Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

G

Geezer

Гостин
Германски стручњаци, а? Ништо од вистината тогаш.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.646
Поени од реакции
22.377
Не сум голем љубител на теории на заговор, напротив 90% од нив се неточни и лесно може да се негираат со јасни докази/аргументи. После неколку дена и многу текстови и изјави поврзани со случајов што ги читнав морам да кажам дека нешто не е јасно во оваа работа, односно дека има повеќе од официјалната верзија на несреќен случај. Исто така 2 дена по случајов го поминав тој дел каде што се случила незгодата и како искусен шофер со многу поминати километри на разни патишта низ континентов можам да кажам дека, барем тоа е моја проценка, дека не е многу вероватно дека Младенов така излетал како што сакаат да ни кажат. Од лично искуство можам и да проценам како реагира кола при екстремни случаеви, су возел и „тестирал“ нов Мерцедес при вакви поекстремни кривини со поголема брзина и знам како реагира колата и тешко е за поверувајне, барем за мене, дека излетал без ништо. Ако земам предвид трагите од кочејне можам да заклучам, дека Младенов сепак реагирал и дека реагирале безбедноснине системи на колана. Тоа поред мене и ја негира опцијата дека Младенов заспал на волан. Покрај сево ова ме буни фактот што ниедна камера не работела, како е тоа можно? Како тие само не работат при вакви случки а работат ко ќе треба да се открие афера или за да се казни некој? Тоа со сметките од патарината е уште една чудна работа, плус. Колку и да не верувам во заговори но во сегашнава Македонија за жал за мене се е можно, посебно вакви работи. Ми дојде одма на ум дека низ историјата после револуции или други преземајна на власта првите дена, во гужвата, прво се ослободиле од противниците/опозицијата/заканите на новата власт, па ми се чини овој случај после големите победи на избориве баш го потврдува тоа. Ме нервира само тоа што нема да ја дознаеме вистината и дека ќе се вртат вечно шпекулации.

Иначе ја бев редовен читател на Фокус сиве години наназад. Како редовен читач и внимателен слидител на настаните во Македониај можам само да кажам дека Фокус не беше опозиционен весник. Тоа е погрешна проценка. Фокус беше независен и реален весник, даваше критики каде што требаше ама имаше и поддржувачки текстови за добри работи. Пример годините помеѓу 2002-2006та беа можеби најжестоките од Фокус. Јавно се поддржуваше промена на власта и исто така првото време после промената на власта од 2006 натака на почеток Фокус беше многу поублажен со Греувски оти, како што е и моја проценка, барем до 2008 добро се работеше, така беа и текстовите во Фокус. Од 2008 натака до денес работите станаа јасни накаде се движи државата и исто така тука негде во Фокус се дезилосионираа и почнаа со пожесток тон. Но реално тоа беше само реакција на политиките на власта кој до денес стануваат се погубитнички.
 
Член од
2 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
36
Најпрво, со „мало“ задоцнување, да го изразам моето длабоко сочувство до семејството Младенови иако се сомневам дека во овие тешки моменти истото ќе стигне до нив, а и доколку тоа се случи во никој случај не ќе може да ја намали болката за огромната загуба. Веста за големата трагедија ме погоди повеќе од што би можела да замислам иако не го познавав лично. Се чувствувам како да сум загубила член од семејството. Со загинувањето на Младенов, Македонија го загуби веројатно најдобриот новинар, еден од најострите умови, но пред се загуби голем човек кој доколку веќе не го оставаа да живее во мир се надевам дека барем ќе почива во мир.

Како што еден од членовите веќе спомена во Македонија се случува „природна чистка на квалитет и доминација на простотилак“. Само не сум баш сигурна колку е „природна“ чистката. И не, познатите не се отпорни на несреќи. Но во држава во која знаеме како власта се справува со своите неистомисленици, загинувањето на еден од ретките критички настроени новинари два дена по првиот круг од локалните избори и тоа враќајќи се од општина во која едниот од кандидатите не извојува победа уште во првиот круг за само 270 гласа со околу 1000 неважечки ливчиња, а гласачките кутии од Центар до Центар „патуваа“ околу три дена и тоа како има причини за сомневање.

Колку што успеав да приметам никој од членовите кои се сомневаат во случајното излетување на Младенов не ја посочи неговата влијателност на јавното мислење како причина за евентуалната ликвидација, туку можноста тој да поседувал информација која некому не му одговарало да биде обелоденета. Со оглед на непоткупливоста на Младенов веројатно тоа би бил единствениот начин да се замолчи. Точно е дека не допирал до мнозинството затоа што во овој период беше етикетиран како „комуњар“ кој „одработува“ за опозицијата. За жал неговите обиди да ги отвори очите на Македонецот веројатно во најголем дел беа неуспешни затоа што нему му е фино да ги држи затворени. Неколкуте кои успеал да ги отвори не можат да ги надоместат неговите затворени засекогаш.

Членовите со забелешки од типот „уште не се оладил“, „престанете со теории на заговор и оставете го да почива во мир“ сфаќате дека доколку ние кои се сомневаме сме во право заговорот го направил некој друг, а доколку тоа не се случело човекот воопшто не требало и немало да почива во мир? Доколку е ликвидиран, а нарачателите и извршителите не се казнат ќе почива во мир? Човекот кој се занимавал со истражувачко новинарство, кој се борел против земањето на работите здраво за готово, ќе почива во мир ако неговите колеги воопшто не се ни обидат да ја истражат сомнителната сообраќајна несреќа?

Причини за сомнеж има многу. Еден од членовите ги има наведено најголем дел од прашањата за кои нема одговор. Првично се објави дека несреќата се случила утрината за да подоцна се дознае дека истата се случила пред полноќ. Сопругата пријавила изутрината за да излезе дека тоа го направила уште вечерта. Одвај го извлекоа од возилото за подоцна да се дознае дека телото било оддалечено 20 метри од возилото од кое излетал иако се отвориле сите перничиња секако претходно не заборавајќи да удри со градите во воланот. Се појавија фискални сметки отпорни на атмосферски влијанија за кои мислам дека се дополнително фрлени на местото на несреќата. Не одговорил на многу телефонски повици иако имал обичај тоа да го прави во најбрз можен рок. Никој не се сретнал со него по 20 часот и бесцелно возел на релација Скопје-Велес-Скопје. Камерите на патарините не работеле. Им беа потребни повеќе од 12 часа да го откријат на фрекфентен автопат преку мобилниот телефон кој мистериозно исчезна. Очевидец на „несреќата“ нема. Банкината по која „лизгал“ по само неколку метри ја пробил „хируршки“, како што спомена еден член, под прав агол. Седум дена по трагичниот настан нема никакви информации од истрагата. Само за потсетување доколку е тоа случај ова нема да биде прво постизборно убиство, ниту прв обид за негово заташкување. И да, неизразувањето на сочувство на Груевски не е недостиг на лицемерие туку на манири.

Што се не прочитав. „Се занел, заспал, му паднала цигарата, му пукнала гума“. Можеби му се одврзала врвката од обувките и се наведнал да ја врзе. Или му се слошило како на Нешкоски. Со оглед дека беше демантирано дека резултатите од токсиколошките анализи се негативни не треба да се отфрли можноста и да му се припило некој алкохолен пијалок, па бидејќи во Скопје нема локали во кои би можел да биде услужен со истиот, решил да дојде во „мојот“ град. И тоа жедта била толку голема што не можел да ја изгаси првиот пат па морал да се враќа повторно.

И не разбрав баш. Колку броеви од неделникот и/или дневниот весник „Фокус“ треба да поседувам за да почувствувам неизмерна тага (и истата да ја изразам) за загубата на човекот чие име кога ќе го слушнев меѓу оние на гостите поканети на дебатна емисија ми затреперуваше срцето од радост? Колку време треба да сум почитувач на неговиот лик и дело за три дена буквално да не можем да се соберам? „Фокус“ немаше онлајн издание, а некои од нашите граѓани немаат пари за леб, а не за весник. Јас интензивно го следев последните отприлика две години. И тоа само неговите настапи на дебатните емисии. Имам право да почувствувам тага за загубата на човекот кој и покрај сите преживеани вербални и физички напади од политичарите не се откажал? Имам право да чувствувам неизмерна почит кон него откако дознав што се пребродил? Имам право да се чувствувам недостојно што воопшто пишувам за него затоа што јас на негово место би се откажала? Слушнал некој за она „Колку нешто ни значело сфаќаме дури откако истото ќе го изгубиме“?

Се двоумев и дали воопшто да ставам негова фотографија со фразата со која целосно се согласувам, но за која не знаев дека постои, затоа што модерно е деновиве да ја цитириш, а утре веќе да заборавиш кој бил воопшто Никола Младенов, а да не зборуваме за тоа за што се залагал. За продолжување на неговата „мисија“ веројатно никој не би ни помислил. Иако не чувствувам потреба да се правдам некому само куса информација дека фотографијата ќе остане и кога нема да биде „модерна“.

Великан како Младенов треба да служи за пример на новите генерации. Но младите ќе се огледаат на „успешните“ политичари кои се спремни да газат преку трупови за да останат на власт, наместо на „пропаднат“ новинар кој деновите ги минувал по судовите и кој трагично го заврши својот живот. Кај нас интелектуаците не поминуваат баш најдобро затоа и не служат како пример на младината.

Се согласувам дека истрагата ќе се одолговлекува се додека никој веќе нема да се интересира за нејзиниот епилог. Народот (или поголемиот дел од него) ќе заборави и дека воопшто постоел човекот за кој по неговата смрт го искажувал својот восхит. И сега само една политичка партија и мал дел од новинарите изразија сомнеж за вистинските причини за „несреќата“. Стравот е всаден. Мозоците испрани. Така што најверојатно нема да имаат поголеми потешкотии да ни „сервираат“ фина приказна која ние уште пофино ќе ја „проголтаме“. Нема да ни биде првпат. Веќе сме одлично истренирани.

Почивај во мир голем човеку. Иако не верувам, се надевам дека еден ден ќе се открие вистината за твојата смрт и дека истата нема да биде залудна.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Freedom of speech
Да си ми жива и здрава, подобар текст немам прочитано со години. Не само за Никола туки и генерално. Оваа реченица опишува најдобро ...

Македонија се случува „природна чистка на квалитет и доминација на простотилак“. Само не сум баш сигурна колку е „природна“
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Фокус немам читано сигурно преку 10 години. За Младенов прв пат дознав кога се појави веста за неговата смрт. Првото прашање кај вакви случаи е секогаш, дали бил убиен или не, еден член имаше напишано дека можеби е и самоубиство. Откако ќе се разјасни ова прашање, наредно ќе биде кој го убил, иако гледам дека тие што ги разглабаат теориите веќе имаат и одговор. Откако ќе го најдат убиецот наредната теорија ќе биде... „не е тој убиецот, овие само ни ги мачкаат очите“. Не само кај нас, на сите луѓе им е „интересно“ да си прават вакви теории на заговор и не верувам дека некогаш тоа ќе се промени. Поставувате многу прашања, а не се запрашувате дали сте вие тие кои заслужуваат одговор толку рано, само четири-пет дена после трагичниот настан. Искрено, кој сум јас, кои сме ние за да добиеме одговор? Можеби семејството не сака одговорот да биде даден јавно? Можеби раниот одговор на овие прашања би сметал на истрагата (каква и да е). Далеку од тоа дека слепо верувам во нашите институции, ама сигурен сум дека е рано да се даде одговор на кое и да било од нашите (вашите) прашања. Понатака, околку независното новинарство кај нас, не кажувајте приказни, нема таква работа. Ниту Младенов бил некогаш независен новинар, а Рамковски кој гледам некој упорно го спомнува уште помалце. Па Рамковски долги години беше во ист кревет со Груевски, виде дека овие можат да го затворат па почна да игра со Црвенковски, па ја користеше телевизијата за да малтретира инспектори (а и гледачи), итн, итн... не е битно. Околу Фокус, пишување против власта секогаш пали и ќе има постојана клиентела која ќе се менува на секои 4 години, тоа е бизнис моделот, на крајот се се врти околу парите, кој од сите нас (вклучувајќи го и Младенов) би пишувал колку да пишува, бесплатно. За тоа постојат блогови, иако и тие можат понатака да се се искомерцијализираат. Околу тужбите, пред да објавиш каква и да е вест, треба убаво да ги провериш изворите и доказите за таа вест. Во земјава се накотија еден куп полуписмени новинари, објавуваат секакви глупости и кога ќе ги тужи некој одма се игра на карта дека нема слобода кај новинарството. Верувам дека има притисок кај добрите истражувачки новинари, ама секогаш имало правила на игра. Тужбите се составен дел од новинарството, не само кај нас, во „диктаторска“ Македонија. Упм, не направивте како Северна Кореја.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Ne znam dali ja znaete knigata Kriv Pravec (kniga koja mnogu retko moze da se najde, ako ne se lazam i zabraneta e ali ne sum siguren) ... imase nekolku dela ... ali citav eden od delovite na taa kniga kade sto ubavo se opisuva za vremeto na vladeenjeto na Branko kako se vrsele atentati ... Stanuva zbor za nekakov gas koj go vbrizguvaat/pompaat vo gumata.Pri opredelena brzina i opredelena krivina (koja pak krivina sozdava pritisok vrz gumata poradi naklonot koj se sozdava koga kolata upagja u krivina ) gasot koj go vkaruvaat vo gumata se zagreva ili se sozdavase nekakov pritisok i vo opredelen moment stignuva do tocka vo koja gumata puka a naj verojatno toa se slucuva koga vozis so nad 100kmh i u krivina gumata se prska i izletuvas u kurac sose kolata kakva saka neka bide.... toa go pisese vo knigata deka taka imaat umreno nekolku lugje u MK ..... dali mozebi i tuka ne e istiot slucaj ?
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Денеска се врши дополнителен увид на местото каде што загина Младенов.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Абе го скинал некој, што не умре Љатас а не овој што кажува цело време вистина на некого му смета
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.485
уште еднаш ќе кажам како компентентен за вакви случаеви:оштрото кинење на банкината и ширината на скинатиот дел приближно со ширина како и мерцедесот,еднозначно утврдува дека брзината на движењето била многу голема.

тоа е како да пробате со метален предмет-шипка да пробате со рака да направите дупка во метален лим,изобличувањата ќе бидат многу поопширни него дијаметарот на шипката,додека ако истото се проба со голема брзина(метак) отворот ќе биде широк скоро колку и метакот.

сосема друго прашање и зошто Младенов возел толку брзо,дали бегал од некого,дали бркал некого,или соема нешто трето
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
уште еднаш ќе кажам како компентентен за вакви случаеви:оштрото кинење на банкината и ширината на скинатиот дел приближно со ширина како и мерцедесот,еднозначно утврдува дека брзината на движењето била многу голема.

тоа е како да пробате со метален предмет-шипка да пробате со рака да направите дупка во метален лим,изобличувањата ќе бидат многу поопширни него дијаметарот на шипката,додека ако истото се проба со голема брзина(метак) отворот ќе биде широк скоро колку и метакот.

сосема друго прашање и зошто Младенов возел толку брзо,дали бегал од некого,дали бркал некого,или соема нешто трето
ЈАс ке те прашам друго прашање би возел ли некој на 200 метри од патарина толку брзо за да како што викаш ти се направи тоа оштро кинење
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
извор НОВА МАКЕДОНИЈА
Екипата на Нова Македонија вчера се обиде да направи реконструјција на патувањето на новинарот Никола Младенов, поминуваајќи ја делницата што тој два пати ја возел пред кобната несреќа кај клучката Хиподром.
Реконструкцијата ја правевме зимаајчи во предвив четири параметри: брзината на движењето на возилото, раздалеченоста меќу патарините на релацијата Скопје-Велес и во обратен правец, времето за кое се стигнува од една до друга наплатна рампа и временската синхронизираност на фискалните апарати и евентуалното нивно отклонување од реалното време.
Бидеејќи е еден од главните моменти во истрагата, брзината на движење ние ја приспособивме на онаа што е пропишана од сообраќајните инжињери на оваа делница и означена на сообраќајните знаци.
Се движевме во просек со брзина од околу 100км на час, земаајќи во предвид дека максималната дозволена брзина е 120 а на одредени делови изнесува 80км на час.
Според бројките што ги добивме и заклучокот што сам по себе се наметнува, на еден дел од делницата за која ги имаме фискалните сметки на мерцедесот, поточно меѓу патерините Сопот и Отовица на автопатот Скопје-Велес-Скопје од двете страни на Велешко Езеро, Младенов некаде се задржал повеќе од половина час.
Можно е тоа да било во Велес или кај Велешко Езеро.
Дали се сретнал со некого, засега е нејасно.

ВОЗЕЊЕ СО ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Со нашиот автомобил рено клио на наплатната рампа петровец вчера бевме во 13.12 часот. На фискалната сметка што веднаш ја добивме е испишано времето 13.09 што е разлика од три минути, која не игра голема улога.
Делницата од Петровец до Сопот која изнесува 27.5 км ја поминавме за 22 минути, речиси исто онлку колку што му требало на Младенов, кој според информациите од полицијата Петровец го минал малку пред 20.30ч.
а на Сопот според белешките на патерините што ние ги проднајдовме на местото на несреќата, бил во 20.49ч.
Задоцнувањето од реалното време, според нашиот часовник и оној од наплатната рампа Сопот изнесуваше 3минути.
Оттука патот го продолживме кон наредната станица, патарината Отовица која се наоѓа на другата страна на езерото на автопатот Велес-Скопје, каде што стигнавме по само 11 минути, време за кое го извозевме патот долг 14.9км откако направивме круг влегуваајќи на автопатот преку клучката пред Велес.
Продолживме натаму кон Скопје. Инструментите од нашата командна табла покажаа дека од патерината Отовица до Петровец одалеченоста е 24.3км а таа делница ние ја минавме за 15мин движеејќи се со дозволената брзина означена на сообраќајните знаци.
Според фискалните сметки што Нова Македонија ги пронајде на местото на несреќата , кои истражните органи не ги пронајдоа при чешлање на теренот, првиот пат Младенов на рампата во Сопот бил во 20.49 а во 21.10 ја минал Отовица. Значи него му биле потребни 21 минута за да го извози патот меќу двете наплатни рампи, или десет минути повеќе отколку што ни беше потребно нам, возеејќи со законско пропишаната брзина, дали Младенов возел многу бавно или некаде застанал по пат, тешко е да се оцени.

Мистериозни 35 минути
Но откако го завртел кругот до Петровец вториот пат истата делница како што веќе објавивме ја минал за 25 минути подогло од првиот пат. Односно на сопот бил во 22.04 а на Отовица 22.50ч. Дали навистина вториот пат му требале 46 минути за да ја мине делницата? Да потсетиме оти ние со нашето редакциско рено ја минавме истата делница за 11 минути!
Постојат две можности. Или Младенов возел пребавно, многу под пропишаната, или во меќу време застанувал некаде односно можеби имал средва токму во регионот кај Велешко Езеро. Можное е и да се задржал во Велес и тоа подолго затоа што стануива збор за временска разлика од 35минути!
Поверојатно е некаде дека се задржал подолго од половина час, бидеејќи ретко кој на автопат вози со многу помала брзина од дозволената.Напротив безмалку сите го газат педалот за гас.
итн итн итн :)
па сеа ви проценете сами дали кога иде некој да се издува вози ко желка, или пак вози лудо притоа застануваајќи да прави пауза по патот така од чиста мира :unsure:
A ne e mozno na patarina kako sto si znaat da pravat pa da mu dadat odnapred iskucana beleska.. .
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.755
Фокус немам читано сигурно преку 10 години. За Младенов прв пат дознав кога се појави веста за неговата смрт. Првото прашање кај вакви случаи е секогаш, дали бил убиен или не, еден член имаше напишано дека можеби е и самоубиство. Откако ќе се разјасни ова прашање, наредно ќе биде кој го убил, иако гледам дека тие што ги разглабаат теориите веќе имаат и одговор. Откако ќе го најдат убиецот наредната теорија ќе биде... „не е тој убиецот, овие само ни ги мачкаат очите“. Не само кај нас, на сите луѓе им е „интересно“ да си прават вакви теории на заговор и не верувам дека некогаш тоа ќе се промени. Поставувате многу прашања, а не се запрашувате дали сте вие тие кои заслужуваат одговор толку рано, само четири-пет дена после трагичниот настан. Искрено, кој сум јас, кои сме ние за да добиеме одговор? Можеби семејството не сака одговорот да биде даден јавно? Можеби раниот одговор на овие прашања би сметал на истрагата (каква и да е). Далеку од тоа дека слепо верувам во нашите институции, ама сигурен сум дека е рано да се даде одговор на кое и да било од нашите (вашите) прашања. Понатака, околку независното новинарство кај нас, не кажувајте приказни, нема таква работа. Ниту Младенов бил некогаш независен новинар, а Рамковски кој гледам некој упорно го спомнува уште помалце. Па Рамковски долги години беше во ист кревет со Груевски, виде дека овие можат да го затворат па почна да игра со Црвенковски, па ја користеше телевизијата за да малтретира инспектори (а и гледачи), итн, итн... не е битно. Околу Фокус, пишување против власта секогаш пали и ќе има постојана клиентела која ќе се менува на секои 4 години, тоа е бизнис моделот, на крајот се се врти околу парите, кој од сите нас (вклучувајќи го и Младенов) би пишувал колку да пишува, бесплатно. За тоа постојат блогови, иако и тие можат понатака да се се искомерцијализираат. Околу тужбите, пред да објавиш каква и да е вест, треба убаво да ги провериш изворите и доказите за таа вест. Во земјава се накотија еден куп полуписмени новинари, објавуваат секакви глупости и кога ќе ги тужи некој одма се игра на карта дека нема слобода кај новинарството. Верувам дека има притисок кај добрите истражувачки новинари, ама секогаш имало правила на игра. Тужбите се составен дел од новинарството, не само кај нас, во „диктаторска“ Македонија. Упм, не направивте како Северна Кореја.
у принцип со целиот пост не се согласувам имам доста замерки али ајде ова блондираново највише така ме привлече.
Точно Рамковски беше близок со Груевски и веројатно ке останеше така доколку не се сврте против него, а дека ке го затворел тоа се смешки, Грујо не ги затвара истомислениците ако беше така Амди Бајрам и ред други требаше заедно со Рамковски у затвор да се.
Паметам дека Рамковски го напаѓаше Црвенковски дека камен на камен нема стаено и да престане да лаже дека ке гради и такви ствари. За потоа Рамковски целосно да застане од страната на Црвенковски а за возврат сигурно ке добиеше министерска функција у најмала рака.
Во тие избори кога рипаше многу Рамковски, Црвенковски изјави дека за премиер ке предложел некој кој е успешен бизнисмен, човек кој ја владее економијата па сеа вие видете.

Во врска со случајов дека ке се реши мала надеж ми дава вмешувањето на Мерцедес, барем да знаеме дали навистина е несреќен случај или се работи за ликвидација. да прекинат сите шпекулации околу ова
--- надополнето: 4 април 2013 во 19:07 ---
A ne e mozno na patarina kako sto si znaat da pravat pa da mu dadat odnapred iskucana beleska.. .
немаат потреба од такво нешто затоа што кога веќе даваат фискална сметка тие неможат да ги стават парите во џеб.
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Истрагата нема сомнежи за кривично дело во сообраќајката на Младенов




Нема индиции за основано сомнение за сторено кривично дело што би било причина за кобната сообраќајка, во која животот го загуби новинарот и сопственик на изданијата „Фокус“, Никола Младенов, велат од кај истражниот судија за Плусинфо.
Вештачењето на стаклата кои во голем број биле најдени на облеката на Младенов биле идентични со задното стакло од автомобилот, што укажува на фактот дека телото најверојатно, излетало низ задното стакло, дознава Плусинфо од извори во истрагата. Трагите кои биле подигнати од внатрешниот и од надворешниот дел на местото на сообраќајната несреќа се обработени во целост.

Вештите лица на крим техника ги доставија скиците од увидот на самото место, како и целокупниот материјал од криминалистичкото вештачење за сообраќајната несреќа која се случи минатата недела, потврди истражниот судија за „Плусинфо“. Записникот од сообраќајната несреќа, обработените докази, фотоалбумот, како и скицата која ја изработиле вештите лица денеска на пладне стигнала во Судот. И Институтот за судска медицина до истражниот судија ги доставил материјалите од обдукцијата поткрепени со видео и фотографски материјал од текот на обдукцијата.

- Според тоа што и после седум дена од несреќата, се водат истражни дејствија укажува на фактот дека до овој момент не постои основано сомневање за сторено кривично дело, па следствено на тоа и од тие причини не е отворена истражна постапка - велат од кај истражниот судија.

Од информациите до кои дојде „Плусинфо“ најверојатно нема да биде побарано од Машинскиот факултет да се направи техничко вештачење на возилото, кое би ја утврдило исправноста на кочниците, воланот, менувачот, пневматиците, бидејќи според вештачењето на собраните докази немало индиции дека причина за несреќата може да биде неисправноста на возилото.

Целокупниот доказен материјал ќе му биде даден на увид и на јавното обвинителство. Деталите за кобниот миг кога, како и кои биле причините возилото да излета и да заврши во ендекот, од Судот рекоа дека ќе ги соопштат за неколку дена, на пресконференција.

Катерина Гетева

http://www.plusinfo.mk/vest/87348/Istragata-nema-somnezhi-za-krivichno-delo-vo-soobrakjajkata-na-Mladenov

Е ова со излетувањево низ задно стакло баш би сакала да го видам на некоја демо снимка, а што е со седиштето, појасот и перничињата?!:facepalm:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.485
ЈАс ке те прашам друго прашање би возел ли некој на 200 метри од патарина толку брзо за да како што викаш ти се направи тоа оштро кинење
можеби го бркал некој па затоа брзо возел,тоа веќе го прецизирав дека друга тема,тоа е прашање ЗОШТО возел толку брзо

иначе има 9 километри до наплатна,а не 200 метри
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
33
Ke ima toptan istraga SMILKOVCE/BORIS TRAJKOVSKI / I NIKOLLA MLLADENOV za da pominat poevtino istragite i onaka e svetska ekonomska kriza
 

Kajgana Shop

На врв Bottom