- Зошто бог имал потреба да се одмаздува и да уништува, кога тој треба да биде совршено битие? Нели се е создадено според божја промисла? Тогаш што е поентата во уништувањето и нанесувањето зло од страна на бог?
Бо не се одмаздува од осветољубива намера: Он суди „љуто„, но и праведно и никогаш без добра причина.
Уништивањето, на пример, она со Потопот, се случи од едноставна причина: Бог ги створи луѓето по свое „подобие„ но луѓето, наместо да чинат добродетели, за што и беа створени, се впуштија во чинење зло и со тоа, луѓето пред Потопот не ја остварија задачата за која и беа створени. Ако не се случел Потопот, тогаш човечките злодела би се намножувале до бесконечност па во Всеелената би завладеало злото и тоа (злото) би е наметнало како мерило на вредност, како што тоа веќе ни‘ се случува под носот...
--- надополнето: 31 март 2013 во 19:18 ---
- Ако создавањето живот повлекува право истиот да може да се уништи и да се смета за сопственост, дали вие би оправдале татко кој го убил својот син? Синот постои - се родил затоа што неговите родители решиле да имаат дете, Чорбаџија вели дека Бог ги создал луѓето и има право над нивниот живот, дали и родителите тогаш имаат право да ги убијат децата затоа што ги создале?
Не, родителите не се творци: тие не творат „нешто„ од „ништо„ (creatio ex nihilo) туку и самите се создадени. Родителите на децата има даваат само тело, а Бог (Духот Свет) им дава душа/дух животен, така да убвиството кое родителот би го сторрил, би бил чин на насилие не само кон детето, туку пред се‘, насилие врз волјата Божја и Неговото непосредно учество во чинот на креирање нов човек.
--- надополнето: 31 март 2013 во 19:21 ---
- Каква е таа слободна волја која бог ја допуштил, ако потоа следи казна и уништување доколку луѓето не се покаеле? Зошто семоќно битие кое тврди дека се што постои е негова совршена промисла, би имало потреба да суди и казнува? Се казнуваат постапките кои казнувачот ги смета за непотребни и штетни, ако бог е судија кој казнува, тогаш постојат особини и ситуации кои според него се непотребни, тогаш на кој начин се што постои е дел од неговата промисла? И ако се не е дел од неговата промисла, тогаш како може тој да биде апсолутот, врховното битие од кое се потекнува?
Казната Божја не е исто што и кзнување во човековиот правен поредок. Напросто, со секоја моја/наша одлука за чинење добро, се приклонувам кон волјата Божја, исто како што со чинење зло, се прикломувам кон желбите од лукавиот. Казната и наградата не се однапред предодредени за секој поединец, туку се последица од личнот избор и делата од тој избор.
Божјата волја превенира зло, а човековиот правен поредок санкционира зло.
--- надополнето: 31 март 2013 во 19:26 ---
- Ако Бог не ја поднесува "демонската смрдеа", зошто ги создавал демоните? Ако не ги предвидел демоните, на кој начин неговата промисла е совршена?
Демоните не се створени како отпаднати ангели, туку како Божји гласници, кои своеволно отпаднаа од близината Божја. Самите демони го створија пеколот, во кој демоните комотно се чувствуваат и на тој начин, самите себе веќе се казниле па наместо да се придржуват до поредокот кој Творецот го воспоставил во Вселената, демоните се одлучиле да се приколонат кон нередот.
На пример: сите оние понединци, кои се имаат впуштено во неприроден и противприроден блуд, самие на себе си навлекуваат казна преку ваква или таква болест, и тоа уште во текот од овој живот и сега, кои ним им е крив?
--- надополнето: 31 март 2013 во 19:32 ---
Моето мислење е дека главната причина што некои православни цркви не сакаат да го прифатат грегоријанскиот календар е затоа што тој е познат како „католички календар“ и дека е именуван според папата Грегориј. Сепак тој е именуван само по него, а направен е од астроном (не ми текнува името).
Моето мислење е исто како и светоотечкото: ако православната Цркква го прифати римскиот календар, тоа прифаќање ќе биде (а кај некои помесни Црккви веќе е!...) прв чекон кон унијатство на Црквата со латинските еретици! Имено, Светиите веќе 200 г. по ред предупредуваат на таа опасност, така да Твоеото мудрување дека се работи за просто немање желба за прифаќање календар само затоа што календарот бил именуван според Папата Грегориј, е крајно наивно, а на таа наивност паѓаат цели Цркви!