„Судбината на човекот” - Михаил Шолохов

Дискусија во форумот 'Уметноста, литературата, јазикот' започната од Gigo, 25 февруари 2006.

  1. Gigo

    Gigo

    Член од:
    24 февруари 2006
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Sholokov e najpoznat po svoeto najgolemo i najznacajno delo , pomanot 'Tihiot Don'.No spored mene novelata 'Sudbinata na covekot' e edno od najsilnite dela na Sholokov bidejki toj vo liceto na eden obicen covek od narodot ja dava moralnata golemina na podvigot na celiot narod.Covekot doaga do dnoto na sopstvenata tragedija , ostanuva sam na svetot , gi gubi svoite najbliski , udiran e od sudbinata koja mu ja nametnuva zavojuvacot no moralno istrajuva , vo omrazata i vo bolkata naoga sili za natamoshna dobrina i natamoshna ljubov.
    Bash bi sakal da slusnam sto mislite za Sholokov i negovite dela?!
  2. Buterfly

    Buterfly *Just Fabulous*

    Член од:
    4 јули 2006
    Мислења:
    4.619
    Допаѓања:
    109
    И за Шолохов немам зборови, Судбината на човекот толку ме трогна кога ја имав читано и ми даде поттик за натаму.
  3. angelina*

    angelina*

    Член од:
    11 март 2007
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    0
    Многу емотивно дело е,за војната, за губењето на се, ама огромно влијание има социјализмот врз него. Тоа не ми се допаѓа.

    И во Тихиот Дон се е за револуцијата ама не толку комунистичко дело, освен вештачкиот лик на Кошевој.
  4. Тамарче

    Тамарче Ако одам во Битола..

    Член од:
    11 јули 2007
    Мислења:
    3.243
    Допаѓања:
    219
    Интересна книга, која ти дава надеж да продолжиш понатаму..
    Приказна за еден човек, кој изгубил се во својот живот, а сепак некако, пронашол светлина, искра во неговиот живот за да продолжи понатаму..Детенцето беше негова преродба која тој ја прифати, не гледајќи назад, надевајќи се на подобро утре и несебично подавајќи рака на беспомошниот..
  5. Слушаш Ли

    Слушаш Ли

    Член од:
    18 декември 2005
    Мислења:
    1.360
    Допаѓања:
    162
    eh koga imav pismena za ova delo... navistina e dobro delovo, iskazana e izdrzlivosta na covekot i pokraj site stradanja sto mu gi nosi zivotot toj da opstoi, da prezivee, da se bori za ona sto se narekuva zivot.
  6. Kajk

    Kajk - нема лабаво -

    Член од:
    10 март 2006
    Мислења:
    512
    Допаѓања:
    1
    секогаш кога ја читам ми се плаче, а башка од тоа што е многу добра
  7. Вокерка

    Вокерка Модератор

    Член од:
    29 јануари 2006
    Мислења:
    5.981
    Допаѓања:
    3.086
    Два пати ја читав неделава. Добра е.
    Истрајноста и издржливоста, силината на еден човек како карпа, а сепак кршлива како стакло. Губи се што му е вредно во животот и малото детенце што го наоѓа после му доаѓа како утеха, како причина за која би требало да живее.
    И покрај сите незгоди, човекот сепак наоѓа причина да живее. Ми се допаѓа пораката и умешноста за сликовито раскажување.
  8. Bertone

    Bertone Автомобилски Дизајнерски Гуру

    Член од:
    1 октомври 2007
    Мислења:
    808
    Допаѓања:
    3
    Многу многу многу добра книга. Мала книга (Шолохов знаеме дека пишува километарски книги), но сепак многу добра, со правилно темпо.
  9. Ikky

    Ikky

    Член од:
    12 октомври 2007
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    3
    Sudbinata na covekot iako e mala kniga,vo nea e opisana ironijata na zivotot na eden obicen covek,koj iako gubi se..pronaoga sili da prodolzi.naoga smisla na zivotot. Odlicna kniga
  10. IronTrooper

    IronTrooper The King of Cool

    Член од:
    27 март 2007
    Мислења:
    1.499
    Допаѓања:
    31
    не е лошо ама делово е типичен соц-реализам, што не ми се допаѓа.
  11. Сатори

    Сатори Гостин

    ~*~

    Напротив јас „Судбината на човекот“ ја доживеав страшно ладно и рационално, сепак на крајот сите се среќни и весели, го нашле својот крај, што мене ми е премногу Холивудски крај.
    Освен тоа и стилот не ми го направи ќеифот ... ништо посебно.
    Типична војничка приказна.
  12. еци^^^

    еци^^^ Walking the line of nature's palm

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    2.948
    Допаѓања:
    55
    Развивајќи некои мотиви од воената репортажа Наука за Омразата од 1942, Шолохов ќе направи овој текст па прерасне во стологија на моралната силина на рускиот народ на ниво на поединечна судбина(конкретно во текстов за судбината на Андреј Соколов)но и како осуда на војната воопшто.
    Шолохов ќе ни го формира звоевидниот микрокосмос на семејството Соколови преку Андреј и Иринка, за преку нив да ни ја претстави општочовечката димензија на душевни страдања.
    Свесен дека моралното истрајување единствено може да се практицира преку добрина и љубов,Шолохов силно ќе се потпира на христојанството,наоѓајќи во него и смисла и сретство за опстојба.Тој тафтолошки ќе го резонира животот,т.е. ќе го прикажува како постојано менувањенна падови и кревања поточно победи и порази.
    Шолохов ќе ја рашири таа микрокосмичка димензија во констатацијата дека ние не сме единствени страдалници на веков што знаќи не е само рускиот народ анатемисан од војни и страдања ами пошироко во светот. Така доаѓаме до една за Шолохов многу важна карактеристика,тоа е тн материјална метафизика која подразбира максимална универзализација на слики за животот во трегично видување каде мерилото на вредноста не е во домеотот т.е. целта на социјалните борби туку во концепцијата на складот меѓу човечките животи и животот на природата...




    ..Еден извадок од мојата писмена работа со наслов од делово.
    На PineTo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. кики

    кики

    Член од:
    8 февруари 2007
    Мислења:
    1.970
    Допаѓања:
    42
    Тоа е и поентата на книгата. Да се внесе позитивизам кај луќето кои поминале низ толку страдања. Да им се покаже дека треба да се има верба во животот и во она што го носи иднината.
  14. elena_e

    elena_e

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    40
    Navistina ubava kniga e "Sudbinata na covekot", ja obrabotuvavme vo 4. godina. Mislam deka i na pismena mi se padna. Sakav da prasam, koga sme veke kaj Solohov, ja ima nekoj citano "Tihiot Don"?
  15. MaRyJaNe-poison

    MaRyJaNe-poison Beauty in Black

    Член од:
    11 септември 2007
    Мислења:
    2.726
    Допаѓања:
    156
    Сум ја читала книгава, многу е добра, но и жална. Покрај сето лошо што му се случува, губејќи ги своите најблиски на трагичен начин, човеков има храброст и сила да продолжи понатаму заедно со детенцето што си го посвојува како синче....

Сподели преку: