Два интересни наслови кој ги засегаат банките и акционерите на истите.
Чистка во банкарските биланси: Дали новите правила на НБРМ ќе удрат врз профитот?
Богов: Време е да се види дали банките покажуваат реални профити!
Да не ги копирам зошто малку се подолги текстовите...
Во пракса значи...дека ако за 5 години не ги елиминараат хипотеките последователно за секоја година ќе треба да одвојуваат 20% од проценетат вредност за резервации. Целта е да се стимулираат банките од биланси да ги тргнат запленетите имоти. Во праска ништо не се менува но може да има влијание како се изразуваат профитите и како одат во капитални резерви доходите. Трикот е што постепено се префлра вредноста од средства во обврски на запленетиот имот и со тоа да паѓа капиталот на банката (барем сметководствено). Целта е колку што разбирам да се стимулира продажбата на имоти ако не сакаат да ги прогласат дека не се ликвидни или не докапитализирани. Значи може сметководствено да се намали нето добивка а да појавуаат чудни растови на капиталот на банката на таа при продажба на имот- кој наводно не вреди ништо. Значи имотот може да има 0 вредност сметковдствено а пазарно да има одредена вредност.
Значи треба внимателно да се читаат финалните извештаи. Според мене проблем ќе биде толкувањето на извештајот зошто не е баш исто како до лани. Што значи дека банкарскиот капитал може да биде поценет. Просто кажано Богов сака да ги направи извештаите полоши од што се за да може после да ги тера Банките да обезбедуваат ликвидност и да се докапитализираат со продажба на наводно „безвредни“ имоти.
Со ова може да се подобри ликвидноста и капитализацијата на банките што е добро...само сметководството ќе стане чудно и позамрсено.
За џабе тупи Богов дека профитите на банките биле нереални сега ќе бидат уште понереални...кај се видело недвижен имот да губи 20% вредност годишно? Фината е да се чита во обврски- структура на резервации таму може да се крие нешто што не е обврска туку средство...може сега профитите да беа преценети ама со ова најверојатно ќе бидат потценети и доста нестабилни ако некоја банка се одлучи многу имот да продава што им бил запленет долго време...сума сумарум ова би требало да го направи банкарскиот систем постабилен и посигурен но ќе биде малку потешко за проценка на вредноста на банката.
Odlicna fundamentalna analiza Stefus. No denesnive rastovi se pridvizeni od realna moznost za prevezemanja i fuzii, ne od promeni vo bilansite (osven mozebi zgolemeni likvidnost). Mislam deka bankite ke bidat investicijata na kvartalot, samo da se pogodata vistinskite zdelki. KJUBI mi izbega od neresitelnost, ama godinava stegam zabi i kupuvam.