Пробав да се самоубијам

  • Креатор на темата Креатор на темата 100janov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А која ти е маката што те тера да посегниш по таква реакција? Не ти се живее, те разочарал некој/а, лут си на животот, си загубил некој без кого не можеш да опстаниш? Проблемот мора да го пронајдиш и тука да се фокусираш, во спротивно ако кружиш само околу него и лелекаш, остануваш на иста патека.

Пример стануваш наутро. Го потслушуваш звукот на птиците кои допираат до сечие уво кое ги пратиш со мала мачнина поради поспаноста која сеуште те држи, но создаваат некое скокотливо чувство во стомакот. Низ воздухот се чувствува чадот од изгорените дрва во текот на минатата студена ноќ. Луѓето трчаат нагоре-надолу, свесни или несвесни дека се дел од хаосот со своето движење. Внуче шета со својот дедо држејќи го цврсто за рака, добива ужина како резултат на внатрешното исполнување кое го има неговиот дедо за присуството на малечкото покрај себе. Има и една прецвикана тетка со сто кила пудра која станала уште од 5 и 30 за да го спреми изгледот. Сонцето лека полека почнува да ја расфрла светлината, топлината по секој планински врв, поле, река, езеро, улица, лице, образ, око и прави капаците да се подзатворат со цел да се избегне неговата желба да си игра со тебе. Облаците немоќни нешто да променат почнуваат да движат по рамната површина, искажувајќи го гневот и бесот кон Сонцето која ја прикажува својата доминација уште еднаш. Се слуша звукот на по некоја кола, онака во работна атмосфера лута низ улиците на градот. И за момент настапува тишина. Го слушаш отчукувањето на срцето, го слушаш дишењето на воздухот, го осеќаш трепкањето на очите, ја чувствуваш температурата од природата, на себе, таа е тука за тебе, за сите нас. Дрвјата се цврство всадени во длабочините со своите корења, те гледаат и ти подзавидуваат на можноста да се движиш без никаква тежина, мака. Ти си еден од многуте патници кои секојдневно поминуваат покрај нив. Ти го знаат твојот од, твоите реакции, твоето дејствување, но само тивко набљудуваат без да можат да изговорат ниту еден збор. Сите тие те гледаат и чувствуваат со сета енергија како дел од себе, бидејќи ти си алката во целата енергија, ти си дел од нив. Целата твоја функција од раѓање останала меѓу нас. Воздухот кој го дишиш, си го дишел и ДОПРВА ЌЕ ГО ДИШИШ, останува меѓу нас, можам да го осетам и јас и било кој во твоја близина, тој е тука не оди никаде.
И додека твојот чекор без проблем ја гази земјата со сета своја слобода пред себе, во една од болнците во некоја од собите се слуша плач на бебе кое тукушто го осетило допирот на овој свет, во друга соба се наоѓа изнемоштен старец на кој му поминало времето и гледа со последни сили низ прозорецот со немоќ било што да промени. Во некоја соба од белата куќа млада девојка се разбудува покрај својот сакан и го бакнува на чело, му приготвува појадок и го допира на најнежен начин по целото тело. Во другата соба средновековна жена гледа Добро Утро Македонијо, слуша македонска музика, го пие утринското кафе. ВО трета соба спие момче, ужива во својот сон после бурната ноќ помината во забава и лудување до утринските часови. И така додека ти чекореше, едни доаѓаа, други заминуваа, трети со тешки болести кукаа по своите мака и го караа Бог да ги земи кај себе, бидејќи не се изджува таквата болка која корни делови од организмот, јади се од внатре, себично и сурово го нарушува секое парче радост на овој свет, додека најбислите липаат без можност било што да променат. И во сета таа убавина која во себе го содржи хаосот, ти сакаш да добиеш свој удел во истиот? Зарем нема да ти недостигаат некои од работите кои ги наведив, работи кои за некои моментално се недостижни бидејќи немаат сила да ги превземат работите во свои раце, зависат од друга сила која не оди во нивна полза. Ти здрав, прав, со разум каков што доликува ценејќи по твоето пишување, младич кој ништо не го боди, младич на кој многумина би му завиделе и без двоумење би побарале промена на позициите, влез во твоето тело, во твојата, сила, во твојата моќ, младич кој наидел на разочараност и бес кон животот............ЗА СЕ ИМА РЕШЕНИЕ, освен за тоа кое не настанува по наша волја, секавично, ненадејно, сега го гледаш, по минута го нема, заминало во неповрат. Последнава реченица ти ја пишувам бидејќи јас загубив човек без да можам да му помогнам, го гледав како се мачи и го чека моментот да се оддели од сите нас, но не по своја волја, не и по негова, туку по волјата на некој ,,трет" кој ете така сакал да го нема. Преиспитај се, клај го прстот на чело, животот е претерано убав за да би го завршил сам по своја волја.........

И кога некој денес би ме прашал за што жалам јас најмногу. Ова е мојот одговор......
За загубениот млад живот кој ме научи што е добра музика, што се добри филмови, што е култура, однесување, за личноста со која растев и во која се препознав идниот јас. За личноста која ја чекав скоро секој ден да намини и да ми пресними касета на касетофончето со нова музика. За личноста со чија помош ја отпревртив супер марио, текновите, нинџа желките и многу други нинтендо игри. Личноста која обожавав да ја гледам како игра сложени игри на подоцнежните таканаречени компјутери, на која и бев редовен гледач, без никаква желба да заиграм и јас. Личноста со која често ги посетувавме кошевите во медицинското училиште. Личноста со која седев до доцните утрински часови на терасата од третиот спрат, пиејќи сокче-бело винце и гледајќи во ѕвезденото небо. За личноста со која одев на свирки, играв како да тој момент ќе трае вечно, а не траеше. За личноста која ми објасни што е тоа Indie музика, што е тоа post punk музика, што е тоа алтернатива, но никогаш не дочекав да разменам мислење за пост рок музика. За личноста која ја чувствував како брат со кој можев да сврзам слободно машки муабети без да се срамам за сопственото незнаење. За личноста со која ја имавме преслушано дискографијата на Радиохед заедно преку 20 пати. За личноста со која ги практикувавме оние поседоци во кои гледаш најразлични филмови, играш Pro Evolution со џојстикче на компјутер и пиеш кафе, средно благо кафе. За личноста со која имав авантуристички мигови во прекрасната природа кои ќе ги памтам дур сум жив. За личноста која ја бодрев да јади и верував во нејзиното опоравување. За личноста на која во тие тешки мигови и пуштав куд идиоти притоа гледајќи како ја потиснува целата внатрешна болка со минимално солзење. За личноста со која разговарав за иднина во моменти кои ниту еден човек не посакува да ги почувствува, за личноста со која пrавев план, МОРАВ да плавам план и мислам позитивно дека ќе одам на концерт по два месеци од куд идиоти во Скопје. За личноста која ме зарази со декстер и со нетрпение ја чекавме петтата сезона, а не ја дочека. Не го дочека и најновиот Хари Потер, не го дочека и најновиот албум на Радиохед, не дочека се што излезе после 21ви Септември 2010та година За личноста на која на 23ти Септември и беше роденден, јас и испечатив на 20ти блуза од Porcupine Tree која сакав да и ја подарам одма, па така маичката после тоа наместо во негови раце, на негово тело, заврши во вечното почивалиште . За мојот 26 годишен братучед..........

И сега размислувам колку би бил среќен јас, кога би ја имал повторно покрај себе. Кога секој нов ден ќе биде нова радост, ново искуство, ново доживување. А вака, со неговото отсуство останува само да играм со својата фантазија. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ТИ ДА ПОСТАНЕШ ЗАМИСЛА, СПОМЕН НА ЛУЃЕТО КОИ ТЕ САКААТ. ПОЧЕСТИ ГИ СО СВОЕТО ПРИСУСТВО, СВЕТОТ САМО ТАКА БИ ОСТАНАЛ КОМПЛЕТЕН ЗА НИВ.
Симни го филмов и изгледај го. Некои работи ќе ти станат јасни, зошто вреди да се живее. http://www.imdb.com/title/tt1675434/
 
Не разбирате, толку време живеам со оваа тежина. И не е дека не сум благодарен, туку за џабе ми е дадена втора шанса. Мислиш јас не сум помислил на тоа. Џабе е, се што ми е дадено на мене е залудно. Се што можам јас да направам е да не успеам, како и во обидот за самоубиство. Оти кој не е успеал 4 пати, господ да чува. До сеа и на господ ќе му скиснеше. Јас сум само еден никој и ништо кој е товар на своите блиски.

Ти реков - не се гледај себеси така. Не си ти безвреден. Кој и да ти го ставил тоа во глава, твое е да го извадиш.
Таков е животот, успони и падови. Мораш да веруваш во себе. Ти не си фаличен. Ти си посебен.

Земи воздух длабоко, и фати се за работа. Биди човекот што сакаш да бидеш.

Со самоубиството, блиските нема да ги усреќиш. На никаков начин.

Голема работа ако не успеало во Софија. Не знам какви проблеми си имал, ама едно знам - човек далеку од своите, од пријателите, од дома - човек кој е сам некаде - е човек кој има големи шанси да падне во депресија.

Обиди се тука. Работи што било, студирај, прави нешто. Не мора таму. Не мора сега.

И најди си милениче. Некое што ќе ти се радува секогаш кога ќе те види. Одма ќе ти се врати смислата на животот. Јасно ми е се, во недостаток на чувство дека некому си од корист и некому си потребен - се чувствуваш како да не заслужуваш да живееш.
Најди некој што ќе те гледа како да си се на светот. И светот ќе стане многу поубаво место.
 
Не разбирате, толку време живеам со оваа тежина. И не е дека не сум благодарен, туку за џабе ми е дадена втора шанса. Мислиш јас не сум помислил на тоа. Џабе е, се што ми е дадено на мене е залудно. Се што можам јас да направам е да не успеам, како и во обидот за самоубиство. Оти кој не е успеал 4 пати, господ да чува. До сеа и на господ ќе му скиснеше. Јас сум само еден никој и ништо кој е товар на своите блиски.
Гледај сега спомнуваш Господ значи си верник така ? Ако си спасен неколку пати стварно ама биди искрен стварно мислиш дека Господ нема подобри планови за тебе. Млад си човече, студент, животот е пред тебе. Не знаеш дека животот е ролеркостер така ? Сакаш сега да се отворам јас ?
Сакаш да знаеш на каков нормален живот имав со нормална врска и се нормално ?
Сакаш да знаеш како после неполна година го бакнав дното на секој можен план
И кажи ми сакаш ли да знаеш како живеам сега ?
Верувај животот е ролеркостер... еднаш си на дното ама утре можеби ке се вивнеш како ракета.

Сам доказ ми е приказнава :
Постоел млад дечко кој што имал мн проблеми и сакал да си го одземе животот со фрлање од мост.
Го забележал еден стар рибар и почнал да муабети со него. Покрај многу убедувања да не посегнува по својот живот му дал едно парче лист и му кажал да го отвори дома затоа што има порака во него.
Кога стигнал дома дечково на листот само пишувало : НЕМА СЕКОГАШ ДА Е ВАКА...
Таа мала порака му дала толку голема воља за живот што работите почнале со брзина на светлина да се менуваат.
Станал успешен, богат, среќен... оформил семејство. Но во ни еден момент не го заборавил старецот. Неколку пати бил покрај мостот за конечно да го најде и да му каже колку му е добро во животот и дека сака богато да го награди поради таа мала порака што му сменила се.
Старецот на тоа само одговорил : изгледа одамна ја немаш прочитано пораката...

Тоа е тоа... животот ти е ролеркостер, верувај утре сигурно ке ти е подобро.
 
Не разбирате, толку време живеам со оваа тежина. И не е дека не сум благодарен, туку за џабе ми е дадена втора шанса. Мислиш јас не сум помислил на тоа. Џабе е, се што ми е дадено на мене е залудно. Се што можам јас да направам е да не успеам, како и во обидот за самоубиство. Оти кој не е успеал 4 пати, господ да чува. До сеа и на господ ќе му скиснеше. Јас сум само еден никој и ништо кој е товар на своите блиски.

На никој не му е лесно денеска веруј, ама чим си отворил тема мислам дека сакаш да живееш, уште се надеваш, така да немa шо да изгубиш послушај некој од членовиве ако навистина сакаш помош, ако толку родителите ти се проблем па ти си илјадници километри оддалечен од нив, никој не ти е над глава да те сили да правиш нешто, сам си одговорен за се, зближи се со колегите повеќе и нема да имаш проблем. Само твое е, ако нависитина сакаш спас послушај некој од членовите погоре, нема што да изгубиш, може само да добиеш.
 
бла бла бла

Види вака сеа....ти ко прво не си маж.Тоа и сам си свесен.

Ти си пи*да најголема.Затоа и сакаш со апчиња да се труеш,за ни сам да не ја осетиш болката,туку преку сон да те снема.

Господ(еве ако не веруваш во него тогаш докторите) ти го продолжиле животот.Значи здрав прав и излечен.....За разлика од тебе некој луѓе седат у количка без нозе,и неможат да излезат да осетат како е да стоиш макар и на говно да згазат.....а за разлика од тебе здрав прав шо можеш да изораш една нива трчајќи.

Чим си решил да се самоубиеш,направи добар гест.....отиди прашај некое дете што чека бубрег да му се пресади,донирај му еден...бар он нека живее....и кога ќе го видиш среќен ти ќе сакаш и уште едниот да му го дадеш,ама за разлика од сега тогаш ќе ти се појави воља за живот!!!

Надвор од земјава си,не ми е јасно зошто пред да се самоубиеш не земеш прво да пробаш некои авантури....нели секако ќе се отепуваш....бар остави некои траг....отиди на плоштадот у Софија(пошто си таму),и донирај му ги сите пари на некој питач....поседи со него напрај си муабет....после тоа отиди во некоја детска клиника посети ги тешко болните деца,и прашај ги за некоја желба нивна....пробај бар на некое од децата да му ја исполниш.....после тоа ако видиш дека е ок да се утепаш,бар ќе имаш некое добро дело зад себе.
 
Види и тука каква почит има кон тебе а никој не те ни познава,тоа што си ја победил таа болест треба да ти е мотив плус за да живееш а не обратно.

Еве се понудија и дечки од твоето место да се подружите,цени го тоа и зграпчи ја приликата што ти се нуди.
Тие што се понудија ќе ти го напраат денот поубав од некоја политички замаена wanna be докторка што си нема никаква грижа на совеста.

Еве ако нешто ти значи,те замолувам јас во мое име и во има на цела Кајгана,да подразмислиш и да прифатиш некои предлози од тука. Барем размисли.
 
Брачко едно ќе ти кажам .... животот е најголемиот принцип од све...еднаш се раѓаш еднаш живеш на овој наш мал свет....сите ние си имаме свои маки и патувања коишто некој ги пребродува потешко некој полесно.....затоа пробај да ја најдеш својата среќа во малите ствари...во птиците коишто пеат рано насабајле....во лицата на своите најблиски....во убавината на девојката којашто ти се допаѓа...во можностите коишто мораш да ги зграбиш....светот е пред тебе....смени ја перспективата...знам дека е тешко а 90% сме биле во ситуации во коишто навидум нема излез....тешко е али мораш да бидеш силен човек...животот е полн со изненадувања...еден ден си доле еден ден си на врвот на светот....не вреди да го одзимаш тоа чудо што е човечкиот живот...

Самите ние како битија сме грешка во системот...по сите правила не би требало да постоиме воопшто...али еве тука сме дишеме...живееме...делиме среќа делиме тага делиме радост....затоа замисли се убаво.... веруј вреди да се живее...ова е од дечко што едно време размислувал како тебе.

Све најубаво.
 
Ги гледаш само лошите страни на живоотот.Психата е ебана ствар.Си мислиш дека си терет на родителите а не мислиш дека ти им си се нив.
Излези малце , прошетај забавувај се....Најди девојка, види ги сите добри страни на животот.Голем кур ако не завршиш факултет.Твојот живот е мн побитен од факултетот.Живеј ден за ден, едноставно нека те боли ку* за се.Па дојди после да правиме муабето овде.
 
Види брат, ја нема да дрвам со розева иднина, све ќе биде добро, твоите, ''имај осет" и слични срања, пошо ЗНАМ и глеам дека си ги размислил ствариве најдобро што можеш и знам колку добиваат на тежина кога во главата дискутираш " за" или " против". Ама седи бе, друже, остани дур можеш, дур се трпи (а трпението се растегнува, секогаш можеш повеќе од што мислиш). Онака, за секој случај, да не нема втор пат. Може ќе биде сиво, може ќе биде црно, ама некои ситници секогаш ќе бидат убави. Изгрејсонце, чист воздух, виц, онака, ептен "небитни" ствари што другите немаат баш време да ги видат. Пушти си филмче, музиче, што било за да ти ублажи болките, залепи фластери по раните и терај напред. Макар тоа напред било и у место, као привремен престој. Попушти себичноста до максимум, емоциите на минимум и не дозволувај да те погодуваат туѓи критики, признанија и рецепти за животот. Те боли кур дали ќе бидеш успешен, сам, среќен, сакан... Пошо никој не знае што е и како треба да се живее животот, само дробиме баналности. Некад има поента, некад нема, некад постои среќа, некад не, некад се врти тркалото, некад не. Некад го губиш пред време, некад прекасно, некад иде залудно, некад искача све ко во Холивуд прича со хепи енд. Едноставно, пичи, сам за себе и за да напуниш куферот пред да идеш, макар со дрангулии. Батали твоите, батали нивната болка, батали солзите, нормално батали парите, батали факултет. Онака, само седи. На светов му требаат поише емотивни (читај: луѓе) жители поише од било што. Може по пат ќе се случи од некого друг да направиш подобра личност, или некој нешто битно да научи од тебе. Биди наоколу, ако не ради себе, ради некој рандом у светов. Ако не активен во животов, биди златна резерва. Ќе пројде време, може ќе добиеш шанса да играш. И да не се деси, ти си бил тука, си го завршил своето. Али почекај, немаш кај да брзаш. Изгаси светло за бедовите, во темнината чат-пат ќе светне нешто убаво. И тоа чат-пат знае да вреди доволно да останеш уште некое време.
 
Абе шо знам

Ти си дефинитивно од Штип!
Ако не ми кажеш или не ми пишеш приватна порака како да стапам у контакт со тебе, верувај дека вака-така ќе те најдам. Не ти се заканувам, само сакам да те видам бе, да завртеме некое маабетче, за било шо...
Нека ти текне само 3-цата како изгинаа на глуп начин, а ти сакаш да отидеш на уште поглуп начин.

Немал си факултет завршено??? Голем КУР (банирајте ме за овоа ако треба). Јас ќе ти кажам, моментално имам 25 години, ептен скоро 26. Имам уште 7-8 испита и искрено, тешко ми е шо уште не сум завршил, ни сум глуп, ни сум туп, ама така-вака ќе ги стегнам и ќе ги измачкам. И јас седе шо се вика за џабе една година у Скопје на факс и таа ми е пропадната година, ама у ниеден момент не сум се покајал. Тоа е тоа...
 
На дечкото му фали љубов... ама вистинска, женска, не родителска. Онаа која знае да те дигне до Млечен пат, ама и да те тресне до 8000 милји под морето. Сепак е убава, сепак те менува. Мене ме смени на многу подобро

Моментално имам ебана несоница, на работа сум за 2 саата, ама помислата дека има некој кој сака да те види е перфектна
 
другарче!
си прележал рак еј!!! РАК!!!
и сакаш да се убиеш. зошто?

не те прашувам...
ништо на светов не е вредно да го напраиш тоа
и под ниеден притисок бе брат! сакај се себе,
оди излези, шетај, уживај во животот!!!
дај бе најди некоја девојка!!!
смени друштво. напрај некоја промена.
па на крај краева, речи им на тие што
ти сметаат да одат у пичку матер, без разлика кои се.

не ти серам дека си кукавица или случни срања.
ти си само обичен чоек со многу тежина.
 
Najteskata bitka si ja dobil i sega sakas da padnes na najlesnata.
Ja znaes pogovorkata''toa sto nema da te ubie samo ke te napravi posilen''...bidi hrabar kako sto si bil protiv rakot,i sve ke si dojde na svoe mesto veruj mi.
 
Не сакал да биде товар на родителите... Па поголем товар од тоа да е убиеш за нив нема да има. Ќе ги уништиш целосно. Ама ајде, ова е твој живот, ти одлучуваш. Никој не може да те убеди која е правилната постапка. Ако си решен да се убиеш, може некој од тука да го промени тоа? Не може, за жал... И не, не можам да те разберам... Си добил втора шанса и наместо максимално да ја искористиш ти паѓаш во некои депресии, филмови и се кљукаш со апчиња. Чукни ја малку главата. Милиони луѓе не ја добиваат таа шанса, а ја сакаат милиони пати повеќе од тебе. Неблагодарно од твоја страна. Животот е борба со секој нов ден. Ако не си спремен да се бориш, не заслужуваш да живееш. Ќе прочитаме, слушнеме деновиве ако си направил глупост... И со презир ќе гледам кон тоа бидејќи за мене самоубиството е најкукавичка постапка!
 
Чукнете се у тие лејките малку, сме имале такви случаи од форум кои завршиле лошо, не секоја тема е чек дис аут. Што ако навистина го стори, нема да ве пецка онака совеста по малку? Луѓето во таква состојба не размислуваат рационално баш како што опишавте. Дај средете се, одбирајте малку зборови. Темава ја видов од кога се отвори и уште незнам што да напишам, поготово кога клише утеха може да го турне дечкото. Сигурен сум дека не е некоја клиничка депресија, туку друже едноставно ти се насоберало и ти фали една мочана светла точка да ти оправи курсот, и искрено се надевам нема да избрзаш со одлука што никому добро нема да му донесе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom