Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ај кој ја следи утакмицава нека пренесе атмосфера од таму и нека пише кој напаѓа повеке!
 
Првите 15 минути напаѓаше Палермо, откако видоа дека не можат да ја пробијат одбраната на Интер(Киву и Самуел) решија да го спуштат темпото на игра. Интер пополека ја превземаше контролата врз мечот. Играме на контри и долги напади. Суазо имаше неколку шанси, но се докажува мојата претпоставка дека е Мартинс wanna be. Суазо е брз - да, никој не му го оспорува тоа, но пребрз е топката. Често ја заборава или дава предолг фор, едноставно нема доволна контрола врз топката. Далеку подобро играше во Каљари дали дека играше сосем друга улога единствен шпиц или сеуште не е навикнат да игра со Ибра не знам. Ибра имаше неколку шанси истотака, но промашуваше и сега е изнервиран се однесува арогантно тешко се движи. Се надевам дека паузата добро ќе му дојде и ќе се смири.

Други добри поединци Маикон, имаше неколку добри испади на противничката половина. Се обиде и од слободен удар од 20тина метри но биеше во добро поставениот Фонтана. Станкович истотака игра добро но се здоби со незгодна повреда, всушност се игра многу грубо. Камбијасо игра добро но и тој се изгуби во последните 10тина минути, изгледа ради ударот кој го доби во левата нога. Значи пола тим ни го повредија.:)


На спротивната страна сега за сега е добро чуван Амаури, да не речам тотално изолиран. Добро ќе биде ако остане така до крајот. Брешиано и Симплицио играа одлично, сега во игра влезе и Миколи и искрено да кажам, тој е човекот од кој што се плашам. Ако заспие одбраната која не е уиграна во овој состав, лесно може сам да ги реши Фабрицио Миколи. Толку за сега, поздрав од мене.
 
Ах, Ибра Ибра... си игра играчки. Можеше да постигне нормален гол, но тој е суперѕвезда и проба со пета. Зошто? - Бидејќи петата се брои 5?:nesvest:


ЕДИТ:

Бомба на Киву од 30тина метри од слободен удар... пречка :@:@:@
 
Ах, Ибра Ибра... си игра играчки. Можеше да постигне нормален гол, но тој е суперѕвезда и проба со пета. Зошто? - Бидејќи петата се брои 5?:nesvest:

Toa e arogancija. Treba malku da mu dojdi umot nego i da zalici na coek.
 
Не е лошо.... се знаеше дека не очекува тежок дуел во Палермо.... Јас веќе пишав на минатата страна, дека многу ќе е тешко да се дојде до победа.
f_intertabelam_a7cdbd8.png


Друго ми падна во око... :)
Дечките на Интер (до 11 години) ги победија врсниците од тимот Pizzighettone со.... 32 спрема 3
 
Лелееее Милан!!!
Дајте бе греота се, како што сме тргнале годинава ќе им бегаме 50 бода?!?!:
Мислам, дај свестете се!:)


*сонценца :pipi:
 
Станковиќ се повреди и не се знае колку ќе отсуствува. Се знаеше, веќе 3 натпревари играше повреден, му требаше одмор. Ама СЕ ЗА ТИМОТ!!!
 
Нема врска... и така според мене (според последната игра) не заслужуваше да е во првиот тим.

Само проблем е што и Виеира е повреден... малку ќе е тешко да се прави комбинаторика со средината. Ни треба еден играч да го земеме за зимава.
 
Целата кривица за ситуацијата во средниот ред е на Манчини идиотот наместо да плаче летото да му донесат квалитетно засилување во среднот ред он плачеше по Суазо 14 милиони евра кошташе до сега никаква корис од него само штета која ја трпи Адриано и Креспо кои се помалку играт ајде сега во среднот ред ке ги гледаме Дакур инвалидот Хименес(мислам дека е добар но му требат утакмици а не еднаш игра по 20 мин на три месеци)Пепе не сум го гледал Сезар денес направи 1000 грешки
 
Пеле е добар...

Го имам гледано на 2-3 натпревари и се покажа. Млад е 20 години, има пред него иднина...

98286ch8.jpg


98285tn8.jpg


99181eo0.jpg


99152ar7.jpg


99374or5.jpg


99508iq8.jpg
 
Тактичарот наш пак изведе супер тактика.. 2 измени на полувреме, од кои една повреда а друга голман!? по која логика тоа.. да е пријателски натпревар ајде некако ама ова..
Го игра станкович кој е во катастрофална форма и тоа повреден и сега ќе седи повреден неколку месеци..
Абе ништо не ни треба освем нов тренер!
 
Палермо - Интер (ден на голманите)
[media]http://youtube.com/watch?v=z-TLMXBdPv8[/media]Ситуацијата со Станковиќ не била толку страшна како што беа првите прогнози (скршеница која може да му ја заврше кариерата). Сепак се работело за истегнување, кое ќе го оддалечи Деко „само“ 3-4 недели од теренот
.
100413xs0.jpg



После ова не седат мирни во таборот на Интер. Старо-нова мета на Интер е Ван дер Варт...
 
Палермо - Интер (ден на голманите)
http://youtube.com/watch?v=z-TLMXBdPv8Ситуацијата со Станковиќ не била толку страшна како што беа првите прогнози (скршеница која може да му ја заврше кариерата). Сепак се работело за истегнување, кое ќе го оддалечи Деко „само“ 3-4 недели од теренот
.
100413xs0.jpg



После ова не седат мирни во таборот на Интер. Старо-нова мета на Интер е Ван дер Варт...

Ако ова е вистина ја го вадам и го д*кам:drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom