Пријателски поздрав за „шерифите“ на темава, прво и основно. Гледам дека се обидувате симултанка да праите у темава и делувате прилично одбивно во истиот обид.
Текстот од НГ е многу фин. Како што и самиот наслов завршува со прашалник....
скепсата кон теоријата на Дарвин постои - постои и кај мене.....сепак е текст од 10 страни кој само грепка по некои прашања и поттикнува на додатно размислување кое е добродојдено - ако е издржано, научната јавност ќе му даде соодветно значење и ќе ревидираат заклучоците кои биле базирани на погрешни или недоволни докази...
Отсуството на скепса кај вас двајца и заедницата (чиј број во светски рамки драматично опаѓа) е „Феноменот“ за истражување. Јас горе нафрлив извадок од СФ филм и ви пикнав трн во око, па ме пречекавте со стапови....ете, одговорете го прашањето и ќе продолжи животот понатаму, ништо лошо нема да се случи....
Прво и основно, постои генерална конфузија околу ставовите на црквата за староста на планетата....ставот е менуван од разни црковни авторитети некоординирано од проста причина што се базира на рекла-казала - нешто што ќе звучи страшно, убедливо (па ај може нешто ќе убоде некој од поповите)....после ве читам во темава, дека се обидувате да измислите во меѓувреме некаква еволуција која не е случајно водена (туку од „некого“), не е коректно делумно прифаќање на концептот - ај договорете се за официјален став, па да праиме муабет...научниците прифаќаат дека немаат конечни одговори на се', но се во константен процес на прибирање докази и дополнување на сознанијата....
Коренот на проблемов во човечките карактери, не е ниту во Дарвин, ниту во црквата....вие сте класични примери на не-скептично, догматско размислување кое е непресушен извор за преживување на црковната организација и после толку силни удари кои и се нанесени од науката на фундаментално ниво. И покрај се, истите тие што еволуцијата ја сметаме за поприфатлива претпоставка за еден процес (кој нема сведоци, ама има материјални докази) покажуваме разбирање кон новите истражувања кои ќе ја надополнат работата на Дарвин (а може и ќе ја отфрлат - ова потешко малку)....за разлика од другите по чии принципи ќе требаше да живееме во пештери без свеќи - затоа што и свеќата е плод на некакво истражување....
Јас не го отфрлам постоењето на креатор, дури и може да кажам дека верувам, верувам во неговата креација, одам по нејзе, го дишам нејзиниот воздух, дел сум од нејзе.......ама не им верувам на луѓето со бради и црни мантии - верувам во постоењето на нивните коли и имоти, ама не и нивните приказни за креирање на светот во 7 дена само за да ми ги задржат парите.......се работи за „теорија“....
http://en.wikipedia.org/wiki/A_Short_History_of_Nearly_Everything - моја препорака како за почеток....историски преглед на развојот на науката, многу читлив и разбирлив и не влече заклучоци што е најважно...
Само сакам да ве упатам дека има и такви луѓе кои не го отфрлаат постоењето на Бог (не сум атеист), ама и не ги следат слепо постулатите на црковната организација - сепак се работи за човечка заедница со пирамидална структура, финансиско и имотно богатство и интереси истите да се задржат и одржат во живот....
Да не испадне дека како вас одговарам со прашања....за хомо-еректусот -се работи за вид кој е поврзан со хомо-сапиенсот....користел орудија, оган - постојат сериозни материјални остатоци од орудијата, коски, евидентирани од современата наука...што е поентата на прашањето?