Фан клуб - РК Вардар

Ideme vo sreda na utakmica da im se dade podrska na nasite izigraa muski do kraj , poraz ko poraz jebiga ideme potamatu, neso kako sto slusnav Kumani ke idele mada ne mi se verue koj gi znae
 
Вардар-Металург 23-18 (кадети)
Вардар-Металург 29-21 (младинци)

Ги утепавме у пм :confused:

Ти немаш појма какви таленти се тоа бе! Само не им се игра во младинско/кадетско првенство, догодина Лино ќе ги пушти во ЛШ, па ова не им е предизвик. :tapp:
 
Од она малце што ги пратам младиве, мислам дека најдобрите младинци/кадети на Металург не играат за нивните млади екипи, туку за Металург Јуниор во првата лига.
 
1)Додека некој фрла хартиии од кореографијата или по некој упаљач на терен,други фрлаат рачки од тапани кон играчите на клупа и обична публика.

2) Многу беа соодветни провокацијата на наркоманот кон публиката без да му пее ништо.Прв он почна,па Комити.
Исто така соодветно е Козлина курот во рака да го држи и да ни го покажува.
Соодветни се средните прсти на мали Манасков,плукањето накај публика на Миркуловски.....
Тоа мене многу повеќе би ме загрижило.

По некој упаљач, ситница :pos:
Фрлањето кон публика не е ни за коментирање, тоа и татко да му си на тој што фрлил нема да го оправдаш. За тоа кој прв почнал вие си знајте, ако е така како што викате тогаш продужи даље....
 
По некој упаљач, ситница :pos:
Фрлањето кон публика не е ни за коментирање, тоа и татко да му си на тој што фрлил нема да го оправдаш. За тоа кој прв почнал вие си знајте, ако е така како што викате тогаш продужи даље....
Станиќ почна со провокации кон публиката уште лани во финалето на купот.Он почна да дели иронични аплаузи накај навивачите на Вардар,да гестикулира, да прославува одбрани свртен накај нив,да дава поздрави после секоја утка,да покажува средни прсти.Е тек тогаш дојде на мета......од тогаш му се пее цело време.Пред тоа он лично никогаш не бил провоциран.

Па упаљач фрлен на рандом место без некоја посебна цел е ситница во однос на шише во глава на играч,рачки од тапани фрлени накај клупата со противнички играчи,физички напади кон обична публика и фрлање кон нејзе со рачки од тапан.
Да ситница е......
 
Од она малце што ги пратам младиве, мислам дека најдобрите младинци/кадети на Металург не играат за нивните млади екипи, туку за Металург Јуниор во првата лига.
За кадетите не е точно.
Ама во таа категорија ептен се дрва. Не само што редовно ги газиме, туку воопшто не ни влегле во фајнл фор како што разбрав.
За младинци можно е да си во право, мада од тоа што приметив минатине години дел од тие што играат за Јуниор во фајнл форот им се приклучуваат. И пак ги победувавме, бар во последниве две години :)
 
Кои генерации се кадети, а кои младинци... барам на веб страната на нашата федерација, не можам да најдам никакво инфо. Просечната возраст на играчите на Металург Јуниор е околу 18, сигурно повеќето може да играат за младинците, бар оние кои настапија против Загреб, а можеби можат да играат и за кадети. И во право си за тоа дека лани (или пред две години) некои од Металург Јуниор настапија во фајнл форот и изгубија од Вардар.
 
Абе ова првенствово наше е смејурија, не знам ни јас што се заебавам.
Три саати потрошив, одев пешки едно 5 и кусур км како мисир, за да гледам утакмица без никаков жар ебате :icon_mrgr:

Вардар-Куманово 31-18, на полувреме 14-10.
Отидов да го гледам Георгиевски, да видам колку напреднал, а он дрвесимо живо, едвај два гола даде, и тоа при крајот кога не се играше никаква одбрана. Колку банани испи, можеше пиљара да отвори. Се гледа дека стагнира во формата, или па нашава одбрана не му одговараше :D

Кај нас изротираа сите, единствено Даскаловски не влезе, мислам дека и Карачиќ не играше, а Кукоски и Недановски се повредени.
Позитивно е што гледам дека Кукоски се вратил во тренажен процес. Пред мечот скокаше на јаже, и вежбаше нешто со топка. Се надевам ќе се врати пред крајот на првенството.
Мислам дека Раковиќ беше најпрецизен со 6 гола, сите во првото полувре,е второ не ни играше.
Како го отворивме мечот, доволно е да се каже дека губевме во првите 20 минути :pos:
Куманово поведе со 0-3, нивниот голман се утепа од бранење. Нашиве се испоуткаа зицери, а почнавме со Чаневски-Ојлески-Абутовиќ-Прибак-Стоилов-Петриќ-Раковиќ. Чаневски го полнеа, мада и немаше многу шанси да ги брани ударите. Вујо ги испроба сите на лев бек, ама слабо се покажаа сите.
Драгаш не даде ниту еден гол мислам, утна едно 3-4 шута, и една му одбранија во вториот дел, му ја скрши раката на голманот на Куманово :pos:
Дефинитивно еден од Лазаров, Драгаш и Абутовиќ треба да лета. Ако се земе во предвид дека и Кукоски е лев бек, тогаш имаше 4 леви бека, а ниту еден не дава којзнае колку голови. Ако се земе во предвид дека Кукоски, Абутовиќ и Драгаш се добри во одбрана, мислам дека Фичо треба да лета од тимот, и обавезно да се земе некој што е добар во напад. Фичо каков лош ден имаше, 4 топки по ред ги продаде, котнри ни правеа :pos:
Знае да изненади некогаш, знае да додава добро до пикери, ама кога морам да бирам, он би бил прв за летање од тимот.
Истото важи и за Рајковиќ на другата страна. Обавезно еден десен бек шутер да се земе.
Куманово водеше со 5-8, па 6-9 и во 20-та муинута израмнивме на 9-9.
Тогаш си ги пецнавме, неколку добри потези во одбрана и по некоја одбрана на Чаневски, брзи контри до Раковиќ и Ојлески и направивме 14-10 на полувреме.
Второ полувреме играа Милиќ-Марковиќ-Драгаш-Прибак-Маркоски/Лазовиќ-Рајковиќ-Јовчевски.
Милиќ почна да им брани топки, овие доста панично играа, па тука веќе ги патосиравме. Никаква одбрана не се играше во вториот дел, почна досадното, ги наполнивме за неколку минути. Разликата отиде над 10 гола.
Ставија еден голман, типот бегаше од топката :pos:
Драгаш му шутира, овој целиот се скри и пак го погоди топката, епштен беше баксузен Драгаш :pos:
Мора да работи повеќе, не смее само одбрана да игра. Ама сепак немаме играчи што знаат да си изградат позиција и он и Абутовиќ само на сила одат. Лазаров не ми е јасен, се крева на шут, сто години игра, и пак ќе ја пецне над гол :tapp:
Јовчевски имаше сто шанси. Дел ги утна, дел ги погоди, мислам едно 4 гола даде.
Од крила сигурно ги дадовме пола од головите. Ојлески даде 4 мислам, Марковиќ 2-3...


За разлика од порано кога немаше жив човек на првенствени утакмици, сега имаше околу 200 луѓе, иако на почетокот беше многу попразно. Присуствуваа и членови на Комити околу 70-80, ама навивање имаше само во вториот дел и тоа на база на заебанции :D
Се гледа дека нема шанси некогаш да има заинтересираност за вакви мечеви. Се нема култура за доење на секој меч во ракомет.
Ипак фудбал си е фудбал :D

Комедија беше на полувреме, кога неколку Комити влегоа во терен и им бранеа на играчите на Вардар :pos:
Се газевме од смеење. Особено моментот кога еден од нашите членови тргна во контра кон спротивниот гол на кој се загреваа двата голмани на Куманово, и му даде гол од 9 метри :pos::pos::pos:
Тој што е од РК Вардар, не знам точно која функција ја има, скрена кога го виде тој момент :D

Следен меч, гостуваме кај Зомимак ако не се лажам :)
 
Абе кој жар, гледај го Куманово, пет класи се послаби. Глеј како лагано ја играа утакмицата нашиве.
Кој беше Георгиевски? 18ката? Ако беше тој, стварно можеше пиљара да си отвори. :)

Инаку, дефинитивно најпозитивна работа е враќањето во тренажен процес на Кукоски. Даскаловски веројатно не бил ни пријавен за оваа утакмица (не знам колку играчи може да се пријават за натпревар од домашно првенство). Карачиќ ги изигра првите два напади, изгуби една топка.. и после го приметив отиде накај теретаната да вежба. :) Се појави на полувреме, изгледа се кладеше со Џамбо колку одбрани ќе има во второ.

Прибак влезе после првите два напади кои ги изигра Карачиќ. И покрај тоа што се залагав да му се даде шанса плус на Рајковиќ, дечково дефинитивно не го бива. Освен што ги надмудри членовите на Комити кои му бранеа во паузата, не направи ништо друго. Против Куманово, еј! Па мислам дека и јас ќе дадев неколку голови со Куманово. :)

Крилата направија партал, особено Раковиќ во прво (ги шина со контри) и Марковиќ во второ. Сепак, најдобар момент беше кога Столе доби исклучување за дофрлање на судија, и кога двајца дечки од Комити трчаа паралелно со судијата и го пцуеа. :)
 
19-ка беше Георгиевски :icon_mrgr:

Го заборавив паралелното трчање со судијата :pos:

Иначе Куманово немаа ниту едно исклучување. Вардар имаше 3 ако не се лажам :D
 
Да, три беа - Стоилов едно и Лазовиќ две.
 
Тоа на полувремето беше.... :pos::pos: Какви ликови има меѓу Комити секоја чест. (y)
Него многу ме нервираат играчите што против послаби противници ептен потценувачки и несериозно влагаат. Да не ни се удри од глава некој натпревар тоа...

А Оса ако не заигра во подобар клуб следната сезона ќе остане само талент и ништо повеќе... Се гледа дека има некои потези,има сила, скок ама му фалат утакмици против појаки противници. Против текстилец,струга и слични екипи врвен играч не се станува. Денеска се изгуби, колку шута му изблокираа нашиве....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom