Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не разбирам каква потреба имате да влегувате во темата без да ја изгледате епизодата. Изгледај си ја па после дојди, читај.
 
Многу добра епизода, посебно крајот! Иако не сум многу голем фан на Денерис, морам да признаам дека ова беше една од најдобрите сцени во цела серија.

Исто така многу ми се допадна новиот Берик и неговиот " We are ghosts... " говор. И Торос беше супер. Тие двајца глумци ми ја прават приказната на Арја многу поинтересна.


Јас се разочарав од ѕидарине, ги мислев за поинакви.
Не требаше да се изненадиш. Скоро сите членови на ноќната стража се испратени таму по казна. Раст, тој што го уби Мормонт, беше силувач. Другите се убијци, крадци...најлошиот вид криминалци.

Сепак има некои кои се добри луѓе. Некои воопшто не беа мешани во убиството на Мормонт, како Сем, Ед и Грен. Ама за жал, таквите се малку.
 
Ах каква епизода. Се наежив на некои сцени и дијалози што ги чекам со години да ги слушнам и видам на ТВ!

Една од поомилените сцени во оваа епизода ми беше интимната приказна што Varys му ја раскажува на Tyrion за дента кога станал евнух. Varys е многу интересен лик, права бубашваба. Многу е јака симболиката на целата таа сцена. Jaime, Varys, Joffrey, Theon, The Hound, сите одлични епизодава.

Понатаму одлично се погодени актерите за Olenna Tyrell и Tywin Lannisters, толку добро ги играат што би ги гледал нивните сцени на repeat по цел ден. Бабата на најбогатата фамилија во Westeros а на спротивната страна дедото на една од најмоќните и највлијателните кралски куќи. Два премногу слични ликови кои се карактеризираат со трпеливост, итрина и огромна моќ (не мора да парадираат како Joffrey и да ја покажуваат својата сила). Tywin со поглед убива а пак Olenna со нејзиниот поган јазик! :D

Крајот иако знаев што точно ќе се случи искрено ме остави без зборови како сето тоа беше изведено. Goose bumps.

И на крај морам да го спомнам мојот омилен лик Dolorous Edd, или еден од омилените ако сакате, серијата има десетици одлични ликови и тешко е да се одбере еден. "Never knew Bannen could smell so good". Неможе да не го сака човек. Ако некој го интересира може на Google да ги најде сите негови цитати, но можеби не се толку смешни како во книгите вака извадени од контекст. Мене ми е ептен фаца. :)

dolorous-edd.jpg
 
Ало дечки, сакате заради торенти бан да си кркате? Не научивте дека не смеат торенти да се објавуваат?

Инаку никој не спомна, а заборавив и јас. Теон ама го зафркнаа. :eek: И пак немам поим кој го киднапира, ама повеќе хинтови очекувам овие епизоди.
 
Инаку никој не спомна, а заборавив и јас. Теон ама го зафркнаа. :eek: И пак немам поим кој го киднапира, ама повеќе хинтови очекувам овие епизоди.
Претпоставувам луѓето од Старк го имаат киднапирано за да дознаат дали децава се убиени. Но исто така можно е и некои непријатели на Старк да се замешани.
 
Да бе шо му е финтата на тој што го заеба Теон?

Не, озбилно, фали уште да ви напишат со фонт 200 на цел екран кој го киднапирал Теон. Повеќе хинтови да дадат и смешно ќе излезе.
 
Во серијава горе-долу сите приказни се интересни за следење. Има подинамични и помонотони но сепак интересни. Ама морам да признам дека единствено досадна, онака убер досадна ми е приказната со Роб Старк.
 
Иначе цело време очекував Калиси да му каже нешто во стил "Who is the bitch now, bitch?" :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom