Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
еве Тоше кога почина, местото беше достапно за новинарските екипи мада неубави слики беа тоа зашто се сликаше и самиот џип и телото на Тоше

Да биде истото тоа со некоја хрватска ѕвезда во Македонија мислиш ли дека ќе нема новинари наши одма на лице место, со фотки, видеа?
Плус, ја како шо се сеќавам немаше снимки со Тоше внатре во џипот, туку имаше од џипот само
 
Да биде истото тоа со некоја хрватска ѕвезда во Македонија мислиш ли дека ќе нема новинари наши одма на лице место, со фотки, видеа?
Плус, ја како шо се сеќавам немаше снимки со Тоше внатре во џипот, туку имаше од џипот само
Имаше и со него во џипот, али ја реков, не да се залепат до џипот, бар горе, на патот, каде што излетал да може да снимаат, а не километар да се оддалечени, не е ни битно, простор за муабети за заговор има сеа колку и да го негира некој тоа ...
Ко што реков, се претерува со истите, и цело време се вртат во круг, ништо ново не се кажува, тоа иритира секако, али не и фактот што некој вади таков муабет.

Ги кажав причините поназад зашто се шпекулира, тоа што бил новинар и функционирал ко што си фунцкионирал бар ја го тргам на страна. За мојот став, се изјаснив, и се надевам нема да излезе нешто издржано на површина што ќе ме натера да си го променам мислењето, а тоа нешто издржано секако не е Зоран Божиновски.
 
Не ви се соодветни паралеливе поради карактерот односно занимањето на личностите што несреќно загинале....
Како возач....патот тука се разделува на обиколница и една (поширока) лента кон Скопје....мислам дека според местото на несреќата е можно да се работи за обична сообраќајка (во смисол - удар во ограда, пролизгување, несоодветна брзина)...ама сепак остава простор за сомнеж, баш заради секогаш контра-власт позицијата што ја држеше Младенов....
Не сум бил негов најголем фан во смисол што и тој мислам дека некогаш знаеше да ги пренапумпа текстовите, ама како мрчатор и јас самиот често наоѓав слични мислења со него....за храброста да му фрли земја во фаца на секого може да му се фатат разноразни латаси и миленковци и тоа е за невидена почит - никогаш не пишуваше од нечиј скут....прочитајте го текстот на Јадранка Костова во Република и видете до каде бил заглавен со судски пресуди, тужби, клевети, па ќе ви текне зошто може и да не е баш случајна сообраќајка....
 
Јас лично пред некое време почувствував каква е таа кривина уствари, може изгледа наивна, ама не е.
Кривината е прва глупа кривина после патарината Петровец, а сите знаеме како се вози од Петровец, па до новата бензинска на Макпетрол, па после пак има една глупа кривина на десно баш пред правото кое се дели лево за Скопје, десно за Куманово.
Со Фиат Браво и брзина околу 100-110 и возејќи по десната лента поради тоа што еден бот возеше поспоро, а нејќеше да се тргне на десно, истата таа кривина како од оваа случка морав да ја фатам на десната лента... за малку ќе завршев на патот од обиколницата кој се спојува на крајот од кривината.

И запрашајте се дали ги сечете кривините или не ако имате слободен пат пред вас? Јас знам дека да, просторот за маневар ако нешто појде по зло е поголем. Во овој случај барем по мое и местото на излетување, нема шанси да бил на левата лента
 
Јас како што знам рекоа дека дури накај 7 саатот жената на Младенов се јавила да пријави во полиција а овие го најдоа за 2-3 саати подоцна што е брзо време, исто викате демек многу полиција имало па нормално дека ќе има ако се земе во предвид дека тогаш предходела и потрагата за да го лоцираат преку сигналот на мобилниот телефон.. како првпат да гледате полицајци во сообраќајка кои и на најмали инциденти идат по 2-3 а не пак за тешка сообраќајка на автопат каде што се вози многу побрзо и сообраќајот е густ. И нормално дека нема да дадат да прават гужва да снимаат новинарите па и обичните што пробале да застанат (имаше и аматерски видеа од далеку) кога телото на Младенов уште не беше извлечено од автомобилот.

Инаку и денеска на местото имаше од крим техника (или како ги викаат) плус едно 3-4 полицајци најмалку, гледам прегледуваа/зимаа нешто од земјата на 20тина метри од местото каде што излетал. А и се појавија засега само шпекулации од Република дека уредот за брзина на колата бил застанат на 140 што можеби укажува и на неприлагодена брзина + умор и ете што се случува, според мене не е местенка зошто ионака не беше до толку влијателен за да им биде толку трн во око.
 
Ako можат да вртат по телефони со два збора ‘да наредат‘ излегување на избори до 12:00, ако можат да ги свртат најголемите градски апаши врзани со нивните противници (кои порано работеа со истите методи) јавно да заокружат контра некој кој до вчера им дал 1132 тендери, зошто да не можат и ова?
Уште велат многу луѓе дека се е нормално во атентатите на Глигоров, Трајковски, Мијалков и случајната смрт на луѓето сведоци во тие настани.Освен јавна власт постојат и едни други, само работат за подобар плаќач.:гомце:
 
Нема никаква потреба во Македонија да се ликвидира новинар (барем не од страна на политичките елити а од останати криминални структури не знам) затоа што:

1) Медиумскиот простор е под контрола и еден изолиран медиум не може да предизвика никаква сериозна штета,
2) Овие работи ги решаваат со упади и смени на раководства, нови закони и огромни казни.

Ако го гледавте видеото што го постирав некаде на првите страници, и самиот Младенов кажуваше дека веќе не објавува сешто како порано, затоа што не може повеќе да ги плаќа казните.

Во такви услови и самиот ФОКУС е делумно под контрола што и Младенов го признаваше во видеото, и не гледам зошто кога овие методи убаво функционираат во пракса, некој би требало да преземе нешто радикално.

И ај да си признаеме: колку од нас читаа ФОКУС последниве години?
 
скинати огради има на секој километар,па никој не застанува да погледни што се случило и кога се сличило

према тоа што се гледа од сликите вакво хируршко сечење на еластичната ограда можи да се случи само при голема брзина,во спортивно оградата би била извиткана па скината.овде е само пресечена како со пила
 
нека почива во мир....
а дали била наместена сообраќајката, дали бил пијан, трезен, намерно, ненамерно.... си има кој да се грижи за тоа.
 
скинати огради има на секој километар,па никој не застанува да погледни што се случило и кога се сличило

према тоа што се гледа од сликите вакво хируршко сечење на еластичната ограда можи да се случи само при голема брзина,во спортивно оградата би била извиткана па скината.овде е само пресечена како со пила
Ти веројатно никогаш во животот не си фатил бонсек или брусалица во раце.
Овде не се работи за сечење-кинење на материјалот(поцинкуван чел. лим деб.2,50)
Сечење нема и не станува воопшто збор за тоа, сечење и не може да има, во овој случај каде еден предмет со „некоја“ брзина удара во друг. Може да има кинење на материјалот (како во овој случај) а при помали сили нагмечување и извиткување.За какво сечење ти зборуваш и каква пила. Исечени се-скинати завртките или лимот на споевите на реброваниот лим од двете страни, со кои се меѓусебно цврсто поврзани. Ударот бил многу силен во средина на долгото парче реброван лим,и спојот попоуштил од двете страни,можеби е и искинат на тие страни лимот треба да се види ако има останати завртки таму. Ако бил ударот кај спојот, Оградата ќе се отворела само на тој спој.
 
Анцо-не си во право од две причини

-сум учествувал во вршење на увиди на слични работи на многу вакви случаеви
-по струка сум инженер и знам што зборувам
 
Интересни нови детали и видувања
Последен пат Никола Младенов зборувал телефонски со сопругата приквечерината во вторникот. Таа го пријавила Младенов за исчезнат во полицијата откако ноќта после полноќ се загрижила бидејќи тој не и кревал телефон, ниту пак и јавил каде оди, однесување кое воопшто не наликувало на Никола Младенов, и нешто што, според семејството не се случило никогаш во нивниот брак.

Од друга страна, поранешниот директор на Агенцијата за контраразузнавање, Кире Наумов во разговор за НОВА, вели дека тој и Младенов имале договорена средба во седум часот вечерта во Скопје.Наумов се обидел да го добие од седум до седум и триесет, но на едниот телефон линијата била постојано зафатена, а на другиот телефон (Младенов поседувал два телефона) бил недостапен. По некое време се откажал под претпоставка дека му излегла некоја важна непредвидена работа.

Засега не се знае каде бил Никола Младенов пред несреќата, од каде доаѓал и со кого се видел последен. Никој не ги споменува ниту камерите на наплатните рапми за патарина во непосредна близина на местото на несреќата каде Младенов би морал да помине доколку возел по тој пат.

Истражните органи информираат дека ќе ја вештачат колата, но не информираат дали се испитуваат камерите, телефонските листи на Младенов и дали се испрашувани луѓе и сведоци со кои можеби контактирал.

Од судска медицина нема детали ниту точно време кога настапила смртта, освен некои неофицијални разговори со новинари каде се вели дека смртта најверојатно настапила околу четири часот вчера утрото, а дека причина за тоа бил силниот удар со градите во воланот.
Интересно...


И...? Вие сакате првиот ден сите информации да ви ги дадат на дланка... Што ве гледам смешни.
ПС. Денес на некој километар пред Стража према Охрид излета едно возило... се запрашал некој што е со возачот?

Ако мислиме на истата ситуација - жив, здрав и со многу, многу среќа.

Овие ситни траги од кочење некако далеку од бариерата...
MLADENOV_MESTO_BANKINA.JPG

Во ваква кривина да возиш на десна лента...и да удриш баш во ретките дрва до патот
Screenshot_3.png
Многу пологична е црвената траекторија, а ситните траги се десно (ако се тие од Мерцедесот)
MLADENOV_MESTO_BANKINA.JPG
 
Meне па ме фаќа некако срам. Од сите ебани луѓе во власта, сите од опозиција, само Талат Џафери пратил писмо со сочувство до фамилијата на Никола Младенов. Само Талат Џафери.
Ех мој народе...
 
Некој од колегите од фокус спомна дека телото е најдено на 20 метри од возилото. Ако ова е точно, а воздушните се отвориле, а тој сепак загина од нагмечување на градите.... Инаку цел ден изгледа како да се пуштаат пробни балони од типот од извори на истрагата дознаваме ми изгледа како да се пробува како ке се реагира.
 
Meне па ме фаќа некако срам. Од сите ебани луѓе во власта, сите од опозиција, само Талат Џафери пратил писмо со сочувство до фамилијата на Никола Младенов. Само Талат Џафери.
Ех мој народе...
Зошто па тебе да те фаќа срам.....не срам, него има карма да ги стигне сите говна што немаат лице најосновна почит да му оддадат - од што се плашат? Да не може нешто и од “другата страна“ да им направи!? Како ли станавме место на кое тие што јавно вршат нужда срамот ги фаќа тие што гледаат, а не тие што кењаат?
Нема никаква потреба во Македонија да се ликвидира новинар.....
И ај да си признаеме: колку од нас читаа ФОКУС последниве години?
Добро, во многу си во право.....ама зошто тогаш ја купија и последната телевизија - Алфа која немаше ни 5% од вкупната гледаност во државава? Останаа само опозициони интернет портали кои реално кај населението над 50 години многу тешко допираат.....Зошто до толку се борат секоја последна од шупа од општина да ја имаат под контрола? Во нормални услови доволно е еден истражувач од негов калибар да провали корисна информација која ќе ги тргне не од власт туку од светлината на Сонцето - тоа што секојдневното „лапнување“ на разноразни фирми од „фамилијата“ јавноста го голта како нешто од Господ дадено воопшто не е нормална и здрава реалност....
Чисто како паралела земете ја опседнатоста со гниењето на Љубе по зандани по секоја цена....уште казните за паркирање што не му ги спукаа кривично....
Згрозен сум од тоа што го преживувам последниве денови од согледувањето на патолошката опседнатост по секоја цена да се освои Центар.....сум видел разни срања во животот, ама ова што се случува после првиот изборен круг - никогаш....
Сомнежот за режираната смрт никогаш нема да ми се тргне, па макар и експерти од Дајмлер да донесат со признание за фабричка грешка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom