Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.103
Поени од реакции
25.392
Кога можат готвачите, зошто да не? Идејата не е непостоечка, одамна на запад постојат или литературни курсеви или читачки клубови, каде што обично се избора една книга неделно, сите од курсот/клубот ја читаат и после тоа се дискутира за книгата. Знам дека е long shot, дека сме Македонија и прашање е дали ќе има интерес и иницијатива, ама сепак ја ставам темава за тест проба. Има неколкумина тука со солидна домашна колекција на книги а и зачленувањето во библиотека не е скапо, 250 денари членарина за цела година и 10 денари од книга, така е барем во Скопје. Би учествувале во ваков вирутелен клуб? Значи се одбира книга, се одбира термин до кога треба да биде прочитана и после тоа се дискутира и можеби дури и препира околу истата. Целта е зближување на читателите, реализација на заедничкиот интерес-книгите, квалитетно поминато време итн. Мислам дека после прочитана книга многу поголем би бил ефектот и задоволството ако се развие дискусија со некој друг кој ја има прочитано. Ќе има интерес? Поставив и јавна анкета, да видиме можеби ќе има позитивни резултати.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас за ова размислував пред подолго време. Не виртуелно, туку во живо, со чај или кафе. Но поради тоа што сме малце зафатени, малце асоцијални, малце не сакаме сите да не знаат и т.н. :D, затоа ја напуштив цела таа идеа. Овој предлог е каде каде подобар. Лајк и подржувам. Само ќе ве замолам да нема мрчење за изборот на книга, или кометари од типот „оваа ми е прочитана веќе“. Доколку ви се прочитани некои од предлозите, чекајте го денот кога ќе можете да си оставите мислење. Само кој ќе остава предлог за книга? Не е фер да сме ние читателите, зошто секој ќе си влече на своја страна и кон свој жарн на книги. Модераторите, maybe?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Сум ЗА идејава. Ќе му дојде нешто налик на темата за коментирање на даден филм со спојлери за оние кои го гледале. Плус секој читател има различна перспектива за еден текст и ќе добиеме фини размислувања и дебати. Не обврзува на ништо, споделуваме впечатоци, разговараме, анализираме. Супер! (y)

Пишувајте предлози кои би можеле да се земат предвид и кои нудат можност за различен тип толкувања. Секако учеството на оние кои ќе ја поддржат идејата (вклучувајќи се и себе) не е задолжително за секоја книга заради различните афинитети и вкусови. Ама да се трудиме да опфатиме различни жанри, за сечиј вкус.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Гласав за можеби, иако сум подржувач на овој проект.
„Можеби“ - затоа што книгата ја доживувам лично јас, како и изборот зависи исклучиво од мене. Поради тоа што се водам според егзистенционалистичката состојба на донесување одлуки, сакам да потенцирам, не секогаш би имал желба и воља за дискутирање на една прочитана книга, не па да ја прочитам. Но најчесто поради добрите рецензии што ги имам читано во Филм како и темата за готвење, ова би ми донело додатен поттик да прочитам нешто плус, како и да се вклучам во дискусијата. Така да од мене една голема поддршка, со надеж дека ќе се развие во подлабока дискусија темава.
 
A

AnFem

Гостин
Јас би учествувала доколку ми се допаѓа предлогот за книга и ако можам да ја најдам истата или онлајн или на англиски јазик во библиотека.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Да, и причина плус за да е тоа што ќе си чекам на готово совети и предлози што да се чита, пошо сум мрза во тој аспект и најголема кочница ми е изборот на книга. Count me in.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Би учествувал, само не читам белетристиска, односно, кога ќе се одбере некоја „постручна“ книга ќе ја читам :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Sussaro
Верувал или не, баш деновиве ми се вртеше во глава истата идеја.
Јас сум член на таков клуб, не е виртуелен, туку се среќаваме еднаш месечно на чајче и си правиме муабет за книгата. Многу е интересно да се види различното доживување на иста книга, па не анекој му паднало в очи нешто што никој друг ен забележал етц...

Saladin
Секој си го кажува личното доживување на книгата. Дури е непрепорачливо да се чита критика или некое интервју пред тоа.

ЈЕЕЕЕЕЕЕЕ!
Многу се радувам! :love: :love: :love: :love:
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Прифаќам и јас, не ми е проблем жанрот на книгата ни времето, само да ја има во библиотека. :)
А за предлог книги, може секоја недела (или две) некој од пријавените да го даде предлогот бидејќи секој си има различен вкус па ќе може да се прочита по нешто од секој жанр и ем ќе биде праведно, секој ќе има право да избере книга по негова желба која ќе треба да ја читаат сите т.е пријавените.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.103
Поени од реакции
25.392
Ок, еве како во глава го замислував тоа.

На почетокот бидејќи нема уште кондиција, да се оди со полесна литература и максимум 200 страни, што не значи и неквалитет. Исто така даденото време да биде подолго, 15-20 дена би бил некој оптимум да се набави книгата, тие што не се зачленети во библиотека да се зачленат и сл. Првите избори да бидат книги кои лесно се достапни, препорачливо лектири, но кои не се детска литература иако сме ги работеле во основно/средно. Робинзон Крусо барем по мене е одлична книга за старт по овие критериуми, плус за Саладин да го конвертирам од можеби. Исто така во игра би влегле Островот со скриеното богатство од Роберт Луис Стивенсон, Том Соер, Хаклбери Фин од Марк Твен, Судбината на човекот од Шолохов, Повикот од дивината-Џек Лондон... Судбината на човекот е многу кратка но одлична книга од нобеловецот Шолохов, лесно се чита за 2-3 саати и мислам дека е и повеќе од идеална за сефте. Па понатаму ако има интерес ќе одиме со подолги и потешки наслови и ќе се крати времето но не пократко од рамката 7-10 дена освен ако не се одлучи некој пооптимистички проект од 300+ страни. Иако немате никакви обврски поентата е да потрае ова а не да спласне после првите 1-3 книги, затоа земете го си како еден вид на нерелевантно но сепак задолжение. Секако има вонредни услови, ќе одите на одмор, ќе сте преоптоварени со работа и факс и слично и некогаш ќе не мора да учествувате, ама затоа временската рамка треба да биде соодветна односно максимум 50 страни на ден, тоа се од прилика 2 саати дневно читање, што значи дека се над 500 страни за 10 дена ќе биде претерано. Некој добар медијан би бил 300-350 страни на 10 дневен рок. Ама ова ми се првични неструктуирани размислувања. Битното е да се почне и да не спласне. Како што кажа Вокерка слично е како со филмовите но со една битна разлика. Филмот е визуелна и акустична уметност, филм се памти и по 5-6 години за да се раскажува, а книгата треба да се препрочита дури и после неколку месеци за да може да се дискутира затоа што после одреден период имаш претстава што се случувало во книгата ама онака да напишеш само 3 реченици. Ако мислите да се држиме до клубов а не само првиот пат може да почнеме.
Оти јас ја отворив темата, себично ќе си земам за право да ја удрам првата книга
Михаил Шолохов-Судбината на човекот
Сите ја имате дома а ако не, сигурно ваш комшија ја има. Одете во библиотека и зачленете се, како што нема некој голем интерес, сигурно ќе ја најдете таму. За датум, дваесет и петти април. До тогаш нема коментирање поради спојлери, а после тој датум се коментира и тоа без спојлери, оти е принцип возен ред, кој не стигнал не можеме да го чекаме и нека дојде на следната книга. За понатамошни наслови Вокерка како модертор нека ги препорачува, а ние ќе ја бомбардираме со предлози. Дискусијата ќе се одвива од одредениот датум пример 25-ти април до датумот кога ќе се закаже следната книга пример 15-ти мај, па дури и тие што не стигнале за почетокот на дискусијата на 25-ти април да можат и подоцна да се уклучат. Како што кажав ова ми се некои груби структури ама ќешки да почнеме па ќе ги направиме во некакви си правила.

Значи, Михаил Шолохов-Судбината на човекот 25-ти април. Може да почнеме, режија?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
„Судбината на човекот“ е супер за почеток.

Веќе имаме и тема за книгата, разлистајте, потсетете се. И да, мислам дека 10-тина дена се и повеќе од доволни за неа.
Што се однесува до задавањето наслови, предлозите се отворени кај мене на профил или во приватна порака, сите што се заинтересирани слободно нека ми пишуваат, ќе биде дадена шанса за сечија желба.
Може да фукнционира во стилот - По барање на Sussaro, следна книга за анализа до тој и тој датум, е „Судбината на човекот“.

Избегнувајте лектири за да не им ја олеснуваме работата на средношколците па да ни ги препишуваат постовите на писмените работи. :P
Се шалам, секако. :)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Избрав „можеби“, иако и јас како Саладин сум подржувач на клубот. Причина: веќе имам неколку наслови предвидено да ги читам следни, а и обично не сакам многу да шетам со книгите, туку да се задржувам на одреден правец, или автор на некое време (неколку дела), па да преминувам на друго.

Но, идејата е супер, и можеби ќе се приклучам со некој од следните наслови (а може и уште со овој). (y)

Една препорака од мене: Да има и книги од македонски автори.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Кога можат готвачите, зошто да не? Идејата не е непостоечка, одамна на запад постојат или литературни курсеви или читачки клубови, каде што обично се избора една книга неделно, сите од курсот/клубот ја читаат и после тоа се дискутира за книгата. Знам дека е long shot, дека сме Македонија и прашање е дали ќе има интерес и иницијатива, ама сепак ја ставам темава за тест проба. Има неколкумина тука со солидна домашна колекција на книги а и зачленувањето во библиотека не е скапо, 250 денари членарина за цела година и 10 денари од книга, така е барем во Скопје. Би учествувале во ваков вирутелен клуб? Значи се одбира книга, се одбира термин до кога треба да биде прочитана и после тоа се дискутира и можеби дури и препира околу истата. Целта е зближување на читателите, реализација на заедничкиот интерес-книгите, квалитетно поминато време итн. Мислам дека после прочитана книга многу поголем би бил ефектот и задоволството ако се развие дискусија со некој друг кој ја има прочитано. Ќе има интерес? Поставив и јавна анкета, да видиме можеби ќе има позитивни резултати.
Би читал ако се работи за е-книги.
Многу по достапни се, има огромна колекција на бесплатни и останатиот дел ако не ти се плаќа или ептен си циција, пиратерија ;)

И на крај мене ми прават многу повеќе мерак.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас имам едно прашање само. Дали доколку ја најдеме книгата во електронско издание имаме право овде да го постираме линкот. Ќе ве разберам и ако е забрането, сепак ова е јавен форум, и треба да се заштити од пиратска содржина.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Јас имам едно прашање само. Дали доколку ја најдеме книгата во електронско издание имаме право овде да го постираме линкот. Ќе ве разберам и ако е забрането, сепак ова е јавен форум, и треба да се заштити од пиратска содржина.
Овде не, ако некој побара во приватна порака, да.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom