Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Скепса треба да се има кон се'. Конструктивно, ама не негаторски (со она „тогаш, ќути си“....)...потекнувам од семејство во чие стебло има имиња на луѓе од висока позиција во хиерархија на црквата и секогаш во животот со почит сакам да зборувам со луѓе посветени на нешто - но, истото треба да го има и кај нив кон мене....пророчкиот пристап кон нерелигиозните луѓе не е многу здрав посебно ако се високообразовани...
Не е работата за допаѓање и недопаѓање.....
Ценам и сакам ставови на луѓе, а не ги ценам и сакам луѓето тотално, кај луѓе што многу ми значат и ми требаат во животот има ставови кои мислам дека им се погрешни....затоа неразбирлива ми е тоталната посветеност на еден концепт и тотално прифаќање на непогрешливоста на истиот....
Мене поблизок ми е концептот на „крал без кралство“. Поставени се основните правила на игра (од математички, физички, хемиски....не од етички карактер) и интервенциите на креаторот (ај ете така да го нарекувам) не се случуваат....горе Лет пишува за фрлање зарови - а погрешно го сфативте и муабетот отиде во етичноста на „коцката“...јас повеќе го сфатив како - Знае ли Господ однапред како ќе се одвиваат настаните? Ако го знае исходот однапред зошто воопшто ги прави да се случат? Ако не настанал по пат на еволуција човекот зошто тогаш му ја вградил потребата да се храни со растенија и животни? Зошто не го конципирал да биде помалку зависен од околината? Зошто го спикал во еден ќош од универзумот, а не му дал однапред слобода да се движи каде сака? Зошто воопшто ја тестира неговата вера, кога е способен да му ја внесе 100%? Зошто би креирал армија од милијарди слепи поданици кои секојдневно се убиваат меѓусебе? Зошто барем не ги напраил интелектуално подеднакви луѓето, туку оставил едни да пијат каллива вода, а други да возат Мерцедес? - Толку многу прашања кои не ги одговара религијата.....не ги одговара ни науката, ама ако го најдовте одговорот на второто прашање во Дарвин - следните стануваат безсмислени и веќе одговорени....
Може да збориме за хомо еректусот, но не сме ниту антрополози, ни археолози - би имала сосем друг правец дискусијата.....но нели е поконструктивно да се разговара внесување на поголема флексибилност и надградување на религиозните учења? Сите религии имаат во голема мерка коректен етички пристап, но и купови од нерешени прашања за кои не покажуваат интерес да се променат. Зошто мислите дека ќе се сруши митот? Еве, луѓе како мене сериозно се одвојуваат од религијата токму заради тоа - страв од некакво ревидирање заради традиција, некакви „вредности“ кои и без тоа многу не се почитуваат....знам, досадно е на некого да му раскажуваш за 14 милијарди години - полесно е у седум дена се' да се заврши исто како што е полесно на некого да му се закануваш дека некој константо го гледа и му ги чита мислите отколку без заплашување да го наведеш на пат да биде корисен и добар човек....
Идејата ми е дека треба да покажете поголема отвореност кон исто така посветеноста на луѓе, интелектуалци кој решиле пешки да ја качат планината, тие барем ја гледаат планината пред себе, а вие сакате да си седите во полето....Германците викаат der Weg ist der Ziel.....што ќе ви е животот инаку? Слепо да одите, некаде и некогаш?
Батка терај си понатаму

Глеам што те мачи - библискиот антропоморфен пристап кон Бог, и религиските учења врзани за истиот.
За хомоеректусот не си антрополог да дискутираш, ама за 14 милијарди години си експерт да ја согледаш еволуцијата. Ама не се ни 14 милијарди нели? Мнооогу помалку се за хомоспаиенсот. Ќе мора да се ревидира бројката.
Убава ти е идејата за отвореност. ПОчни од себе. Остави си можност за другите концепти.
Не отфрлај интилигентен дизајн, кога истото тоа го прави и нашиот вид.