Иако проектот првично беше планиран со 80 милиони евра, денес, според министерката Елизабета тој чини 207 милиони евра од кои 40 милиони се ДДВ, па буџетот е олеснет за 167 милиони евра што е за 87 милиони евра, или повеќе од 2 пати, поголема сума од предвидената. Според неа, проектот навистина чини 80 милиони евра, ама во меѓувреме им искрснале некои непредвидени работи, т.е. уште еден куп споменици. Тие споменици, како што кажува она, не се дел од проектот Скопје 2014, што значи дека воопшто не ни постоеле во програмата за која гласал народот на предходните локални избори. Значи, не постои легитимност со која тие ќе го правдаат поставувањето на добар дел од спомениците. Не е ни чудо што денес Центар има друг градоначалник.
Градежниот сектор ПРИВРЕМЕНО бележи раст од 3.6%, а се вработени и повеќе лица во тој сектор. Прашањето е што ќе биде со нив откако проектот ќе се финализира?