Овој сто пати подобра работа ќе завршел од квази-уметници од Италија.
Талентираниот самоук вајар Мартин Десподовски (22), попознат како Чолич, од гипс прави вистински ремек дела.

Статуи, слики и најразлични предмети од гипс изработени со многу љубов и трпение, есенва ќе бидат изложени пред пошироката јавност на неговата прва самостојна изложба во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Мартин, талентот кон уметноста го открил уште во основното училиште, а последните три години се посветува на вајарството. Првото дело кое што го создал е машка фигура, а негова желба е да изработи макета на споменикот Зебарњак. Многу знаење и техники научил од архителтот и вајар Зоран Илиев-Роџер, кај кого работел на изработка на скулптурите на сегашен ресторан Јана, на влезот во Скопје.
- Поинтензивно работам од 2010 година и тогаш сфатив дека сакам вајарството да биде моја професионална определба. Имам инспирација и идеи за нови дела и тоа ми дава потик за натамошната надградба. Во моментот предизвик ми е да направам макета на споменикот Зебарњак како што некогаш изгледал. Ќе се обидам да направам нешто што никој до сега не направил. Ќе ми треба многу време и труд, бидејќи има многу работа и детали, но не се откажувам од идејата. - вели Мартин.
Тој вели дека талентот му е дарба од Бога, бидејќи нема професионална наобразба во уметноста. Тврди дека работата со гипс бара многу концентрација и трпение, а пред се љубов и талент. Некои фигури ги обликува за половина час, а други бараат ангажман од пет часа на ден. Гипсот за лиење, скалпелот, линолеумското ноже се алатки и средства со кои ги обликува, разубавува и дооформува своите уметнички дела.
- Прво создадам сопствена слика во главата пред да почнам да работам. Тоа не го ставам на хартија, туку мојата замисла ја пренесувам дирекно на гипсот. Правам грубата фигура, потоа следува доработката до ситни детали како што се облини, коса, очи, ако се работи на скулптура. Тоа е најтешкиот дел од работата, бара многу концентрација и кога работам ми треба апсолутна тишина. Откао ќе го завршам делото го премачкувам со специјални бои. Користам и златна прашина што е особено скапа и може да се купи само во рудници. Златната прашина се меша со лак и потоа не се вади, може дури и да се мие, нема да се оштети. За релјефни фигури има посебни техники, некои делови треба да се потемни - додава Мартин.
Мартин избрал да работи со гипс, бидејќи е лесен за обработка и за корекција на делата доколку дојде до одронување. Во неговото импровизирано атеље во населбата Карпош, моментално работи на изработка на нови дела кои ќе ги презентира пред кумановската публика. Планира на почетокот на наредната година да направи и продажна изложба, а сретствата да ги донира во хумани цели.
Мартин започнал аматерски да се занимава со вајарство, но планира во иднина да го надоградува своето образование и способности за да стане врвен уметник.
--- надополнето: 22 април 2013 во 23:09 ---
Кога сме веќе кај статуи ..
