Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Нови прашања

Сомнителни траги на камион на местото на несреќата

ЏПС-системот може за половина час да ги донесе клучните одговори во случајот со сообраќајната несреќа на новинарот Никола Младенов.

„Преку сигналот на мобилниот телефон лесно ќе се утврди каде се движел, со кого зборувал и дали во негова близина бил активиран друг мобилен приемник, односно дали со него во автомобилот било уште едно или повеќе лица. Министерството за внатрешни работи ја поседува таа опрема и нејасно е зошто не излезе во јавноста со овие информации“.

Ова се прашањата и дилемите што во разговор за „Утрински весник“ ги отвори поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=2209
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.671
Поени од реакции
11.750
извор НОВА МАКЕДОНИЈА
Екипата на Нова Македонија вчера се обиде да направи реконструјција на патувањето на новинарот Никола Младенов, поминуваајќи ја делницата што тој два пати ја возел пред кобната несреќа кај клучката Хиподром.
Реконструкцијата ја правевме зимаајчи во предвив четири параметри: брзината на движењето на возилото, раздалеченоста меќу патарините на релацијата Скопје-Велес и во обратен правец, времето за кое се стигнува од една до друга наплатна рампа и временската синхронизираност на фискалните апарати и евентуалното нивно отклонување од реалното време.
Бидеејќи е еден од главните моменти во истрагата, брзината на движење ние ја приспособивме на онаа што е пропишана од сообраќајните инжињери на оваа делница и означена на сообраќајните знаци.
Се движевме во просек со брзина од околу 100км на час, земаајќи во предвид дека максималната дозволена брзина е 120 а на одредени делови изнесува 80км на час.
Според бројките што ги добивме и заклучокот што сам по себе се наметнува, на еден дел од делницата за која ги имаме фискалните сметки на мерцедесот, поточно меѓу патерините Сопот и Отовица на автопатот Скопје-Велес-Скопје од двете страни на Велешко Езеро, Младенов некаде се задржал повеќе од половина час.
Можно е тоа да било во Велес или кај Велешко Езеро.
Дали се сретнал со некого, засега е нејасно.

ВОЗЕЊЕ СО ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Со нашиот автомобил рено клио на наплатната рампа петровец вчера бевме во 13.12 часот. На фискалната сметка што веднаш ја добивме е испишано времето 13.09 што е разлика од три минути, која не игра голема улога.
Делницата од Петровец до Сопот која изнесува 27.5 км ја поминавме за 22 минути, речиси исто онлку колку што му требало на Младенов, кој според информациите од полицијата Петровец го минал малку пред 20.30ч.
а на Сопот според белешките на патерините што ние ги проднајдовме на местото на несреќата, бил во 20.49ч.
Задоцнувањето од реалното време, според нашиот часовник и оној од наплатната рампа Сопот изнесуваше 3минути.
Оттука патот го продолживме кон наредната станица, патарината Отовица која се наоѓа на другата страна на езерото на автопатот Велес-Скопје, каде што стигнавме по само 11 минути, време за кое го извозевме патот долг 14.9км откако направивме круг влегуваајќи на автопатот преку клучката пред Велес.
Продолживме натаму кон Скопје. Инструментите од нашата командна табла покажаа дека од патерината Отовица до Петровец одалеченоста е 24.3км а таа делница ние ја минавме за 15мин движеејќи се со дозволената брзина означена на сообраќајните знаци.
Според фискалните сметки што Нова Македонија ги пронајде на местото на несреќата , кои истражните органи не ги пронајдоа при чешлање на теренот, првиот пат Младенов на рампата во Сопот бил во 20.49 а во 21.10 ја минал Отовица. Значи него му биле потребни 21 минута за да го извози патот меќу двете наплатни рампи, или десет минути повеќе отколку што ни беше потребно нам, возеејќи со законско пропишаната брзина, дали Младенов возел многу бавно или некаде застанал по пат, тешко е да се оцени.

Мистериозни 35 минути
Но откако го завртел кругот до Петровец вториот пат истата делница како што веќе објавивме ја минал за 25 минути подогло од првиот пат. Односно на сопот бил во 22.04 а на Отовица 22.50ч. Дали навистина вториот пат му требале 46 минути за да ја мине делницата? Да потсетиме оти ние со нашето редакциско рено ја минавме истата делница за 11 минути!
Постојат две можности. Или Младенов возел пребавно, многу под пропишаната, или во меќу време застанувал некаде односно можеби имал средва токму во регионот кај Велешко Езеро. Можное е и да се задржал во Велес и тоа подолго затоа што стануива збор за временска разлика од 35минути!
Поверојатно е некаде дека се задржал подолго од половина час, бидеејќи ретко кој на автопат вози со многу помала брзина од дозволената.Напротив безмалку сите го газат педалот за гас.
итн итн итн :)
па сеа ви проценете сами дали кога иде некој да се издува вози ко желка, или пак вози лудо притоа застануваајќи да прави пауза по патот така од чиста мира :unsure:
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Интересно е што Нова Македонија вака конкретно се бави со случајов (да не ме чујат и да му врзат заушка на новинаров)....добро, не се КУРир, ама не се многу опозиционо настроено гласило....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Или некој не може да го стави да си почива на мир и да ги остави надлежните институции да си ја завршат работата без да им се меша во штипки.

Новинарски мршојади.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
E mijalka mijalkaaaaa ...... plateni ubistva se pravat naj ubavo so kamion ;) .... a kako sto citame imalo tragi od kamion ;) .... znam za 2/3 ubistva ili obidi za atentati na lugje so kamioni ;) .... vo 85% od slucaite e uspesno .....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Таа кола има 47283838 системи за безбедност и кој се возел со таква кола или слична на неа знае дека на онакви кривини ако фати да шалта лево десно било поради неприлагодена брзина или дожд па лизгање се активираат системите и ја исправуваат колата. Е сеа дека возел Младенов 200 на саат па тоа било залудно малку морген но јасно е дека во "истрагава" нешто смрди и тоа надалеку.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Или некој не може да го стави да си почива на мир и да ги остави надлежните институции да си ја завршат работата без да им се меша во штипки.

Новинарски мршојади.
како е тоа почивање во мир?ако бил убиен и никогаш не се дознае вистината дали тоа е почивање во мир..
Да имаше некој верба во нашите институции немаше волку страни даи ма темата.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Знаете што е една од најлошите работи во вакви случаи? Секако дека знаете. „Истрагата ќе биде во тек“ долго време, се` до оној миг кога на сосем малку луѓе ќе им биде важно што навистина се случило. После ќе биде само бајата вест, ништо во споредба со она што, на пр. некоја Венди ќе го направи во Големиот Брат. Колективната меморија ни е како на јато златни рипки со специјални потреби. Утре, задутре, догодина, милион глупости ќе го истиснат овој ,можеби случаен, а можеби и не, настан.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Колективната меморија ни е како на јато златни рипки со специјални потреби.
Може и полоша од нивната....ова е најстрашно од целата приказна....
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Што толку се фатиле за фискалните сметки, можеби се од некои други возила.Од каде се толку сигурни дека се негови?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.671
Поени од реакции
11.750
Таа кола има 47283838 системи за безбедност и кој се возел со таква кола или слична на неа знае дека на онакви кривини ако фати да шалта лево десно било поради неприлагодена брзина или дожд па лизгање се активираат системите и ја исправуваат колата. Е сеа дека возел Младенов 200 на саат па тоа било залудно малку морген но јасно е дека во "истрагава" нешто смрди и тоа надалеку.
на другар татко му стално го вози тој пат, вози ауди а3 и вика со 120-130 без проблем си поминува кај таа кривина, значи неверувам дека брзината била проблем а и други кажаа дека има простор за маневар таму :)
--- надополнето: 3 април 2013 во 19:46 ---
Што толку се фатиле за фискалните сметки, можеби се од некои други возила.Од каде се толку сигурни дека се негови?
се поклопува времето плус и да се туѓи значи некој ги подметнал за да ја префрли истрагата у друг правец како и да е има нешто тука
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
на другар татко му стално го вози тој пат, вози ауди а3 и вика со 120-130 без проблем си поминува кај таа кривина, значи неверувам дека брзината била проблем а и други кажаа дека има простор за маневар таму :)
--- надополнето: 3 април 2013 во 19:46 ---

се поклопува времето плус и да се туѓи значи некој ги подметнал за да ја префрли истрагата у друг правец како и да е има нешто тука
Едноставно не ми се верува дека тим на форензичари може да промаши фискални сметки кои се клучен документ за реконструкција. o_O
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.671
Поени од реакции
11.750
Едноставно не ми се верува дека тим на форензичари може да промаши фискални сметки кои се клучен документ за реконструкција. o_O
едно е да несакаш да прифатиш а друго е реалноста во која живееме, незаборавај се дека се по партиска линија примени кои мн се нестручни
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Не се ни сомневав дека Мерцедес туку така ќе го остави случајот неразрешен за тоа што претрпело возилото. Сепак се работи за фирма со долгогодишно реноме и нормално дека има грижа за своите корисници.

Мене само не ми е јасно како може да се излета од ветробранско стакло и тоа 20 метри од самото возило кога си опкружен од сите страни со воздушни перничиња и поготово ако си врзан со појас?! o_O

Таа кривина сум ја возела безброј пати и преку ден и во црни темници и на дожд и на снег и во магла и никогаш не сум ја сметала за опасна, баш напротив, толку е блага што ни на крај памет не ми паднало да помислам на некаква опасност. Далеку поопасни ми се оние крпеницине од Велес до Катланово каде што нема никаква прегледност и каде што не знаеш што те очекува на секоја кривина. Во лента за претекнување наидов на гума од камион во црна темница, среќа што на време ја видов и закочив па се престроив и немаше возила околу мене и што е најтрагично никој не одговара за тоа. Македонија Пат е заштитена со закон.

Сепак случајов останува мистерија се додека некој не се заангажира темелно да го разработи, нормално доколку навистина сака да се разоткрие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom