Делови од крстот на кој е распнат Исус Христос има во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Јас читав една книга каде пишуваше дека Исус е Македонец и дека всушност дошол на Земјата да го продолжи делото на Александар III Македонски:rolleyes: .Разликата била тоа што Бог го пратил Александар да го обедини светот со војна а Исус со збор и љубов(озбилно).Затоа не верувајте на секое срање кое ќе го прочитате
а јас знам пак друго и доста повалидно од ова твоето барем за мене....
Исус Христос наводно е евреин и да баш за тоа е дојден на земјата да го обедини народот.
бидеејќи имал моќ да исцелува рани и такви ствари евреите сакале да го искористат тоа и побарале од него да им ги лечи војниците, како би ги поразиле римјаните во тоа време.
Исус ги одбива ради крвопролевањето и од тие причини тие не го сметаат за нивни бог и до ден денес сеуште го лекаат спасителот.
 
А што, мислиш дека не е?
Па ако Македонија моментално не пресликува рај, не знам што пресликува.

255368_438037136247361_1370131504_n.jpg
 
И не сте докажале дали е вистина крстот на кој бил распнат Исус...
Ќе стои како мистерија или ќе веруваме дека Е крстот?

А и секоја држава православна си тврди дека си има по некој реликт врзан со верата си...
Во Грција или Бугарија или Русија или Србија - нема нешто што припаѓало на Исус - оставено во некој манастир така, да си стои?
Чудно...

Ова треба да се реши...! Не смее да остане нерешно...
 
И јас тоа барам, баш некои слики, ај да почекаме може некои друг член на форумов знае баш повеќе за ова :)

А што е тоа што треба да биде повеќе? Ако веќе се повикуваш на некој извор, тогаш или веруваш или не веруваш во кажаното.

Точно е тоа дека во маснатирот „Св. Јован Бигорски„ има честичка од крстот Христов, тоа ми е кажано на мојата прва посета во манастирот, од монахот-домаќин, пред нашето поклонување пред честичката, а што се однесува до другите наведени манастири, можно е и таму да има честичка од крстот, а за тоа, најдобро можат да посведочат домаќнините од манастирите.

Фотографии од честичката од крстот не очекувај, оти не е допуштено фотографирање во внатрешноста од манастирските цркви, а тие црковни вредности, често се покриени со посребрена заштита и недостапни за окото, а само повремено се откриваат/отвораат.
 
Бизнисот со реликвии е веќе 2 милениуми стар бизнис. Ова со парчето од крстот е класична маркетинг финта, со цел да привлече туристи (локални и странски), да привлече суеверни луѓе склони на реликвизам. Колку повеќе посетители има еден манастир, толку е поголема веројатноста дека некој ќе купи таму некое крстче, иконче, бројаница, света водичка, некоја друга реликвија, книга или сл. Бизнис си е бизнис, па и они мора од нешто да живеат.
 
Бизнисот со реликвии е веќе 2 милениуми стар бизнис. Ова со парчето од крстот е класична маркетинг финта, со цел да привлече туристи (локални и странски), да привлече суеверни луѓе склони на реликвизам. Колку повеќе посетители има еден манастир, толку е поголема веројатноста дека некој ќе купи таму некое крстче, иконче, бројаница, света водичка, некоја друга реликвија, книга или сл. Бизнис си е бизнис, па и они мора од нешто да живеат.
Гарант има некое крајно извртено толкување на некој сосема матен и небулозен стих од Библијата која го подржува и оправдува ова однесување. :)
 
Исус бил Македонец, не знам што е проблемот.
 
Исус Христус Македонец Бабата на Шакира Македонка Снајдер фудбалерот Македонец Никола Тесла и тој Македонец Ријана по некое потекло си има Македонска крв и многу други почнува страв да ме фаќа сите Македонци пичку матер.Ебате беља за нас сите се Македонци што е работа со луѓево појма немам.Кој прост народ сме е чудо.Исти случај и репрезентацијата кога игра уште не е почната коментарот одма лае ИДЕМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ И АКО ПРОЈДЕМЕ СИГУРНО СМЕ ПРВАЦИ а уште прво коло.Не зборите глупости ке ни се смејат катастрофа
 
Во светот има неколку свети копја со кој е прободен Исус, има над 30 шајки со кој е закован на крст, има мислам околу 30 свети покрови (најпознат е торинскиот) со кој беше завиткано телото, има и неколку венци... а ако се соберат на едно место сите парчиња од крстот на кој бил распнат - то ќе тежи неколку тона. Во еден манастир во Австрија дури било чувано и шишенце со млекото на Богородица. Едно време беше многу добар бизнис тој со релквиите па светото бил проплавен со ковчиња, платна, метал и дрво со сомнително потекло.
А пронаоѓањето на крстот од Елена е легенда не вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom