Ок, еве како во глава го замислував тоа.
На почетокот бидејќи нема уште кондиција, да се оди со полесна литература и максимум 200 страни, што не значи и неквалитет. Исто така даденото време да биде подолго, 15-20 дена би бил некој оптимум да се набави книгата, тие што не се зачленети во библиотека да се зачленат и сл. Првите избори да бидат книги кои лесно се достапни, препорачливо лектири, но кои не се детска литература иако сме ги работеле во основно/средно. Робинзон Крусо барем по мене е одлична книга за старт по овие критериуми, плус за Саладин да го конвертирам од можеби. Исто така во игра би влегле Островот со скриеното богатство од Роберт Луис Стивенсон, Том Соер, Хаклбери Фин од Марк Твен, Судбината на човекот од Шолохов, Повикот од дивината-Џек Лондон... Судбината на човекот е многу кратка но одлична книга од нобеловецот Шолохов, лесно се чита за 2-3 саати и мислам дека е и повеќе од идеална за сефте. Па понатаму ако има интерес ќе одиме со подолги и потешки наслови и ќе се крати времето но не пократко од рамката 7-10 дена освен ако не се одлучи некој пооптимистички проект од 300+ страни. Иако немате никакви обврски поентата е да потрае ова а не да спласне после првите 1-3 книги, затоа земете го си како еден вид на нерелевантно но сепак задолжение. Секако има вонредни услови, ќе одите на одмор, ќе сте преоптоварени со работа и факс и слично и некогаш ќе не мора да учествувате, ама затоа временската рамка треба да биде соодветна односно максимум 50 страни на ден, тоа се од прилика 2 саати дневно читање, што значи дека се над 500 страни за 10 дена ќе биде претерано. Некој добар медијан би бил 300-350 страни на 10 дневен рок. Ама ова ми се првични неструктуирани размислувања. Битното е да се почне и да не спласне. Како што кажа Вокерка слично е како со филмовите но со една битна разлика. Филмот е визуелна и акустична уметност, филм се памти и по 5-6 години за да се раскажува, а книгата треба да се препрочита дури и после неколку месеци за да може да се дискутира затоа што после одреден период имаш претстава што се случувало во книгата ама онака да напишеш само 3 реченици. Ако мислите да се држиме до клубов а не само првиот пат може да почнеме.
Оти јас ја отворив темата, себично ќе си земам за право да ја удрам првата книга
Михаил Шолохов-Судбината на човекот
Сите ја имате дома а ако не, сигурно ваш комшија ја има. Одете во библиотека и зачленете се, како што нема некој голем интерес, сигурно ќе ја најдете таму. За датум, дваесет и петти април. До тогаш нема коментирање поради спојлери, а после тој датум се коментира и тоа без спојлери, оти е принцип возен ред, кој не стигнал не можеме да го чекаме и нека дојде на следната книга. За понатамошни наслови Вокерка како модертор нека ги препорачува, а ние ќе ја бомбардираме со предлози. Дискусијата ќе се одвива од одредениот датум пример 25-ти април до датумот кога ќе се закаже следната книга пример 15-ти мај, па дури и тие што не стигнале за почетокот на дискусијата на 25-ти април да можат и подоцна да се уклучат. Како што кажав ова ми се некои груби структури ама ќешки да почнеме па ќе ги направиме во некакви си правила.
Значи, Михаил Шолохов-Судбината на човекот 25-ти април. Може да почнеме, режија?