Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Ако погодам 15 души што гласале ДА без да можам да видам, може ли да добијам дел од парите за вртелешката која ќе се нуди како лотарија? :)
 
Па направи јавно да се гледаат.нема потреба од тајно гласање,па да видиме колку непознати има што гласале против.
Се заебавав, не може јавно да се направи откако веќе тајно е направено, освен ако не пак да се ресетира па и ние на форумов да имаме три круга :D

Сте за да ја направиме јавна? :D :D :D :D ама немојте после тоа двајца без тројца со ДА да гласале :Р
 
Ако погодам 15 души што гласале ДА без да можам да видам, може ли да добијам дел од парите за вртелешката која ќе се нуди како лотарија? :)

Ќе ти скратам маки, напрај си ги 14 души, ја гласав Да
 
Се заебавав, не може јавно да се направи откако веќе тајно е направено, освен ако не пак да се ресетира па и ние на форумов да имаме три круга :D

Сте за да ја направиме јавна? :D :D :D :D ама немојте после тоа двајца без тројца со ДА да гласале :Р

Стави опција и ''делумно поддржувам''...
 
Колега разочаруваш...

Јбг, не можеш да кажеш дека се е лошо, нешто претераа прилично, нешто е супер, нема дилеми

Арно вика Цитро - треба да се гласа за Делумно поддржувам, вака лупате Не, а подобро ли беше со мизерната лева страна на Вардар или со смешното паркче на сред плоштад?
 
Точно направија нешто, ама тоа нешто не личи на ништо. Проектот требаше да остане само на неколку градби и партерно уредување околу нив, а за спомениците не ми се ни прави муабет. На плоштадот Карпошово востание наредија разголени жени на 5 метри од црквата свети Димитрија, не дека ми смета али малце со усул треба да се работи.
За секоја градба и за секој споменик цели реферати можам да напишам во кои негативностите се поизразени од позитивната страна.
Пишав и во една друга тема, го избегнувам плоштадот во последно време срам ми е од таму да поминувам. Изгледа како да е производ на првооделенец што уште се учи да црта полжавчиња или како и да се викаа.
Единствена работа што ме интересира е ако може некој на куп да ги наброи проектантите, архитектите а и уметниците со нивните смешни споменици за да знаеме кој сноси одговорност за целава шарада. А до 2014 има уште цела една година па да видиме со какви глупости ќе го финишираат проектот, убеден сум дека "изненадувањата" ни ги чуваат за крај.
 
Јбг, не можеш да кажеш дека се е лошо, нешто претераа прилично, 1. нешто е супер, нема дилеми

Арно вика Цитро - треба да се гласа за Делумно поддржувам, вака лупате Не, 2. а подобро ли беше со мизерната лева страна на Вардар или со смешното паркче на сред плоштад?
1. Што?
2. Ух, да?
--- надополнето: 16 април 2013 во 18:21 ---
Не може да се гласа со „делумно подржувам“ затоа што проектот доаѓа во целина, гледано од повеќе аспекти.
 
Епа ако не може "делумно подржувам" и гледано од повеќе аспекти тогаш гласам ДА.
А сигурен сум 90 % од тие што гласале НЕ гледаат од еден и единствен аспект, пренатрупаноста со споменици.
--- надополнето: 16 април 2013 во 18:33 ---
Со оглед на тоа дека бесрамно ископираа триумфална порта,
Од каде е ископирана триумфалната порта???
 
категорично НЕ - глупо е за ова да се дава објаснување
 
Епа ако не може "делумно подржувам" и гледано од повеќе аспекти тогаш гласам ДА.
А сигурен сум 90 % од тие што гласале НЕ гледаат од еден и единствен аспект, пренатрупаноста со споменици.
?

Не. Јас гледам најпрво од огромниот капитал што е потрошен за проектот, од кој грубо кажано 80% е НЕПОТРЕБЕН!

Во ред беше централен споменик, и уште 2-3. Во ред беше реконструкција на театарот. Во ред е и музеј на македонската борба.

Ама она чудо кај што ќе биде министерство за информатика, а е излезено ко од Star Wars? МНР и Уставен суд во факинг барок стил? Музеј на факинг Холокаустот голем колку спортска сала? Океј, нека се изгради обележје за Евреите, ама онакво огромно чудо?

Викате празно било, да беше празно но сега има невидена пренатрупаност со згради, во згрешен размер и нерезонски правец. Гомноскоци на Вардар, жални врби, сплавови?!

Ало бе, за кој кур е тоа потребно кога патната инфраструктура и болниците низ земјата ни се во мизерни услови.

Па немаме ебена железница еј! Во 21 век се возиме со искршени минатовековни возови по искршени пруги! Знаеш ли здрава железничка мрежа (патничка и транспортна) колку би значела за целокупниот развој на економијата?

Проектот е огромна перална за пари, затоа гураат и трет круг да има во Центар. Мислам дека по последниве случувања околу плоштадот, да го браниш проектов е лудост.
 
Jas bi mu predlozila na Zernovski da napravi popis na site spomenici vklucitelno i vrteleskata i na proncip srekna lotarija da gi rasporedi niz gradovite po cela Makedonija;)
I taka site ke bidema rastereteni srekni i zadovolni...:)
Нејќат сите да се среќни така :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom