Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Баш ме интересират на крајот шо очеквеше ? Пошо викаш филмот во глобала ти бил интересен али крајот те изневерил ? Си очекувал некој бум на крајот или ? Штета што реално беше претставена атмосферата во поротата,па не беше оставен простор за некој чудесен незаборавен крај... глеај го и преработката од 97,ако случајно црно белата снимка ти предизвикуваше некакви тегоби.
Не ми сметаше црно белата снимка.

Не очекував ништо посебно, ама што знам некако ептен од нигде никаде ми дојде крајот.
90 минути напната атмосфера помеѓу 12 луѓе за на крај сите среќни и задоволни да си излезат од судницата туку така.
Барем некако да завршеше по клише ќе ми беше ок. Онака сите на крај да сфатеа нешто од целиот тој процес за себеси, за животот. Нешто во тој стил.
И сега некој ќе каже дека последниот што го смени гласот сфатил дека не требало толку да биде строг кон своите деца (пошто нели на крај сликата ја искина) ама сето тоа беше 5 секунди работа. Се некако пре суптилно заврши.
И зошто Хенри Фонда единствен во случајот виде нешто што другите не видоа.
Знам дека тоа се објаснува во филмот и има смисла ама ете јас некако потајно мислев дека ќе има некоја поголема причина за тоа зошто Фонда беше во одбрана на детето додека сите беа против него. Барем 5 минути подолг да беше филмот да објаснеа нешто..што знам дека Фонда порано бил во затвор краток период иако бил невин па сега се обидува да ја изнесе правдата на виделина ќе ми помогнеше да спијам навечер мирно :D
 
12 angry men е добар филм што има антиклимактичен крај.
Антиклимактичен :facepalm:

Постовите ти се антиклимактични! Што год тоа да значи...

На 12 Angry Men јас не се помрднав од место, толку ме држеше во напнатост. Прво, треба да уживаш во дијалозите, глумата, карактерите. 12АМ е класика, крајот не е за да извади филмот туку филмот треба да биде комплетно остварување. Случајот е небитен и ако си се фокусирал на случајот си го промашил филмот.

Сега ако толку ти се гледа ваков филм со климактичен крај, пробај со Runaway Jury.

И немој си го хејтал Гленгари Глен Рос оти те ставам 3 месеци на игноре и ти фрлам клетва поврзана со Рафа.
 
Човек да не смее да напише мислење за филм, сите ќе му се нафрлат. Од сега и ја како Плух. Ништо што нема боја не смее да се гледа.

Не реков дека филмот не е добар. Ај нема везе.
Ова е како да те убедувам дека навиваш за погрешната екипа и дека си требало да навиваш за Реал или Јунајтед пошто многу луѓе во светот го сакаат токму тој клуб :D
 
Па и да речеше дека филмот е добар ќе ти скокневме. Што е тоа „добар“? Како Iron Man добар или како Фајкла добар...?
 
Па и да речеше дека филмот е добар ќе ти скокневме. Што е тоа „добар“? Како Iron Man добар или како Фајкла добар...?
Добро нормално дека е подобар од Ајрон Мен, иако филмови од различни жанрови не се споредуваат.
Ама еве пошто те интересира како мислам дека е добар да речеме дека е подобар од "A Clockwork orange" :)
 
Што ти е гледано од овие:

- Reservoir Dogs
- The Man From Earth
- Glengarry Glen Ross
- Dial M for Murder
- Rear Window
- The Breakfast Club
- Hard Candy

?
 
(се осеќам како на испит/психајатар да сум :ROFLMAO: )
Е па еве ти домашна тогаш: ставај се на даунлоад.

Ќе ти ги прошири хоризонтите, разбираш :)
 
Разбравме дека си го изгледал Хичкок, сите зборуваат за тоа...^^ :cool:
 
Ако (ми) го изхејта и man from earth ќе направам петиција да го банирате :D
Добро е шо има клизматичен (?) крај
 
Сите имаат заеднички именител, без разлика на жанрот и на квалитетот (погодуваш веќе...:rolleyes: ) А токму тоа му треба на нашиот мил Драгонски во овие тешки за него времиња, за да може духовно да се воздигне над бедотијата наречена Iron Man и да погледне подалеку. Храбро да отиде кај што ни еден фан на Челзи не отишол порано.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ако (ми) го изхејта и man from earth ќе направам петиција да го банирате :D
Добро е шо има клизматичен (?) крај
http://en.wikipedia.org/wiki/Climax_(narrative)

Е па филмов наместо да го направи тоа што го вика во линков
turning point of a narrative work is its point of highest tension or drama or when the action starts in which the solution is given
Ни turning point, ни point of high tension, ни action starts, ни solution is given.

И кај ми се фативте за тој Ајрон Мен...
Реков дека првиот Ајрон Мен е онака ок, просечен филм малце подобар од останатите филмови на Марвел кои што се подпросечни.

Ваљда овие филмовиве Ио што ми ги препорача не се за сите :cautious:
 
Ваљда овие филмовиве Ио што ми ги препорача не се за сите :cautious:
Ова Ио ти рече да го пишеш за јас да ги гледам филмовиве? :D

Инаку штом јас ги имам изгледано повеќето а останатите у вачлиста, нема да имаш проблем со хипстерај
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom