Одлично, фала! Може да зборуваме понатаму....
Несмасна паралела е ама Велија е у ќелија за неплаќање данок или како сопственик на медиум што лаел против власта.....така да, Бруно е спален заради своите несоодветни (за црквата) филозофски размислувања и делувања - што и да расукаваме понатаму кога поентата ми беше дека „се што не е верува во црквата треба да се убие“....а беше во контекст на зачмајување и назадување на научната мисла низ вековите - за која нема потреба да се трудиш да ја негираш....
Друже, мои вистини? Па ти и Сикерт ги заобиколувате одговорите, одговарате со прашања.....„моја историја од 6-то“ Ок, не се лутам...само, така не бива конструктивен муабет...
Батка ако имаш нешто да ме прашаш, прашај ме мене директно. Јас те прашав конкретно за еволуцијата на хомосапиенсот и конкретно на темава. Ти си тој што не одговара и бега од одговори.
Повторно празен муабет за црковната философија од темниот среден век и Џордано Бруно.
Остави ја црквата, за неа дискутирај си таму кај што и е местото. Никој не те прашува и не ти набива на нос црковна философија.
Јас се нервирам кога некој однапред доаѓа тука со став дека тој е атеист, а благе везе нема од истото, и со сознанијата за еволуцијата од билогија за 8мо одделение се фура у фазон, и отфрла се друго како можно.
За да после тоа ретерираш и кажеш дека и ти си скептик кон Дарвин.
Се слушаш ли себе си?
Зарем мислиш дека некој што е верник навистина мисли дека некој на небото бел старец со стапче чека на твоја грешка и ти го води животот?
Пробај да одговориш за претходно поставеното у контекст на темата.
Ме интересира и твое размислување како од 500 гени на едноклетоќен организам дошло до 20 000 гени на хомо сапиенс. Можеш ли да кажеш свој став за ова на пример, различен од она абе верницит ене се у право, не чини приказната за Адам и Ева.
Па ти чоек не знаеш ни верник да препознаеш.
Еве ќе ти олеснам, далеку сум јас од верник, ама секогаш ќе застанам на нивната страна, поради ваквите испади на новопоечени самонаречени атеисти, кои имаат поголеми догми и од верниците.
Повели одговори на двете прашања поврзани со твојата икона Дарвин.
п.с. Атеизам е човечка конвенција, која се родила како потреба да некои луѓе се обединат во една групација, која ќе го негира библискиот антропоморфен поглед за Бог.
Арно ама, тоа е антитеизам, . Толку, ништо повеќе. Атеизам не е исто со антитеизам. Атеизам е негирање на секаков концепт на Бог, барем етимолошки.
Имаш концепт Бог = Јас.