Минимално Сити заслужи да оди понатаму...
Критиката кон Торес зошто не паднал нема смисла... Со самото тоа што одлучи да не падне докажа дека се бори до последно (за оваа утакмица). Доколку паднеше и да не свирнеше Фој ништо, СИТЕ ќе го пцуеја зошто не пробал да шутира, имал време и сл. Фој требаше и вака да досуди пенал, не мора да значи дека ако не паднал и не треба да свири пенал....
Торес неколку натпревари навистина игра со повеќе самодоверба, борба, со желба да се докажува дека има уште од стариот во него. Тоа на некој начин ме поттикнува да мислам позитивно за него.
Оскар до влегувањето на Торес го немаше никаде, но откако влезе Торес и тој се повлечи на местото на Микел, се виде разликата во неговата игра. Не е истиот Оскар со оној на почетокот на сезоната, но сепак доколку се игра на неговата позиција ќе биде незаменлив.
Мата и Хазард беа тотално отсечени денес, посебно вториот.
Ацпиликуета денес според мене беше најслаб играч на натпреварот од двете страни. Веројатно е заморот во прашање се осеќа и кај него. Кој што сака нека вика, но Фереира е ѕвер на таа позиција, но годините го прават да биде потценет, а и поспор...
Чех се почесто и почесто е нерешителен во излегувањето на нафрлени топки, со што резултира само со проследување на топката како минува покрај него, без интервенција. Не знам колку пати го направил тоа сезонава и примил гол, но мислам дека се многу. Затоа секоја нафрлена топка е опасност за Челзи последните „две“ години.
Околу Сити т.е за Агуеро и за Туре можеби се квалитетни ама се гнаси не само од овој натпревар. Не знам колку се сеќаваат на ланскиот натпревар Туре се правеше мајмун во дуелите со Мата и тогаш му беше прегледувано низ прсти. А потегот на Агуеро е крвнички - како да му убиле некој близок па така да изреагира.