Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StormAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Форумџии,да не знае некој како да стигнам до Кисела вода(општината) од Ѓорче 2?(кој автобус треба да фатам,и како да знам кај треба да слезам)
Фала однапред! :)
Мислам дека 5 носи од Ѓорче до Рекорд и после ќе фатиш 24 до Кисела Вода..... знам дека можеш и од Тафталиџе со 24 :)
 
923228_10151454759067424_109967182_n.jpg
 
Мислам дека 5 носи од Ѓорче до Рекорд и после ќе фатиш 24 до Кисела Вода..... знам дека можеш и од Тафталиџе со 24 :)
Правнукот на Инзаги likes this :D.
И еден лајк за тебе што сакаш да им помагаш на луѓето ;)
 
Знае некој дали има јавен автобуски превоз или нешто слично до аеродромот Александар Велики? Или сеуште единствена опција се таксистите?
 
Знае некој дали има јавен автобуски превоз или нешто слично до аеродромот Александар Велики? Или сеуште единствена опција се таксистите?
Има комбе, некогаш автобус. Од вардар експрес.
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=490
имаат распоред на линкот и каде стои.
http://skp.airports.com.mk/BusTransportPopUp.aspx?l=1&t=2
 
Во Скопје треба и ваква фонтана да се прави на плоштадот кај Аце фонтаната
safe_image.php

Поништен тендерот за реконструкција на плоштадот Македонија - Алфа тв

Скопјани ќе почекаат некој месец плус за новата фонтана која треба да „извира“ од плочникот на плоштадот Македонија. Еден месец по отварањето на тендерот за оваа намена, период во кој се проценуваа трите пристигнати понуди, градските власти одлучија да ја повторат постапката наместо да ја закажат очекуваната електронска аукција.

- „ Град Скопје изврши евалуација на трите пристигнати понуди за плоштадот Македонија и утврди дека се несоодветни или неприфатливи и реши да го поништи јавниот повик. Град Скопје повторно ќе распише јавен повик. “ – велат од Град Скопје
Дали е во прашање недостаток на документација или пак едноставно повисоки цени од планироното, од Градот нема објаснување. Нема ниту прецизна дата кога ќе биде распишан новиот тендер, бидејќи претходно треба да поминат неколку законски рокови.
На сега поништениот тендер за нова фонтана, при што беше предвидена и целосна реконструкција на плошадот, понуди доставија три домашни компании. Најмногу пари за зафатите побара Урбан Инвест од Кавадарци, 3 742 000 евра. За нијанска поевтини, со 3 740 000 евра, беа КРИН КГ од Прилеп, а за значително пониска сума за зделката од 2 970 000 евра се понуди гостиварска „Пелагонија“.
Според идејното решение кое го објави „Република“, на плошадот се предвидени 128 површински прскалки, на простор од 15 на 15 метри меѓу Камениот мост и фонтаната на Александар. На голем дел од сегашниот плочник, повторно ќе се стави коцка а во проектот се бара и нови клупи, канделабри и корпи за отпадоци.
 
Скопјани можам ли со ЈСП да стигнам до Матка? Кој број иде до таму?
 
На првите слики-главниот влез на бившата учителска школа,урната 1963 година.
Тука се водеше последната борба за ослободување на градот (14.11 1944 год.)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom