Какви луѓе ве привлекуваат и зошто мислите е тоа? Совршен партнер? Имате?

Член од
18 февруари 2013
Мислења
108
Поени од реакции
146
Физички да е убава, да има убава насмевка, нежен поглед, долга коса. Да не е премногу слаба, ни дебела, некоја средина. Карактерно да е позитивна, забавна, да не е себична, да не е иста како 90 посто од тие што ги познавам. Интелигенцијата исто така ми е важна. За мене мојата девојка е совршена, дури и повеќе од тоа. :love:
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Не сум сигурен дали постои ваква тема, ама сакам да ги слушнам вашите размислувања и одговори на оваа тема и овие прашања...

-Колку вие верувате во пронаоѓање на совршен и идеален партнер/ка?
-Дали верувате во пронаоѓање на „вистинскиот“ или „вистинската“?
-Што претставува за вас совршен/а партнер/ка?
-Што е тоа што ќе го/ја направи да биде совршен/а во вашите очи?
-Што со мааните на партнерот/ката?

За да го скршам мразот, јас лично сметам дека постои некоја за мене која е совршена во моите очи и која ќе стане „вистинската“ за мене (барем сметам дека ја пронајдов по толку долго време :D).
Во глобала, никој не е совршен. Тоа сите го знаеме, ама кога мислам совршена партнерка, мислам на тоа да ги задоволува сите мои погледи околу тоа како треба да изгледа совршена девојка за мене лично.
Девојката карактерно мора да се поклопува со моите основни побарувања. Најчесто ете јас лично барам повлечени девојки кои не се "high in the space", девојки кои имаат солидни размислувања за било какви теми и опуштени девојки со кои можеш да се зафркаваш и да се нашалиш на било каква тема (секако во границите на нормалата), да не пуши цигари, да биде симпатична и убавка (да ме привлекува физички), да има харизма, и да знае искрено да сака.
Мааните на партнерката би ги занемарил, доколку во глобала партнерката поседува барем 80% од основните работи кои ги барам јас лично во една девојка.
Главната работа е да не биде крената, и девојка што е крената нема никакви шанси кај мене.

Што вие мислите? Што е за вас совршен партнер?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Првото прашање е што си ти во хороскоп - Вага - Водолија или рак? Rickyyy

Инаку што се однесува до мене да си одговорам за мене идеална личност не постои бидејќи секогаш постои нешто кое ја прави да не совршена но сепак ако се работи за врска се знае што треба да поседува во себе си да знае да почитува - и да ме цени како личност да знае кога да ми каже доста и да знае кога треба да повлече самата никогаш не сум барал идеална девојка но сепак имам 3-4 основни работи кои ги барам за да можам јас со неа да фукционирам во врска ... веќе ги кажав иако не ми е битна премногу убавината но сепак треба да постои и малце нешто убаво од надворешниот изглед а не да биде како саксија во то тиквата ... си извнување

За јас да имам врска еве што треба се да поседува кои ми се најважни работи на мене

- Да може да ме сфаќа барем во 60 % од работите кои ги кажувам
- Да да ме почитува како личност
- Да биде верна ако ја заслужувам таа верност јас
- Да не биде лигава типка со зборовите леле сонце мое, леле меченце мое убавко, љубов моја ... :sick:
- Да има и некоја машка особина да не биде лигава леле сонце мое не можам јас повеќе да трчам ме боли ова ме боли ина
- Да биде позитивна личност повеќе време да не жали како се нешто ја боли и тн.
- Да знае да прифати и пораз и да признае :icon_lol:
- Да знае да љуби
- Да сака романтични работи
- Да има нешто од спортски тип во нејзе ....
- Да не биде мрзлива
- Да знае барем едни јајца да спржи и да знае еден леб да купи во продавница :icon_mrgr:
- И да имаме барем 10 Заеднички работи во кои заедно ќе уживаме
- И да ме прифати онаков како што сум ...

И тоа засега :) ...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Немој, само не мешајте хороскоп во темава. :icon_lol:

Идеален, совршен партнер/ка уште од старт не може да најдеш... т.е. да си кажеш „е таа е таа!“. За да се стигне до тој степен на совршенство потребно е доста време поминато со партнерот или партнерката и пуно разбирање. Кога ќе почнете да се надоврзувате еден со друг, тек тогаш ќе ве направи и двајцата да сте совршени еден за друг, инаку... ништо.

И оставете вашите барања какви се, сигурно и таа/тој има свои :)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Не постои такво нешто како идеалн партнер/ка. Ќе сфатите дека во животот постои само помалку или повеќе компактибилен партнер. Задача на секој од нас е во животот да пронајде што по компактибилен животен сопатник, се разбира доколку тој лично сака и има желба.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Maaни секогаш има...Секој ги има....Ако го сакам ке го прифатам онаков каков што е...
Совршенството постои само во бајките...Оние со срекен крај...Или јас грешам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom