Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
не ми се верува какви ствари читам...најдобриот напаѓач на сите времиња ќе го истуркаме на крило за да не негово место ставиме некој 20 годишен мрсулко од бразил...СВАШТА !!!
 
не ми се верува какви ствари читам...најдобриот напаѓач на сите времиња ќе го истуркаме на крило за да не негово место ставиме некој 20 годишен мрсулко од бразил...СВАШТА !!!

Нема потреба да го туркате било каде, дадете го на Баерн.Тие ќе му најдат соодветна позиција.
 
Со кој ум го бркате Адриано, не ми се верува. :facepalm:
Тие кои треба да си заминат од тимот се: Валдес, Пике, Педро и Санчез. Можеби и Виља.
На нивно место треба да се донесат: голман, 2ца одбранбени и 2ца напаѓачи.
Е, сега проблемот е што имаме неспособна управа која не може да донесе 5 играчи во еден преоден рок.

Да направиме една проста математика, колку пари би земале од тие играчи и колку пари се потребни за да се купат новите засилувања.
Вака би ги проценил играчите кои сакам да си одат:
Валдес - 10 милиони
Пике - 20 милиони
Санчез - 15 милиони
Педро - 15 милиони

Тоа ти се минимум 60 милиони евра од овие 4ца играчи. Доколку бидат храбри и одлучни, и ги продадат 'греачите на клупа' С.Роберто, ЏДС, Фонтас, Кркич и Афелај, од нив можат да се извадат минимум 20 милиони.

Треба да купиме:
Голман - 25 милиони
Стопер1 - 25 милиони
Стопер2 - 25 милиони
Напад1 - 40 милиони
Напад2 - 30 милиони

Значи, треба да дадеме 145 милиони евра за засилување, ама бидејќи земаме 60милиони од продадените играчи, за трансфери потребни ни се не повеќе од 85 милиони евра. Доколку ги продадат и греачите на клупа, за трансфери и реконструкција на тимот летово, потребни ни се помалку од 65 милиони евра.
 
Доколку бидат храбри и одлучни, и ги продадат 'греачите на клупа' С.Роберто, ЏДС, Фонтас, Кркич и Афелај,
Овие летаат 100%. Имаше пред некое време сторија на СПОРТ во која пишуваше дека моментално во првиот тим на Барца има 32-33 фудбалери. Тито направил план од моменталните 32-33 да се намали бројот на 21-23 фудбалери. Ако земеме во предвид дека сигурно ке се потпушат 3-4 нови тоа значи дека најмалку 15 фудбалери ќе го напуштат клубот на лето на овој или оној начин !
 
Адриано нема утакмица да не се повреди, за што ќе ни е тој. Еден Пато го избрка од Милан ради повреди а не пак Адриано. И што очекувате вие од Пике кога цела сезона игра без партнер. Не може он и својот дел и оној на Бартра да го чува. Нека дојде Хумелс па ќе го видите и Пике.
 
Пике и Педро не си идат.
Виља и Валдес само ќе си заминат оваа сезона. Место нив голман, Хумелс и Нејмар и толку.
Јас би го шитнал и Адриано, затоа што секоја утакмица се повредува. Може Грималдо полека да се вклучува во прв тим, затоа што се работи за огромен талент.
 
Добро бе ЧЕ и ти со кој памет сакаш да го продадеме Пике. Вистина е дека не беше на висина на неговата задача ама имаме стар Пујол и Маскерано кој според мене нема висина за ЦБ.
Пике ако има конкуренција ќе игра многу подобро, освен тоа целиот тим не играше според очекувањата.

Ако земеме двајца одбранбени играчи, тогаш тој кој треба да замине е Маскерано!
 
Педро едноставно не можам да го поднесам, еден продор не памтам од него последните 2 години. Кога трча со тие раширените раце ми доаѓа низ ТВ да му влезам.
 
Зошто да не се продаде Педро. Веројатно може да се земе солидна пара за него а тој е лесно заменлив. Да не заборавиме и Далуфелу можеби ке биде префлен во прв тим од наредната сезона така да од овие побитниве јас би се откажал од Валдес, Абидал, Педро, Виља, (во зависност од тоа колку играчи ќе се донесат можеби и од Санчез и Маскерано)
 
Според мене најголем проблем е Фабрегас.Дечкото е одличен играч неверојатна техника, визија, пас но едноставно не се вклопува во оваа екипа на Барса,кога Пеп по чие инсистирање беше доведен не го вклопи во системот и сакаше да го продаде уште после првата сезона Тито сигурно нема да му ја најде позицијата ниту пак некој трет ако дојде, едноставно не се вклопува човекот,нема место за таков тип на играч во фомацијата на Барса,тоа е!Целата екипа страда само ради еден играч,више не се знае кој што и каде игра,само некои рокади и смени на позиции а тоа нормално како што бива се одрази на тимската игра и у последно време играчите делуваат како прв пат да играат заедно.А нешто што највише ме плаши е тоа што веќе нема хемија помеѓу Чави и Иниеста кој највише страда.

Мое мослење:да се продаде Цеск и Алексис да се среди одбраната и да дојде Нејмар да игра на позицијата од Санчез.
 
Пике и Валдес да не беа Каталонци и да не потекнуваа од Ла Масија, ќе играа во Сарагоса или Мајорка. ;)
 
Los-cuatro-jugadores-que-mas-s_54373087614_54115221155_600_244.jpg
Доволно се:vozbud:
 
Џабе се сите желби кои ние ги имаме. Самиот Тито изјави дека нема да има големи промени. Очекувам да дојде Нејмар, штопер и евентуално голман. Се друго е научна фантастика. Со оглед на тоа што Росељ е тип на човек што не фрла кеш, евентуална проджаба на Санчез или Виља би значело пренасочување на тие пари кон затварање на долгот. Тоа ќе го користи како еден од аргументите во барање на доверба за уште еден мандат. Вториот аргумент ќе му биде носењето на Нејмар, како млад талент погоден за Барса.
Пике и Педро, не верувам дека ќе бидат продадени. Пике беше доведен како дете на Масија во проектот на Лапорта за враќање на сите кои ја напуштиле. Истиот проект го продолжи Росељ со Фабрегас, за кого не верувам дека ќе си оди. Факт е дека Фабре е во променлива форма и кога треба да даде највеќе него го нема, но најмалку е фер целиот неуспех да биде препишан на него.
Педро е во тапа форма, игра континиурано веќе трета год ако не се лажам. Потребно е негова замена со Тељо. Вториов мора да добие повеќе шанса, веќе има собрано и искуство и испечен е. Со самото давање на шанса на Тељо, формата на Педро ќе се поправа и ќе има конкуренција.
Заборавете на оставка на Тито, доаѓање на Јуп (кој најави по крајот на сезоната дека ќе се пензионира), доаѓање на Кројф.
Тито има кредит кај Росељ. Евентуален негов отказ, би значел и индиректно признавање дека одлуката за поставување на Тито како замена за Пеп, која ја донел Росељ била погрешна. Тоа значи намалена доверба и помалку шанси за него како кандидат на втор мандат. А проблемите и тоа како ги има.
И со кој памет барате да си одат Пујол и Чави. Свесни сте дека го губиме мотиваторот и моторот на екипата? Пујол како замена на Пике и нов штопер би бил супер решение. Факт е дека Чави е преморен, игра долго време, освои се, даде голема подршка, но Чави го има искуството и знаењето од кого мора уште да учат.
Оставате работите да се оладат и смират, Барселона владее долго време, но падот некогаш е сосема нормален и дел од фудбалот. :)
 
Само заради тоа што функционираме како дом за згрижување, во тимот ги имаме Педро и Санчез, и најверојатно ќе ги имаме за наредната сезона. :facepalm: Фала му на Педро за се што направил за Барса, Санчез не ни направил нешто посебно по што ќе го паметиме. Дресот на Барселона ќе го носат само оние кои ќе го заслужат. Имало во историјата и други играчи кои можеби требало да добијат втора шанса, ама не ја добиле. Така и Санчез, нека си се врати во Италија. Педро, кој к*р дека е од школата, кога веќе трета сезона е дупка. Затоа велам дека треба да се донесат ДВАЈЦА напаѓачи(посебно за десната крилна позиција), а не еден. Реално, освен Меси ниеден друг напаѓач не заслужува да игра прв тим. Тељо и Деулофеу се добри, ама и двајцата се ЛЕВИ крилни напаѓачи, плус рано им е и на двајцата за во прв тим. На десно крило освен Педро и Санчез, друг играч и немаме. А и двајцата се големи дупки, така да ни треба едно десно крило.

Ако си идат Педро и Санчез(и евентуално Виља), мора да донесеме 2ца напаѓачи. Претпоставуваме дека едниот е Нејмар. Тој ќе биде нашето решение за левата крилна позиција. Во шпицот го имаме Меси. Кој да игра на десната страна? Имам неколку предлози:
-Николас Гаитан од Бенфика
-Хесус Навас од Севиља
-Маџо од Наполи(овој е стар, има веќе 31 год. и не е долгорочно решение)
-Иско од Малага

Овие тројца се возможни, сега да искажам некои мои желби кои се потешко возможни:
-Волкот
-Лукас Моура
-Ројс
 
Гледам сте направиле милион комбинации кој треба да си оди, кој не, кој треба да дојде кој не, така да очигледно нема потреба и јас да пишувам за тоа. Јас ќе кажам нешто друго:
1. Ова што се случи е срамота.
2. Требаше да се случи нешто вакво за да има голема активност овде во фан клубов :)
3. Реков уште после првиот натпревар дека голема империја (спортска, политичка, воена) обично бива уништена со голема катастрофа
4. Ова сигурно доволно ја разниша екипата, само да се приберат и да ја осигураат титулата во Ла Лига за да и таму не јадат срам.
5. Очигледно болеста на Тито си го зеде данокот во смисла негова фокусираност на играта и тактиките. Ако остане и наредната сезона ќе видиме дали било само до болеста или пак толку му се можностите како тренер.
6. Летово ќе видиме колку и што, ако воопшто нешто се смени и како тоа ќе влијае на екипата, играта и конкурентноста во Ла Лига и ЛШ.
7. Да ја осигураме Ла Лига и за мене ова ќе биде сосема добра сезона (со исклочок на срамот во 1/2 финалето на ЛШ)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom