- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Некои експерти и граѓани велат дека, како радикално исламско движење, на новата политичка партија во Косово, Башкоху (Приклучи се!), не треба да ѝ се дозволи да се регистрира како политички субјект, но други велат дека законот не може да забрани партија поради нејзината идеологија.
Движењето организираше протести во Приштина за поддршка на изградбата на нова џамија и против училиштата кои ги спречуваат девојчињата да носат шамии на главите за време на наставата. Еден од основачите на Башкоху, Фуад Рамиќи, беше уапсен во мај 2010 година од страна на Израелските безбедносни сили за време на рацијата на флотилата во Газа на Мави Мармара.
„Ако ова движење се регистрира како политичка партија, тоа ќе биде неуставно и нелегално“, изјави косовскиот народен правобранител Сами Куртеши за Газета Јета не Косове.
Сегашниот косовски закон забранува само партиски членови кои се обвинети или осудени од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија или се членови кои го прекршиле законот.
„Во една демократија, партија не може да биде забранета поради нејзината идеологија“, рече за SETimes Себ Битичи, извршен директор на Институтот за балканска политика.
„Мислам дека не е добро тие да се забрануваат“, рече Петрит Красниќи од Приштина за SETimes. „Бидејќи забраната на луѓе или партии од политички причини не ни дава добар имиџ и тие може лесно да се свртат кон активности во подземјето.“
Водачот на Башкоху, Арсим Красниќи, изјави за SETimes дека движењето ќе ги оствари своите цели и ќе направи гласот на граѓанското општество да се слушне.
„Водачите на Башкоху, по широки консултации со активистите, дојдоа до заклучок дека движењето треба да се регистрира како политички субјект под името Левизја Исламике Башкоху“, рече Красниќи.
Красниќи рече дека тие го вклучиле името „исламски“ бидејќи партијата ќе им служи на граѓаните врз основа на исламските принципи на слобода, правда, еднаквост и ќе биде против секоја негативна појава во Косово.
„[Ние] не претставуваме опасност за верската толеранција, напротив ние сме повеќе за оваа толеранција на која ние, Муслиманите, сме горди“, рече тој. ...
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/03/04/feature-02
.