За мене поимот "зло" е човечка перцепција, човечки концепт.
Можам, условно, да се согласам дека поимот „зло„ е човечка перцепција, на која редовно и‘ претходи некој чин/дело, кое (субјективно) се квалификува како „добро„ или како „зло„.
Плус, кавлификација на нештата како „добри„ или „лоши„, веќе ни‘ е „фабрички„ вградена, со нашето раѓање, за да не може некој да се оправдува дека во текот од својот живот чинел нешта за кои немал појма дали се „вакви„ или „такви„.
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:23 ---
Семоќно и сезнајно битие според мене е бесмислено да има концепт со кој нештата ќе ги дели на добри и зли, бидејќи злото е нешто кое е непотребно или штетно а тоа што е создадено од совршен креатор, неможе да биде непотребно.
Ако тао бите е се‘можно и се‘знајно, зашто тогаш велиш дека истото тоа битие не би можело да ги дели нештата на „добри„ и „лоши„ ? Зашто на тоа се‘знајно битие му ја кратиш се‘знајноста, па нели е се‘знајно?
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:26 ---
. Но, како што реков тоа е мој став, христијанскиот сепак го прикажува Бог како "судија", кој нештата кој тој самиот ги осмислил и создал ги дели на потребни и непотребни, на добри и зли.
Бог Творецот, не ги дели луѓето на „вакви„ и на „такви„ уште при нивното создавање, туку приказната е поинава: ако творението своеволно се одвои од Творецот и фати некој свој пат, тогаш, кој му е крив на творението за такавата негова одлука, кога истото тоа творение во себе веќе го носи „образот Божји„?
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:31 ---
Како го објаснуваш ти тоа? Како наоѓаш смисла во ваква очигледна бесмислица?
Бесмислицата има своја смисла, само треба да се увиди истата.
Бог не ги дели луѓето на „добри„ и на „лоши„, туку луѓето, по својот личен избор, се приклонуваат кон добри или лоши нешта, така да и последицата од таа нивна приклоонетост, заслужува ли награда или казна. Бог не казнува оти така Му е мерак, туку Он, на Судот, едноставно ќе изврши одвојување на добрите од лошите па едните ќе застанат десно од Него, а другите од лево: секој според верата и делата кои ги имал во овоземниот живот.
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:36 ---
Ако злото сепак не е нешто непотребно и има некоја цел, ж
Злото има само една цел: да одвлече што повеќе човекови души во пеколот.
Имено, лукавиот е особено настрвен кон човекот, кој е врвно Божјо творение, и, како велат некои од Светиите, човекот е створен (меѓу другото...) и за да ја пополни „празнината„ која се појавила после отпаѓањето на лукавиот и неговите истомисленици. Така, лукавиот го напаѓа токму човекот, од своја завист (кон човекот), оти човекот треба(ше) а го пополни бројот од отпаднатите демони, што значи дека човекот треба(ше) да го завеземе местото од отпаданите ангели, што е уште еден удар врз суетноста од демоните.
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:36 ---
што е поентата на судењето од страна на истиот тој Бог кој го создал тоа зло?
Ти велиш дека Бог го создал злото, не велам јас...
--- надополнето: 31 март 2013 во 12:39 ---
На казнувањето и наградувањето?
Не се работи само за просто наградување со „бонус„ или казнување со намалување на платата, туку се работи за едноставно одвојување на оние кои се со својот Творец од оние, кои чинејќи зло, се приклониле кон демоните.
Бог во својата близина и ради својата Светост, не трпи ништо нечисто, како што е демонската смрдеа...