Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

G

Geezer

Гостин
Па тоа ти викам: ја купија. Не го утепаа газдата.

Методите им функцонираат перфектно, нема причина за убивање, тоа би било сулудо. Посебно што не се загрозени, избори добиваат на шала.

Младенов го чекале уште три казни по 25000 евра, како што кажа жена му. Не знам кој го тужел. Но очигледно е дека ако сакале да го затворат Фокус, најлесно ќе го направеле тоа преку судството, со шибање тужби и изрекување високи казни. За година дена тоа се би било готово.

Инстант реакција, импулсивна. Кога би дознал нешто големо, што се коси со сите чесни и демократски работи, тогаш не можеш да го затвориш Фокус, зошто нема фајде. Кога сопственикот и главниот новинар ги знае тие информации.
Некако пробувате да ни наметнете дека се е регуларно. Не велиме дека е сигурно убиен, нека помине време, ќе покаже истрагата. Премногу ноншалантно зборувате, како да не знаете како завршуваат неистомислениците во државава.
Таков е Балканот, подложен на такви случувања. Милошевиќ жив го закопа тој новинарот, не ми текнува на името.
 
P

PewDiePie

Гостин
Македонија-земја во која од секоја смрт се прави теорија на заговор.


:rolleyes:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Да бе стварно не мора, и јас што се гледам смешен.
Сочувство се изразува ако сочувствуваш. Груевски можеби не жали за смртта на Младенов. Мора да биде лицемерен?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Сочувство се изразува ако сочувствуваш. Груевски можеби не жали за смртта на Младенов. Мора да биде лицемерен?
Има нешто у животот се вика морал, чувство за човечност, кое е доведено во знак прашање кога загинува еден од најпознатите новинари во МКД, во сообраќајка 3 дена по избори каде у свој весник ја руга власта за фалсификати на истите и има многу тужби и против него за клевети и изречени казни од судот. Али нема везе
 
G

Geezer

Гостин
Да сумираме. ВМРО-вците на темава, го бранат Груевски за тоа што не изразил сочувство, а ние другите сме комуњари, тоа под дифолт. Велат дека се е чисто, а истрагата не е ни почната како што треба, ете, напред се со времето. А не ни даваат на нас другите, простор за сомнеж. затоа што досега во државава се било чисто. И Глигоров и Трајковски и Велија и Љубе.
Океј, затворај тема.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Сочувство се изразува ако сочувствуваш. Груевски можеби не жали за смртта на Младенов. Мора да биде лицемерен?
Значи до сега ни еден политичар не бил лицемерен и сите се држат до правилото на нелицемерност? Или во твојот случај, Груевски ниикогаш не бил лицемерен па затоа и сега не треба да биде? Не е до личноста, туку до позицијата, треба како Премиер да изрази сочувство, не како лидер на партија. Али битно оправдување секогаш може да се најде.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Има нешто у животот се вика морал, чувство за човечност, кое е доведено во знак прашање кога загинува еден од најпознатите новинари во МКД, во сообраќајка 3 дена по избори каде у свој весник ја руга власта за фалсификати на истите и има многу тужби и против него за клевети и изречени казни од судот. Али нема везе
Ти би почитувал човек за кој судски е докажано (како што сам пиша) дека те клеветел, тебе или твоите соработници? Морал и чувство за човечност... :pos: Лицемерие се вика тоа, не морал.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.789
Радлер ништо не ти наметнувам. Знам доста теории на заговор кои имаат убава основа и аргументи, па дури и докази. И за теорија на заговор потребно е нешто. Нормално, разбирам дека смрт на новинар било каде изнудува сомнеж, тоа не е ништо ненормално. Мое лично мислење е дека во Македонија политичките елити поинаку ги решаваат „проблемите“ со новинарите и за тоа дадов аргументи.

Никој од нас не знае дали била обична сообраќајка или нешто друго. Јас само велам дека убиство на новинар (политички мотивирано) би било лудо решение во Македонија, каде nobody gives a fuck, а дали некој полудел тоа е сосема друго прашање.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Има нешто у животот се вика морал, чувство за човечност, кое е доведено во знак прашање кога загинува еден од најпознатите новинари во МКД, во сообраќајка 3 дена по избори каде у свој весник ја руга власта за фалсификати на истите и има многу тужби и против него за клевети и изречени казни од судот. Али нема везе
Според твојава логика секоја недела ќе треба Груевски да изразува сочуство, умрел Младенов еве денеска Јакуп Селимовски предходно актер познат (не му го памтам името) па Гоце Арнаудов итн. Плус неможеш да знаеш дали стварно не изразил немора да биде тоа преку медиум направено, а и можам да замислам уште во старт што ќе биде.. еве види го овој го отепа па сега лицемерие намерно прави демек стварно му е жал а и веќе имаше вакви теории кој ќе бил во прв ред на погреб тој го убил :facepalm:
Уште поголемо лицемерие е кога не си искрен во изразувањето на сочуство и демек си почитувал некого, 90% од луѓево немаат 2 броја на фокус купено а има и такви кои првпат го слушнаа после инцидентот името на Младенов а сега се отепаа од пишување статуси за најдобриот новинар ова она. Фејсбук страницава на фокус пред неговата смрт околу 2000 лајкови за којзнае колку време по смртта 2 дена веќе има 3400, поголемо лицемерие од лажна почит и сочуство демек нема..

Инаку големи се шансите и друго возило да учествувало во несреќава (треба да си проверат мвр на камерите од наплатните рампи пред/после него) ама не верувам дека се работи за убиство со намера уште помалку дека е од владата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Значи до сега ни еден политичар не бил лицемерен и сите се држат до правилото на нелицемерност? Или во твојот случај, Груевски ниикогаш не бил лицемерен па затоа и сега не треба да биде? Не е до личноста, туку до позицијата, треба како Премиер да изрази сочувство, не како лидер на партија. Али битно оправдување секогаш може да се најде.
Груевски многу пати во неговото политичко дејствување бил лицемерен. Овојпат решил да не биде. Каде е тука проблемот? Како премиер воопшто не треба да изрази сочувство. Таман работа државата (бидејќи нели како премиер ја претставува државата) да изразува сочувство за секој загинат граѓанин. Државата е должна кон луѓето што добиле одликувања и признанија од нејзе и носителите (бивши и сегашни) на битни државни функции. Младенов, од гледна точка на државата беше обичен граѓанин.
 
G

Geezer

Гостин
Радлер ништо не ти наметнувам. Знам доста теории на заговор кои имаат убава основа и аргументи, па дури и докази. И за теорија на заговор потребно е нешто. Нормално, разбирам дека смрт на новинар било каде изнудува сомнеж, тоа не е ништо ненормално. Мое лично мислење е дека во Македонија политичките елити поинаку ги решаваат „проблемите“ со новинарите и за тоа дадов аргументи.

Никој од нас не знае дали била обична сообраќајка или нешто друго. Јас само велам дека убиство на новинар (политички мотивирано) би било лудо решение во Македонија, каде nobody gives a fuck, а дали некој полудел тоа е сосема друго прашање.

Убав одговор :)

Дај Боже да не полудел, тој некој. Затоа што ако сме дојдени до тој левел, тогаш нема спас.
 
P

PewDiePie

Гостин
Да сумираме. ВМРО-вците на темава, го бранат Груевски за тоа што не изразил сочувство, а ние другите сме комуњари, тоа под дифолт. Велат дека се е чисто, а истрагата не е ни почната како што треба, ете, напред се со времето. А не ни даваат на нас другите, простор за сомнеж. затоа што досега во државава се било чисто. И Глигоров и Трајковски и Велија и Љубе.
Океј, затворај тема.
Нормално дека секој има право на сомнеж,само работата е што кај нас луѓето уживаат да си прават фимови дека позади се стои нешто.
За Глигоров се знаеше,класичен обид за атентат,Трајковски го уби бранже,Велија е во затвор заради неплаќање данок и перење пари,Љубе го фатија на лице место како врши рекет.
Што не ти е јасно ?

И каква врска побогу има Груевски со Младенов,ај ако не нека земат цела влада да изразуваат сочуства на кој како умре ? Многу сте чудни.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
"Фокус”: Младенов се враќал од Велес

Неделникот “Фокус” во истражувањето за околностите под кои загина нивниот колега, откриваат дека покрај телото на Младенов бил најден и билет за платена патарина во правецот на Велес во 20 часот. Претпоставката е дека новинарот веројатно бил во околината на Велес бидејќи не биле пронајдени други билети од патарини.

Според пишувањата на “Фокус”, телото на Младенов било пронајдено 20 метри подалеку од автомобилот. Покрај вештакот на МВР, истражниот судија повикал и независен вештак да се вклучи во истрагата.

Во меѓувреме, се поставуваат отворени прашања во врска со околностите во кои загина Младенов. Каде бил пред несреќата, од каде доаѓал, дали се разгледани неговите телефонски листи и камерите од наплатните рампи на патарината по која Младенов би морал да помине.

Неговата сопруга последен пат го чула во 22 часот вечерта, кога тој кусо и одговорил дека има уште малку работа и дека бргу ќе си дојде дома. Младенов од дома излегол некаде околу 19 часот. Во тоа време требало да се сретне со Кире Наумов, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање. Наумов за Нова рече дека по неуспешните обиди да го добие на телефонот ( на едниот не бил достапен, а на другиот исклучувал), престанал да го бара под претпоставка дека нешто важно му искрснало.

Телото било пронајдено речиси 12 часа по несреќата, а го пријавил вработен во Македонија пат.
Извор
--- надополнето: 30 март 2013 во 15:06 ---
Дваесет и три часот и триесет минути, тогаш според полициските иследници се случила кобната несреќа во која пред два дена, на клучката кај Хиподрум, на автопатот Петровец-Скопје.
Токму од Судска медицина велат дека возилото на Младенов се движело со брзина од околу 150 километри на час.
- Кога една брзина е констатна и крвотокот, притисокот и внатрешните органи се приспосубуваат на брзината со која се движи возилото. Во случајот, тоа било брзина од околу 150 километри на час. Во еден момент, функционирањето на телото запрело од 150 на нула. Не е откриено дека имал срцев удар. Бидејќи брзината била голема, кога возилото наеднаш запрело, органите доживеале шок. Ги очекуваме деталните наоди од токсикологија по што ќе можеме со сигурност да го објавиме нашиот извештај – изјавиле за Плусинфо од Судска медицина.Извор
 
G

Geezer

Гостин
Нормално дека секој има право на сомнеж,само работата е што кај нас луѓето уживаат да си прават фимови дека позади се стои нешто.
За Глигоров се знаеше,класичен обид за атентат,Трајковски го уби бранже,Велија е во затвор заради неплаќање данок и перење пари,Љубе го фатија на лице место како врши рекет.
Што не ти е јасно ?

И каква врска побогу има Груевски со Младенов,ај ако не нека земат цела влада да изразуваат сочуства на кој како умре ? Многу сте чудни.


:pos:

Трајковски го убил Бранко, нормално. Љубе вршел рекет, а овој затајувал данок. Абе се будам и се наоѓам во Утопија.
Латасот во тебе, не издржи, а да не го извади тоа од себе.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199

Kajgana Shop

На врв Bottom