G
Geezer
Гостин
Германски стручњаци, а? Ништо од вистината тогаш.
ЈАс ке те прашам друго прашање би возел ли некој на 200 метри од патарина толку брзо за да како што викаш ти се направи тоа оштро кинењеуште еднаш ќе кажам како компентентен за вакви случаеви:оштрото кинење на банкината и ширината на скинатиот дел приближно со ширина како и мерцедесот,еднозначно утврдува дека брзината на движењето била многу голема.
тоа е како да пробате со метален предмет-шипка да пробате со рака да направите дупка во метален лим,изобличувањата ќе бидат многу поопширни него дијаметарот на шипката,додека ако истото се проба со голема брзина(метак) отворот ќе биде широк скоро колку и метакот.
сосема друго прашање и зошто Младенов возел толку брзо,дали бегал од некого,дали бркал некого,или соема нешто трето
A ne e mozno na patarina kako sto si znaat da pravat pa da mu dadat odnapred iskucana beleska.. .извор НОВА МАКЕДОНИЈА
Екипата на Нова Македонија вчера се обиде да направи реконструјција на патувањето на новинарот Никола Младенов, поминуваајќи ја делницата што тој два пати ја возел пред кобната несреќа кај клучката Хиподром.
Реконструкцијата ја правевме зимаајчи во предвив четири параметри: брзината на движењето на возилото, раздалеченоста меќу патарините на релацијата Скопје-Велес и во обратен правец, времето за кое се стигнува од една до друга наплатна рампа и временската синхронизираност на фискалните апарати и евентуалното нивно отклонување од реалното време.
Бидеејќи е еден од главните моменти во истрагата, брзината на движење ние ја приспособивме на онаа што е пропишана од сообраќајните инжињери на оваа делница и означена на сообраќајните знаци.
Се движевме во просек со брзина од околу 100км на час, земаајќи во предвид дека максималната дозволена брзина е 120 а на одредени делови изнесува 80км на час.
Според бројките што ги добивме и заклучокот што сам по себе се наметнува, на еден дел од делницата за која ги имаме фискалните сметки на мерцедесот, поточно меѓу патерините Сопот и Отовица на автопатот Скопје-Велес-Скопје од двете страни на Велешко Езеро, Младенов некаде се задржал повеќе од половина час.
Можно е тоа да било во Велес или кај Велешко Езеро.
Дали се сретнал со некого, засега е нејасно.
ВОЗЕЊЕ СО ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Со нашиот автомобил рено клио на наплатната рампа петровец вчера бевме во 13.12 часот. На фискалната сметка што веднаш ја добивме е испишано времето 13.09 што е разлика од три минути, која не игра голема улога.
Делницата од Петровец до Сопот која изнесува 27.5 км ја поминавме за 22 минути, речиси исто онлку колку што му требало на Младенов, кој според информациите од полицијата Петровец го минал малку пред 20.30ч.
а на Сопот според белешките на патерините што ние ги проднајдовме на местото на несреќата, бил во 20.49ч.
Задоцнувањето од реалното време, според нашиот часовник и оној од наплатната рампа Сопот изнесуваше 3минути.
Оттука патот го продолживме кон наредната станица, патарината Отовица која се наоѓа на другата страна на езерото на автопатот Велес-Скопје, каде што стигнавме по само 11 минути, време за кое го извозевме патот долг 14.9км откако направивме круг влегуваајќи на автопатот преку клучката пред Велес.
Продолживме натаму кон Скопје. Инструментите од нашата командна табла покажаа дека од патерината Отовица до Петровец одалеченоста е 24.3км а таа делница ние ја минавме за 15мин движеејќи се со дозволената брзина означена на сообраќајните знаци.
Според фискалните сметки што Нова Македонија ги пронајде на местото на несреќата , кои истражните органи не ги пронајдоа при чешлање на теренот, првиот пат Младенов на рампата во Сопот бил во 20.49 а во 21.10 ја минал Отовица. Значи него му биле потребни 21 минута за да го извози патот меќу двете наплатни рампи, или десет минути повеќе отколку што ни беше потребно нам, возеејќи со законско пропишаната брзина, дали Младенов возел многу бавно или некаде застанал по пат, тешко е да се оцени.
Мистериозни 35 минути
Но откако го завртел кругот до Петровец вториот пат истата делница како што веќе објавивме ја минал за 25 минути подогло од првиот пат. Односно на сопот бил во 22.04 а на Отовица 22.50ч. Дали навистина вториот пат му требале 46 минути за да ја мине делницата? Да потсетиме оти ние со нашето редакциско рено ја минавме истата делница за 11 минути!
Постојат две можности. Или Младенов возел пребавно, многу под пропишаната, или во меќу време застанувал некаде односно можеби имал средва токму во регионот кај Велешко Езеро. Можное е и да се задржал во Велес и тоа подолго затоа што стануива збор за временска разлика од 35минути!
Поверојатно е некаде дека се задржал подолго од половина час, бидеејќи ретко кој на автопат вози со многу помала брзина од дозволената.Напротив безмалку сите го газат педалот за гас.
итн итн итн
па сеа ви проценете сами дали кога иде некој да се издува вози ко желка, или пак вози лудо притоа застануваајќи да прави пауза по патот така од чиста мира![]()
у принцип со целиот пост не се согласувам имам доста замерки али ајде ова блондираново највише така ме привлече.Фокус немам читано сигурно преку 10 години. За Младенов прв пат дознав кога се појави веста за неговата смрт. Првото прашање кај вакви случаи е секогаш, дали бил убиен или не, еден член имаше напишано дека можеби е и самоубиство. Откако ќе се разјасни ова прашање, наредно ќе биде кој го убил, иако гледам дека тие што ги разглабаат теориите веќе имаат и одговор. Откако ќе го најдат убиецот наредната теорија ќе биде... „не е тој убиецот, овие само ни ги мачкаат очите“. Не само кај нас, на сите луѓе им е „интересно“ да си прават вакви теории на заговор и не верувам дека некогаш тоа ќе се промени. Поставувате многу прашања, а не се запрашувате дали сте вие тие кои заслужуваат одговор толку рано, само четири-пет дена после трагичниот настан. Искрено, кој сум јас, кои сме ние за да добиеме одговор? Можеби семејството не сака одговорот да биде даден јавно? Можеби раниот одговор на овие прашања би сметал на истрагата (каква и да е). Далеку од тоа дека слепо верувам во нашите институции, ама сигурен сум дека е рано да се даде одговор на кое и да било од нашите (вашите) прашања. Понатака, околку независното новинарство кај нас, не кажувајте приказни, нема таква работа. Ниту Младенов бил некогаш независен новинар, а Рамковски кој гледам некој упорно го спомнува уште помалце. Па Рамковски долги години беше во ист кревет со Груевски, виде дека овие можат да го затворат па почна да игра со Црвенковски, па ја користеше телевизијата за да малтретира инспектори (а и гледачи), итн, итн... не е битно. Околу Фокус, пишување против власта секогаш пали и ќе има постојана клиентела која ќе се менува на секои 4 години, тоа е бизнис моделот, на крајот се се врти околу парите, кој од сите нас (вклучувајќи го и Младенов) би пишувал колку да пишува, бесплатно. За тоа постојат блогови, иако и тие можат понатака да се се искомерцијализираат. Околу тужбите, пред да објавиш каква и да е вест, треба убаво да ги провериш изворите и доказите за таа вест. Во земјава се накотија еден куп полуписмени новинари, објавуваат секакви глупости и кога ќе ги тужи некој одма се игра на карта дека нема слобода кај новинарството. Верувам дека има притисок кај добрите истражувачки новинари, ама секогаш имало правила на игра. Тужбите се составен дел од новинарството, не само кај нас, во „диктаторска“ Македонија. Упм, не направивте како Северна Кореја.
немаат потреба од такво нешто затоа што кога веќе даваат фискална сметка тие неможат да ги стават парите во џеб.A ne e mozno na patarina kako sto si znaat da pravat pa da mu dadat odnapred iskucana beleska.. .
можеби го бркал некој па затоа брзо возел,тоа веќе го прецизирав дека друга тема,тоа е прашање ЗОШТО возел толку брзоЈАс ке те прашам друго прашање би возел ли некој на 200 метри од патарина толку брзо за да како што викаш ти се направи тоа оштро кинење