Првпат можеби, нешто да се очекуваше, да го знаевме однапред. Малку клише би рекол, ама беше јасно дека Калиси ќе го запали градот и дека ќе го убие наивниот, што мислеше дека не разбира Валириски.
Моќно на крај, сепак. Морам да признаам. Сета војска, толку патешествија, мислам дека отсега Калиси почнува со борбата за тронот. Плус двајца искусни борци до неа, три змејови, огромна војска, послушна, силна. Моментално Калиси е рамо до рамо со Ланинстерови и Старкови.
Имаше добри моменти. Ете, првпат се појави така повпечатиливо и Берик, малку сменет, ме интересира како ќе се развива ликот. Толку од Кучето, ќе си заврши со неговото, а и редно е.
Интересно е и тоа како режисерот игра со нас. Прво, го мразиме сите Џејми, поради она со Брен, поради Нед и другите гадости. За да сега, сигурен сум дека сите го жалевме поради тоа што остана без рака и поради неговиот муабет дека сака да умре. Беспомошен, без сила.
И се си мислам дека Бриен ќе се заљуби во него, или нешто во тој стил, па ќе му помогне индиректно или непосредно, ќе го ослободи, врати дома.
Слично нешто пробуваат и со Теон, ама копилето има антипатична фаца, така што не го жалам ич. Иако кога кажа дека имал само еден татко, а тоа е Нед, кога се покаја, сигурно дека во себе си рековте дека би му простиле.
Арно ама, ако умре Теон, никому нема да фали, а Џејми е таков лик, што мора да остане уште некое време во серијава.
Друго, ме накурчија што го убија Мормонт, старчето мое омилено. Замина Џон факинг Сноу и одма почнаа да се јачаат, претходно ќутеа ко пизди. Кога сум кај Сноу, мене ми е еден од топ 3 омилени ликови во серијава. Сериозно. Прикажан е одлично, храбар, млад, помалку и мистериозен, добар борец, ладен. Нешто големо очекувам од него. Можеби е малку нереално, ама навивам некако, по некоја случајност, да завршат заедно Калиси и Сноу. Онака баш одговараат
Мајџори е опасна кучка, мислам дека Санса не треба да и верува, ги манипулира сите. Штом инцесоидното створење го омекна, да не правам муабет за другите. Керсеи почна да се плаши од неа. Женска конкуренција, ми лајк ит. Плус сум и за бич фајт!
Во иднина ќе биде уште подобро. Роб ваљда ќе се опорави, ќе тргне конечно да удри на Ланинстерови, Калиси оди да ги испоубие сите, ко Брус Ли на времето, а и Станис ќе се рехабилитира. Сите прво сакаат да ги уништат Ланинстерови, ме интересира како ќе се справат со тоа. Ни див оган нема да им помогне.
Имаше и комични моменти. Кога се опростуваа од тој од Ноќната стража, Мормонт нешто брбља, па не му текињаше од кој град потекнувал покојников, па доби суфлирање од овој со косицата.
Истиот тој после прокоментира: - Не знаев овој дека мирисал толку добро.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)