репрезентативец доживеа повреда на препоните за време на дуелот со Јувентус од мини-турнирот "Трофеј Тим" и според првите проценки на лекарскиот тим, ќе паузира најмалку еден месец. Тоа го остава Аргентинецот Николас Бурдисо како единствен централен дефанзивец кој е сосема здрав на неколку недели пред стартот на "калчото", што отвори потрага за нов квалитетен фудбалер од одбранбената линија.

"Доколку се повреди и Бурдисо, во игра ќе морам да го пуштам мојот помошник Џузепе Барези", на шега изјави новиот тренер на Интер, Португалецот Жозе Мурињо.

По средбата на претседателот на клубот, Масимо Морати и спортскиот директор Марко Бранка, беше решено екипата да инвестира во еден нов централен дефанзивец, а засега на врвот на списокот со желби се наоѓа Матео Ферари, кој би можел да дојде преку слободен трансфер откако го раскина договорот со неговиот досегашен клуб Рома.

Покрај Ферари, интерес од Интер има и за Паоло Ернан Делафиоре од Палермо, Романецот Радои од Стеауа, Бразилецот Тиаго Силва од Флуминенсе, кој во моментов е член на олимписката селекција на "кариоките", како и за Холанѓанецот Рон Влар од екипата на Феенорд.

Извор: idividi.com.mk
Мурињо бара замена за Матераци


Делафиоре е аргентинец и има 23 години (добро засилување)
Тиаго Силва има 29 години (престар)
Рон Влар има 23 години (добро засилување)
Радои има 27 години (стар и скап)

Мислам дека покрај Ферари, Влаар или Делафиоре би биле одлична инвестиција, иако поима неам како играат :wink:
Има некој информации за играчиве?
 
Делафиоре потекнува од школата на Интер, не беше нешто посебно затоа и се ослободија од него. Ако добро памтам, беше вклучен во трансферот на Гросо. Значи не ни е потребен и го рангирам на четврто место.

Влаар е дефанзивец налик на Стам, впрочем и во неговите фудбалски почетоци беше споредуван токму со овој фудбалер. Прогнозите сега за сега не се остваруваат, сепак дечкото има добра иднина пред него, али не е материјал за Интер. Нема да претставува засилување туку... уште еден Андреоли. Трето место.

Тиаго Силва e централниот дефанзивец и карпата, костурот на одбраната на Флуминенс. Нема 29, туку има 23 години и многу клубови од Европа се заинтересирани за него. Со добрите игри кои ги покажа во бразилското првенство заслужи и доби покана да игра за репрезентацијата на Бразил. Доста снажен фудбалер, но сепак со слаб тајминг на лизгачките стартови. Мене ме потсеќа на Ривас, само што очигледно е дека станува збор за далеку подобар фудбалер. Може да се вклопи во Интер, само не знам колку Интер ќе успее да дојде до добра/поволна цена за него. Второ место, само поради тоа што не знам колку би чинел неговиот трансфер, а очигледно ќе чини многу.

Радои, принцот од Букурешт. Ова е чудовиште, игра во Стеауа и во моментов е најдобриот играч во Романското првенство. Зема плата колку сите негови соиграчи заедно, има голем број на настапи за репрезентацијата, стандарден е во формата, одличен е во скок играта, знае добро да ги одработи тактичките задачи поставени од тренерот. Доста интелигентен фудбалер, кој знае да ја чита играта. Но, воедно и доста голем материјалиста и често се става себеси пред клубот. Познат е по бурниот ноќен живот, добрите коли и добрите девојки. Ако не му пречи на Мурињо тоа што е плејбој, тогаш уште од понеделник ќе можеме да го гледаме Радои на тренинзите. Цената не е таа што се пишува во весниците, ама сигурно ќе биде над 10м евра. Но вреди за секое евро, верувајте.
 
Ја типуав на Радои ама пошто имал таков карактер ондак не се слагам да дојде во Интер.
Од листава најприфатлив за мене е бразилецот Силва, млад е и игра за Бразил, во Интер ќе се вклопи затоа што има и негови сонародници и би требало да блесне.
Поз
 
Утре тргам за Охрид и нема да можам да постирам и да го следам форумов.
Кога ќе дојдам сакам полно слики од играчот со број 17. :wink:
Поздрав до сите!
 
Утре тргам за Охрид и нема да можам да постирам и да го следам форумов.
Кога ќе дојдам сакам полно слики од играчот со број 17. :wink:
Поздрав до сите!


Ај добар провод во Охрид , и ја се надевам на истото со 17ката , со оглед дека доаѓа турнирот во Амстердам , сигурен сум дека Мурињо ке сака до тогаш да го има склопено целиот тим за да се уиграат целосно играчите , така да оваа недела осеќам дека тоа ке се случи , ваљда ке го начекаш во Македонски Спорт , ако купиш :wink: ( ненамерна реклама ) .
 
Анализиве ви се тапа, на повеќето. На Јове се држат донекаде, ама на другите се тапа најозбилно, читав 12-13 (онака долгии) мислења и само се смеев, убо ви рече јове ко фифа менаџер да играте, па и формации правите...ако...ке ме терате тимот да го сменам,запирка.
 
Мурињо бара замена за Матераци


Актуелниот италијански шампион Интер деновиве се обидува да обезбеди засилување во одбранбените редови, поради тоа што грото од неговите дефанзивци се повредени и многу веројатно е дека нема да можат да настапат во првите кола од националниот шампионат на Италија.​



Имено, по повредите на колумбискиот интернационалец Иван Кордоба, Романецот Кристијан Киву и Аргентинците Валтер Самјуел и Нелсон Ривас, на листата на повредени се пресели и Марко Матераци. Италијанскиот репрезентативец доживеа повреда на препоните за време на дуелот со Јувентус од мини-турнирот "Трофеј Тим" и според првите проценки на лекарскиот тим, ќе паузира најмалку еден месец. Тоа го остава Аргентинецот Николас Бурдисо како единствен централен дефанзивец кој е сосема здрав на неколку недели пред стартот на "калчото", што отвори потрага за нов квалитетен фудбалер од одбранбената линија.​



"Доколку се повреди и Бурдисо, во игра ќе морам да го пуштам мојот помошник Џузепе Барези", на шега изјави новиот тренер на Интер, Португалецот Жозе Мурињо.​



По средбата на претседателот на клубот, Масимо Морати и спортскиот директор Марко Бранка, беше решено екипата да инвестира во еден нов централен дефанзивец, а засега на врвот на списокот со желби се наоѓа Матео Ферари, кој би можел да дојде преку слободен трансфер откако го раскина договорот со неговиот досегашен клуб Рома.​



Покрај Ферари, интерес од Интер има и за Паоло Ернан Делафиоре од Палермо, Романецот Радои од Стеауа, Бразилецот Тиаго Силва од Флуминенсе, кој во моментов е член на олимписката селекција на "кариоките", како и за Холанѓанецот Рон Влар од екипата на Феенорд.​







Делафиоре е аргентинец и има 23 години (добро засилување)


Тиаго Силва има 29 години (престар)


Рон Влар има 23 години (добро засилување)


Радои има 27 години (стар и скап)​



Мислам дека покрај Ферари, Влаар или Делафиоре би биле одлична инвестиција, иако поима неам како играат :wink:


Има некој информации за играчиве?​
Делафиоре ДО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ БЕШЕ ВО ИНТЕР , НО НЕБЕШЕ ВО ПЛАНОВИТЕ НА РОБЕРО МАНЧИНИ
 
ЗА КОЛКУ СЕЗОНИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ
До крајот на сезоната 2010/2011 ќе игра. 2 месеци после тоа, ќе наполни 37 години. Најверојатно ќе му дадат некоја функција во клубот... Барем така пишува таму.
 
За еден месец треба да се вратат сите одбрамбени па мислам дека не ни треба одбрамбен нека земат некој младинец за тоа време
Кордоба,Самоел,Матераци,Бурдисо,Киву и Ривас се повеќе од доволно

Според мене треба да се продадат 2 напаѓачи и да се купи Кварезма
Денес прецедателот на Порто за Кориеределоспорт изјави дека Бранка бил во Порто и дека очекува понуда и дека може лесно да се заврши операцијата.Даваме по 15 мил за Суазо а за играч како Кварезма плус тоа и 24 год не им се дава а Кварезма е играч кој прави разлика.
Значи уште Кварезма и потоа селедува продажба на некои играчи.

Мислам како што кажа некој претходно Адри и Ибра ке се борат за шпицот кој ке е подобар останува а кој не си оди следна сезона а како што гледам Адриано се враќа во форма а ако ја врати старата форма нема рамен тој.
 
За еден месец треба да се вратат сите одбрамбени па мислам дека не ни треба одбрамбен нека земат некој младинец за тоа време
Кордоба,Самоел,Матераци,Бурдисо,Киву и Ривас се повеќе од доволно

Според мене треба да се продадат 2 напаѓачи и да се купи Кварезма
Денес прецедателот на Порто за Кориеределоспорт изјави дека Бранка бил во Порто и дека очекува понуда и дека може лесно да се заврши операцијата.Даваме по 15 мил за Суазо а за играч како Кварезма плус тоа и 24 год не им се дава а Кварезма е играч кој прави разлика.
Значи уште Кварезма и потоа селедува продажба на некои играчи.

Мислам како што кажа некој претходно Адри и Ибра ке се борат за шпицот кој ке е подобар останува а кој не си оди следна сезона а како што гледам Адриано се враќа во форма а ако ја врати старата форма нема рамен тој.
Па не занам зошто се крева толку прашина кога за новата сезона ќе ги имаме скоро сите дефанзивци на располагање.
Нека го земат Ферари, секако е слободен играч и се е решено.
Сега треба да се концентрираме на Кварезма.. не смее да се испушти ваков играч.

Во шпицот не се потребни Суазо и Креспо. Може да се извадат барем 15 милиони од двајцата па да се употребат како дел од парите за Кварезма. Мислам дека за 25-30 милиони евра Порто ќе го пушти играчот.
 
Абе у Интер дефинитивно треба да дојде Френки Лампард.Видовте каква лекција им одржа денес на овие Милан...абе мајмуни ги направи.Супер играч е типот !!!

una amore eterna!!!!..........TIAMO INTER:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom