Ако има вил има и грејс, уствари веј. Не сум фан на онлајн букирање јас сум си од старата школа-Паре на рака, Маре за рака. Ќе видиш дали ќе се организира тури за Загреб од Скопје. Ако не ќе се поврзеш со легндарниот газда на автетичниот андерграунд и култен кафич Браво во Скопје (е не у Ла Кења со несфатените), неповторливиот Миле Браво. Он ги има едно два-триста пеесет миљони пати гледано од осамдесет и неќе па наваму. Он дефиинитивно ќе иде. Ако не иде, ќе ти најде начин како да дојдеш до карти и ќе те врзе со луѓе. Буњаковец втори кат. Ask for Mile.
Инаќе Мејден сум ги гледал 2 пати. Две тисучи седма кога беа на турата со албумот A matter of life and death и 2009та кога Гижо ме натера иако нејќев на турата Грејтест Хитс 1980-1989, Somewhere back in time.
Првиот пат од сите мрсни, гнасни, тетовирани, брадосани металчишта само мене бричен и кратко шишан во војничко зелено и уште 4ца најдоа да ме тресат. Пиштол голи. Среќа фул кевити срч не ми правеа. Таман си стигнавме рано се паркиравме пред бина, кога настана една гунгула саат време после, кога ме фати една паника и клаустрофобија па кога сум почнал со лактици да мавам за да обезбедам простор и да се вратам назад. Беше лудило.
Ама вториот пат беше најјако. Бев на некој пресврт во животот со пун курац заебанции и концертот ми беше полн погодок. Јадев во топ ресторанче со најдобра услуга на свет, си упознав металка и ја платив најскапата карта фан пит од 50 јурци, ама за тоа на Брус можев да му кажам-Брусе, дека си бе да еам мама му да еам, чај од Брусница са направих, две гудини не сам та видел. Имаше тип цел грб ама буквално цел грб му беше тетовиран Еди. Почнаа Доктор, Доктор па Черчил спич па на почетниот риф на Ејсес Хај мислам дека Рихтер се помести. Сите хитови, Ран ту д хилс, Пауерслејв, Рајм оф д ејншент маринер, Намбр оф д бист, Халоуд би дат нејм, Ту минетс ту миднајт, Трупер, Ајрон Мејден, еве ја целата листа.
01. Intro: Churchill's Speech
02. Aces High
03. 2 Minutes To Midnight
04. Wrathchild
05. Children of the Damned
06. Phantom of the Opera
07. The Trooper
08. Wasted Years
09. Rime of the Ancient Mariner
10. Powerslave
11. Run To The Hills
12. Fear of the Dark
13. Hallowed Be Thy Name
14. Iron Maiden
——————————————————
15. Number of the Beast
16. The Evil That Men Do
17. Sanctuary
Најмногу ме изненадија со Children of the damned беше задоволство да се чуе. Ја свиреа и Fear of the dark иако не е од хитовите 1980-1989та. И таман помислив дека ќе ја рипнат, на бис ја пееја мојата омилена The evil that men do.
Децо, јас стареам и годините ме одминуваат. Сите се женат, се потешко се наоѓа друштво за клабинг, сите се по некои работи, мрзливи летаргични. Истото ве чека и вас. Затоа, одете док сте млади. Освен од крајно оправдани причини, ниеден клабинг не вреди да се испушти. Затоа што за и не толку далеку од сега кога мажот ви ќе ви хрчи и прди додека спие, двете деца плачат за доење и мењање пелени во 3 сабајле а утре си на работа од 8 а после тоа треба 2 саата да чекаш редишта во банка да отплатиш рата од триесет годишниот кредит за стан, плус струја, вода, телефон, кабловска и кога едвај ќе чекате децата да им ги лупнете на бабите и дедовците, не за да се исклецате конечно како луѓе туку да отспиете од заморот, ништо од минатото нема да остане освен тие убави моменти. Ќе зажалите ако сте ги испуштиле. Не ги прокоцкувајте годините Carpe Juvenis! И пригодна песна по тој повод: