Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ми беше поентата да отварам нова калчополи дискусија :D

Него стварно пред отказ е Страмачиони?
Личеше на перспективен тренер ама го сјебаа од горе..

Бенитез или Гасперини ќе биде следниот избор?
Може да пробате и со Чиро Ферара XD
И јас така нешто прочитав само се надевам дека нема тоа да се случи. Зошто? Затоа што и свети Мурињо да беше последниве неколку утакмици не не оправаше, 70% од тимот е повреден, згора на тоа во лоша форма се. Видете го вчера составот и кој на која позиција играше, само луд би очекувал поволен резултат. Штета би било доколку Страма го изеде стапот во ваков сплет на околности, не дека е тренериште ама треба да му се даде шанса и следната сезона, барем на почетокот, со потсреден тим и пред се без шугавата ЛЕ.
 
Еј овие јувенташиве ако не те насмеат нема кој..
32vAm0o.gif
 
Се жалеше Морати кај судиите за вчерашниот натпревар?
 
Шо збориш бе :pos: Од каде констатацијава објасни ми? Ти се потеше шупчето кога ве треснавме од земја среде Торино и кога ви дојдовме на два бода, а сеа ја начека ситуацијава па плукај по што стигнеш. Интер нема мизерна сезона, Интер има мизерна полусезона, т.е. од Декември навака се е катастрофа. Тука влијаеа доста фактори како на пример продажбата на Снајдер, повредата на Милито, повредите и на останатите клучни првотимци, купувањето на Индијанци како Скелото, лошата трансфер политика на Морати и пред се на шупакот Бранка итн.
Предмет на ремет сме не викам не, ужасно играат, ужасни се во секој поглед али кога реметиш прави го тоа како што треба а не со излитени фрази и трескање зелени.
И да, честито на фановите на Рома, апсолутено заслужен пролаз даље, со среќа во финалето. Лично јас не сакав Интер да влезе во финале, така ќе требаше пак да играме Лига Европа, ради ова смрдливо и гнасно натпреварување пола тим е сега повреден. Од следната сезона без Европа без додатни оптеретувања вторник, среда или четврток нека пробаат да изборат што подобар пласман на табелата, за титула многу тешко, не се средуваат преку ноќ работите.
Размислив два пати пред да го пуштам коментаров, токму поради очекуваните реакции, ама сепак го пуштив со надеж дека нема да се закачи некој. Пишав и пред некое време за тоа, а верувај џабе е сега да те убедувам кога не сум бил тука кога играа Јуве-Интер. Многу ми е мака сега што тогаш не сум бил член, бидејќи да бев, верувај многу логика ќе најдеше во мојот пост.

После Јуве-Интер, кога другарите ме зафркаваа, јас кој вообичаено често се нервирам за Јуве, бев многу смирен тогаш. Им реков само за Интер ќе зборуваме за еден месец. Сакаш верувај, сакаш не верувај. Следното коло со Аталанта, тој натпревар ми беше најсигурен кец што некогаш сум мислел дека ќе излезе. Наречи го интуиција или било што, јас бев на мислењето дека тогашната навидум добра состојба на Интер, беше лажна, односно нереална. Тоа го мислев, не бидејќи имам натприродни моќи :D, туку токму поради играта на Интер. Победите против Катанија(2-0) и Сампдорија(3-2) кои пред некое време ги споменав, се карактеристичен пример за лошата игра на Интер и кога победуваше. Се разбира 3те бода одат кон тој што победил, но јас мислев дека не може да се победува секогаш со неубедлива игра. Токму поради тоа, претпоставував дека Интер ќе падне кога-тогаш. Да те потсетам само колку пати Ханданович ве спаси и тоа со неверојатни одбрани, кога победувавте. Голманот за тоа стои таму, ама Интер дозволуваше преголем број на шанси на противниците, за да се провлече со тоа на подолг рок. Врв беше победата на Интер на Јувентус стадионот. Кога го видов Страмачони пред новинарите и на пресот, летнат во облаци, како веќе да освоил, без да размисли дека има уште 30 натпревари до крајот, едноставно мојата интуиција ми рече дека тука е крајот на Интер и дека ќе оди надолу од тогаш натаму. Верувај ми, тој пораз од Интер, за Јуве беше најдоброто нешто што може да се случи, за играчите да слегнат на земја и да не заборават да играат. Додека, самиот Страмачони, пред некое време победата на Јувентус стадионот, ја нарече "проклета".
Бадијала, сега да ти го кажувам ова, кога тогаш не бев член, ама да се надоврзам на муабетот, зошто мислам дека Интер и кога победуваше играше лошо. За разлика, Рома кога победуваше, беше многу убедлива и со доста течна и убава игра, ги потопуваше противниците. Земи го првиот натпревар меѓу Интер и Рома за да видиш за што зборувам.

Може слободно да се тешите навивачите на Интер, дека поради повреди, судии, несреќа и слично паднавте многу, но јас ќе ви кажам дека тоа е поради тоа што кога победувавте на почетокот, ги испруживте нозете, повеќе отколку што ви е долга чергата. Со тоа пред се мислам на вашиот тренер, кој мислеше дека го освоил светот, кога го победи Јуве, а не виде дека тој резултат во секој случај ќе беше краткорочен. Можеби тогаш да не летнеше толку високо, Интер ќе извадеше подобри резултати, ама така потона целосно.
 
Земан нов тренер на Интер?


Претседателот на Интер, Масимо Морати, подготвува големо изненадување за почетокот на новата сезона, тврди „Спортмедиасет“, тренерската клупа ќе му ја довери на Зденек Земан. Откако „нероаѕурите“ доживеаја фијаско оваа сезона, а јасно е дека Морати не може да го врати назад Жозе Мурињо, тој сака стратег со цврста рака кој ќе го врати тимот на победничките патеки.
Покрај именувањето на нов тренер, Масимо Морати, како што најавуваат италијанските медиуми, планира и делумно реновирање на тимот и ангажман на неколкумина нови квалитетни фудбалери. Навивачите на Интер апсолутно не се задоволни со резултатите на Андреа Страмачони и сегашниот состав на „нероаѕурите“, па промените очигледно се повеќе од потребни.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=16574

Не ми се верува ова, ама ако бидне ќе биде весело другата сезона во Интер
 
Абе факт е дека Интер се мизерија, ама не можеш да ме убедиш дека тепале со неубава игра или на мускули. Ти реков, кога тимот беше комплетен бележеа добри резултати, кога настапија повредите и непотребните трансфери све се сруши како кула од карти. Не знам јас ти што си предвидувал и како си предвидувал, али сеа не ме терај да барам утакмици каде што Јуве не поминал половина што се вика а победил. И Реал и Барса знаат да победат со анемична игра па никому ништо. А Рома една убава игра што прикажа и што забележа убедливи победи што да ти расправам, со Земан по 3 гола у просек примаа, не ме заебавај жити мене.
 
Уште Зденко им фали... тој како што љуби да игра во напаѓачка формација, има Интер да дава по 3 гола на натпревар, а да прима по 6.
 
Од нова година навака одбраната на Интер е каша попара.. Замисли го Земан наредна сезона + оваа одбрана на Интер .. Па тоа ќе бидат утакмици за мелем на душата за навивачите анти-интер :icon_lol:
 
Абе факт е дека Интер се мизерија, ама не можеш да ме убедиш дека тепале со неубава игра или на мускули. Ти реков, кога тимот беше комплетен бележеа добри резултати, кога настапија повредите и непотребните трансфери све се сруши како кула од карти. Не знам јас ти што си предвидувал и како си предвидувал, али сеа не ме терај да барам утакмици каде што Јуве не поминал половина што се вика а победил. И Реал и Барса знаат да победат со анемична игра па никому ништо. А Рома една убава игра што прикажа и што забележа убедливи победи што да ти расправам, со Земан по 3 гола у просек примаа, не ме заебавај жити мене.
Овде е целата поента. Јуве за да стигне да победува и тогаш кога играше лошо, прво мораше да не победува и тогаш кога играше одлично. Значи за еден тим да израсне карактерно и да успева да победува и кога игра лошо, прво треба да помине низ процес каде што ќе игра одлично, а нема да бележи резултати. Подоцна доаѓаат и резултатите, со добрата игра, а подоцна тимот на Јуве израсна и успеа со карактер да добие наптревари и кога играше лошо (иако Јуве и најлош кога беше не дозволуваше шанси на противникот, како Интер). Значи вашиот Интер, ги прескокна сите фази и сакаше да стигне до голем резултат во сезоната, без добра игра. Потсети се само една Пескара во првото коло против вас колку шанси створи. Потоа оди на другите натпревари каде Интер дозволи огромен број шанси, а победи бидејќи Ханданович го спаси или имаше среќа. Овде ти ги вбројувам покрај горните натпревари и оној на пример против Болоња, па дури и Милан.
 
Франческо Калчо ретвитна дека A VERY IMPORTANT TWEET: please RT: news on Andrea PIRLO's family is UNTRUE. HOAX!

Јас него најмногу му верувам, а и ни еден италијански медиум не објави ништо.

Francesco@FRANCESCalciO
9m
Why would someone spread a rumor around twitter that Pirlo's son died? Che coglione
 
Кој не нормален може да измислува вакви болни лаги? Ебате и новинарство и не знам што.
 
Кој не нормален може да измислува вакви болни лаги? Ебате и новинарство и не знам што.
Не се новинари тие што го ги почнуваат приказниве туку некои фб/твитер јузери што сакаат да се прават фаци и познати макар за 1 саат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom