Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Да имаше уште 2 круга ќе правевме олимпијада.
 
Кога веќе збориме за финансиите...

Досега се 207мил. ама тука не спаѓаат некои наредни проекти (фасада на влада итн.) и како и некои од објектите кои се во изградба - водовод и тоа до него. Со сите овие ствари се доаѓа до сума помала од 300мил. евра

Ова беше постирано на фб, нормално нз дали е автенитично ама сепак: https://docs.google.com/file/d/0B5kDvDRKfA81Mm4zRjNGNVhFTnM/edit?pli=1
 
Овој сто пати подобра работа ќе завршел од квази-уметници од Италија. :)

Талентираниот самоук вајар Мартин Десподовски (22), попознат како Чолич, од гипс прави вистински ремек дела.

Статуи, слики и најразлични предмети од гипс изработени со многу љубов и трпение, есенва ќе бидат изложени пред пошироката јавност на неговата прва самостојна изложба во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Мартин, талентот кон уметноста го открил уште во основното училиште, а последните три години се посветува на вајарството. Првото дело кое што го создал е машка фигура, а негова желба е да изработи макета на споменикот Зебарњак. Многу знаење и техники научил од архителтот и вајар Зоран Илиев-Роџер, кај кого работел на изработка на скулптурите на сегашен ресторан Јана, на влезот во Скопје.
martin-statua.JPG

- Поинтензивно работам од 2010 година и тогаш сфатив дека сакам вајарството да биде моја професионална определба. Имам инспирација и идеи за нови дела и тоа ми дава потик за натамошната надградба. Во моментот предизвик ми е да направам макета на споменикот Зебарњак како што некогаш изгледал. Ќе се обидам да направам нешто што никој до сега не направил. Ќе ми треба многу време и труд, бидејќи има многу работа и детали, но не се откажувам од идејата. - вели Мартин.​
Тој вели дека талентот му е дарба од Бога, бидејќи нема професионална наобразба во уметноста. Тврди дека работата со гипс бара многу концентрација и трпение, а пред се љубов и талент. Некои фигури ги обликува за половина час, а други бараат ангажман од пет часа на ден. Гипсот за лиење, скалпелот, линолеумското ноже се алатки и средства со кои ги обликува, разубавува и дооформува своите уметнички дела.
- Прво создадам сопствена слика во главата пред да почнам да работам. Тоа не го ставам на хартија, туку мојата замисла ја пренесувам дирекно на гипсот. Правам грубата фигура, потоа следува доработката до ситни детали како што се облини, коса, очи, ако се работи на скулптура. Тоа е најтешкиот дел од работата, бара многу концентрација и кога работам ми треба апсолутна тишина. Откао ќе го завршам делото го премачкувам со специјални бои. Користам и златна прашина што е особено скапа и може да се купи само во рудници. Златната прашина се меша со лак и потоа не се вади, може дури и да се мие, нема да се оштети. За релјефни фигури има посебни техники, некои делови треба да се потемни - додава Мартин.​
martin-gips-m12.jpg

Мартин избрал да работи со гипс, бидејќи е лесен за обработка и за корекција на делата доколку дојде до одронување. Во неговото импровизирано атеље во населбата Карпош, моментално работи на изработка на нови дела кои ќе ги презентира пред кумановската публика. Планира на почетокот на наредната година да направи и продажна изложба, а сретствата да ги донира во хумани цели.
Мартин започнал аматерски да се занимава со вајарство, но планира во иднина да го надоградува своето образование и способности за да стане врвен уметник.

--- надополнето: 22 април 2013 во 23:09 ---
Кога сме веќе кај статуи .. :)
 
абе са б'лгарин, торчин, македонец.. виа ги разбирате теа работи, кој как'в... аз изказвам мение.. историческите забележителности са во чаира... и аз бех с оште 10 човека... секи остави по нај-малко 100 евро там...
какво да гледам на останолото скопие? H&M?
знам че като ви закарат во скопие от школото ви карат во молот хаха
нај-голема забележителност изван чаира е рамстор мол хахахах
 
Ferstehen Sie nicht....

Инаку на фб, објавена е биографијата на скулпторката Валентина Стефановска, пред „проектов“...не дека претходно не беше познато, ама ете и официјално....

44437_10200939845848176_1396777218_n.jpg
 
Извинете, панорамското тркало кај треба да го начукаат уствари?
 
gahan зошто само бела површина е прикажана?Дај види одново прикачи ја сликата...
 
gahan зошто само бела површина е прикажана?Дај види одново прикачи ја сликата...
Тоа е и поентата....извинување ако предизвика забуна....
 
Извинете, панорамското тркало кај треба да го начукаат уствари?

"Панорамското тркало треба да биде изградено на нов пешачки мост, а со него во наредните 35 години ќе стопанисува приватен концесионер."
 
Извинете, панорамското тркало кај треба да го начукаат уствари?


Приватен инвеститор ќе го гради панорамското тркало кое ќе биде лоцирано на нов пешачки мост. Инвеститорот со тркалото ќе стопанисува 35 години.
Најновата верзија на планот за „Мал ринг“, кој е ставен на увид на јавноста, предвидува панорамското тркало наместо кај МЕПСО да биде на нов пешачки мост, кој се планира да се гради помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар од една страна и зградата на МЕПСО од друга.
Предлогот за соинвеститорство ќе се разгледува в среда, на следната седница на Советот на градското Собрание.
Идејното решение за изгледот на панорамското шеесетметарско тркало е дело на австриски архитекти, од архитектонтската фирма „Масабни архитектс ГмбХ“ (Massabni architects GmbH), кои се и автори на фасадата на хотелот „Мериот“ што се гради на градскиот плоштад.


panoramsko_trkalo-e1351355784423.jpg

plusinfo.mk

Уште еден ролеркостер ни фали за комплетно фијаско, па конечно да ја заокружиме оваа циркузијада. Се надевам само на ескалација на револтот кај граѓаните на Центар и дека ќе може да се преземе нешто околу дислоцирањето. Наспроти оние со размислување дека битно ќе имаме "туристи" од село Брждани кои ќе дојдат на два дена во Скопје да си се сликнат на дизниленд реквизитиве и биле дел од скопската сензација и фела.
 
Ferstehen Sie nicht....

пише се "Verstehen Sie nicht" с V ne s F ха ха ха после аз ништо не сам разбирал ха ха ха те не могат да пишат аз не сам разбирал ха ха хааа
шо се п'неш чак на немски да пишиш ха ха ха
 
ха ха ха....зборувај македонски ако сакаш некој да те есапи.....сеа јасно ти е? ха ха ха
ха ха ха
ха ха ха
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom