Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

G

Geezer

Гостин
^

Туѓ срам пријателе, туѓ. Некогаш се срамиш повеќе од околината, отколку од самиот себе.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Онде погоре, демек у 19:30 цело време било зафатено и на другиот недостапен бил, а човекот до 8 саат дома бил како што може да прочитате во текстот подоле. Може зборел на телефон, ете и во текстот со адвокатот околу 18:30 зборел заради некои проблеми со тужби, може саат време збореле, па затоа било зафатено. Нејсе, тоа може е и така, на страна тоа, лошото е што сега ќе се изредат уште 1000 души што ќе кажат дека се чуле последни со него... дека знаеле дека нешто е сумљиво, а факт е дека жена му последна се чула со него, а после што се случило, за жал само Господ знае.
Само знам дека е жално за оваа навистина трагична смрт на човек, кој без разлика кој што мисли за него, факт е дека ги започна првите бебешки чекори за слобода на говор и мисла на пишаниот збор уште пред осамостојувањето на Македонија.
Не коментирам и не сакам да шпекулирам за тоа што се десило, посебно не на јавен форум. Не сум експерт, не сум Хорацио, не ни сакам да бидам.
Замина вечерта од дома без да каже каде ќе оди“

Во текот на вчерашниот ден истражниот судија испратил писмо со кое бара итна достава на обдукцискиот наод и вештачење за техничката исправност на возилото кое го управувал Младенов
Љубиша Станковиќ

Никола Младенов во вторникот околу 20 часот излегол до дома. На најблиските не им кажал каде заминува. Последниот контакт со него го оствариле два часа подоцна. Некаде по 23 часот, се случила трагичната несреќа, кога „мерцедесот“ што го возел Младенов, па патот од Велес кон Скопје, излетал од коловозот и се превртел во ендек.

„Не знам ништо! Знам само дека сум горда на него“, ни изјави сопругата на Никола Младенов, Билјана. Таа, во телефонски разговор, само потврди дека критичниот ден Никола излегол околу 20 часот, но не кажал каде планира да замине. Таа не можеше да каже ништо повеќе за часовите пред несреќата.

Што се случувало точно во вторникот попладне, односно само неколку часа пред загинувањето на Младенов, никој не знае точно. Неговиот адвокат, Оливер Вуксановиќ, вели дека критичниот ден разговарал и дека Младенов не споменал патување.

„Мислам дека беше некаде околу 18,30 часот. Се слушнавме со Никола и разговаравме за тековни проблеми поврзани со тужбите што се поднесени против ’Фокус’. Тој не ми спомна дека има некаков состанок или дека ќе замине на пат“, вели адвокатот Вуксановиќ.

Од МВР се' уште не се изнесуваат детали кои се однесуваат на техничката исправност на „мерцедесот“ што го управувал Младенов. Тие и натаму се на ставот дека сите досега обезбедени докази ќе му ги достават на истражниот судија, кој, пак, веројатно, ќе треба да ги обезбеди и снимките на безбедносните камери од патарините за да може точно да се утврди кога и од каде доаѓал Младенов.

Иако од загинувањето на Никола Младенов, сопственик на весникот и на неделникот „Фокус“, изминаа три дена, официјалната истрага која се води се' уште нема конкретни сознанија за трагичниот настан. Истражниот судија, кој раководи со овој случај, во текот на вчерашниот ден, наводно, испратил писмо до Институтот за судска медицина и криминалистика и до МВР со инсистирање на итна достава на обдукцискиот наод и на вештиот наод за техничката исправност на возилото.

„Точно е дека судот најави официјални сознанија за овој трагичен настан, а се' со цел да се избегнат шпекулации, но во овој момент немаме ништо добиено и покрај тоа што истражниот судија издаде наредби за обдукција и за вештачење на возилото“, велат од скопскиот Кривичен суд.

Од МВР, пак, тврдат дека за време на увидот на местото на несреќата се прибрани голем број докази, поради што и се одолжила полициската истрага. Помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски, вели дека е во тек вештачење на возилото во кое се наоѓал Младенов. Се проверува и можноста и друго возило да не учествувало во сообраќајката. Според информациите од обдукцијата, Младенов починал како резултат на силниот удар со градите во воланот, по што настанало внатрешно крвавење.

Според досегашните сознанија, возилото на Младенов се движело со брзина од околу 150 километри на час. Обдукцијата во Институтот за судска медицина во Скопје, не утврдила дека новинарот имал срцев удар. Во тек се токсиколошки анализи по што се очекува да биде готов комплетниот извештај од обдукцијата.
Извор.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
не ме сваќај погрешно ама кој би имал фајде од смртта на Љуц? Не е тешко да се наведат разликите измеѓу љуц и никола...
А кој би имал фајде од смртта на Тоше?
Аман, како тој бурето сте станале сите.
Озбилно.

Кога стварно ќе има причина за сомневање, веќе нема да има кој да се сомнева.
Знаеш, како со волкот...
Волк! Волк! - ама нема волк.
И кога стварно ќе го има, никој нема да верува дека го има.

Ако сака некој некого да ликвидира, има и поинтересни начини за истото.
--- надополнето: 30 март 2013 во 02:44 ---
Во џипот на Љуц директно удри камион од страната на возачот ... на автопат, со огромна брзина, загина он и другар мој, позади него што седел, на лице место, останатите двајца беа со мали гребнатинки само, ги видов на погребот кај другаров, влакно не им валеше ...

Нејсе тоа, станува збор за две сосем различни собраќајки, не ги ставај во ист кош, поготово периодот по сообраќајката.

Тука за сообраќајката се дозна после 10 саати, мене чудно ми е како никој не приметил дека еластичната ограда е скината ( банкина уствари е нешто сасвим трето, само сите под дифолт ова го викаат банкина, вклучувајки ги и медиумите ), ваљда за тоа време поминало некое полициско возило или некое од возилава што ја разгледува состојбата на автопатот, никој да не застане да не провери ... чудно во секој случај, али не и неизводливо, да нема шанса да се деси. Потоа на новинарите им се забрани да снимаат на местото каде што се случила несреќата, незнам по кој основ ова, еве Тоше кога почина, местото беше достапно за новинарските екипи мада неубави слики беа тоа зашто се сликаше и самиот џип и телото на Тоше. Али ја не алудирам на тоа дека овие до џипот требаше да дојдат, туку бар горе на патот каде што излетал Никола со колата.

Значи простор за теории такви секако дека има, тоа не можеш да го негираш, реков поназад, не за земја каде е изводливо некој у Кофа со вода да се самоубие, само ептен почна да се претерува со истиот муабет over and over again, ако некој треба да бутка темелна истрага, тоа е неговото семејство, ако они имаат индиции дека може не станува збор за несреќа или ако апла се сомневаат во тоа, тие најдобро си знаат.

Ја не сакам да верувам во тоа, дека до таму се дојдени работиве, стварно не гледам причина на ваков начин да се решаваат работите, ако веќе некој се замолчува, методите кај нас се поинакви ( веќе видено ), не класика Путин со неговите кагебе методи, каде доста новинари починаа или се водат за исчезнати, во пакет со олигарсите кои му го свртеа грбот.
Љуц ми беше семеен пријател. И не ми беше поентата да доловам како Љуц почина, туку муабетот ,,со таа кола лесно не се умира,,.
Со секоја кола лесно се умира. Не се лажете многу.

Инаку, на тоа место каде што се случила несреќата, мене па не ми е чудно што никој не приметил. Не е населено, колата била во ендек. Ноќта немало шанси никој да ја види, ни полиција, ни бутур.
Второ, не познавам шофер што на секоја урната ограда по автопат се врти да види што биднало. Се врти ако има кола.

И знаеш што ми е најстрашно мене? Што некој да се свртел, можеби човекот ќе беше тука. Жалосно, но тоа е.

За третиот дел не коментирам. Тоа е веќе премногу офф.
--- надополнето: 30 март 2013 во 02:55 ---
Онде погоре, демек у 19:30 цело време било зафатено и на другиот недостапен бил, а човекот до 8 саат дома бил како што може да прочитате во текстот подоле. Може зборел на телефон, ете и во текстот со адвокатот околу 18:30 зборел заради некои проблеми со тужби, може саат време збореле, па затоа било зафатено. Нејсе, тоа може е и така, на страна тоа, лошото е што сега ќе се изредат уште 1000 души што ќе кажат дека се чуле последни со него... дека знаеле дека нешто е сумљиво, а факт е дека жена му последна се чула со него, а после што се случило, за жал само Господ знае.
Само знам дека е жално за оваа навистина трагична смрт на човек, кој без разлика кој што мисли за него, факт е дека ги започна првите бебешки чекори за слобода на говор и мисла на пишаниот збор уште пред осамостојувањето на Македонија.
Не коментирам и не сакам да шпекулирам за тоа што се десило, посебно не на јавен форум. Не сум експерт, не сум Хорацио, не ни сакам да бидам.


Извор.

Крејзи, можам и јас да кажам дека сум зборела со него, сепак за тоа постојат опипливи докази од Т-мобиле, Вип, Оне - на кој оператор и да бил.
Тие листи лесно се добиваат со налог (и верувам дека полицијата веќе ги побарала).
Не само тој, сите новинари кои се занимаваат со политика (без оглед дали се објективни, провладини или проопозициони), сите се на некој начин ризична група на граѓани.
Меѓутоа, во Р.М., овој пат и онака се знаеа изборните резултати, имаме чкљ власт, чкљ опозиција, новинар тука не може нешто посебно да промени.
Лично лидериве да изјават какви лајна се, народот пак ќе си гласа за тој што си зацртал.

Ова ми е јасно само од луѓето кои лично ги познавам (а познавам од двата табори), затоа и ми е повеќе од безвезе да мислам дека намерно некој би му наштетил на Младенов на ваков начин.
Постојат многу пософистицирани методи да заќутиш некого, а типичен пример ни е Велија.
Кога Велија остана жив, кога неговите ,,потомци,, и понатаму си зборуваат, Младенов не е доволно голем плен за некој да си направи проблем со него.

За мене ова е една голема трагедија, и ми е жал што во оваа земја квалитетните луѓе едноставно не виреат. Не знам како да го наречам тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.788
Добро, во многу си во право.....ама зошто тогаш ја купија и последната телевизија - Алфа која немаше ни 5% од вкупната гледаност во државава?
Па тоа ти викам: ја купија. Не го утепаа газдата.

Методите им функцонираат перфектно, нема причина за убивање, тоа би било сулудо. Посебно што не се загрозени, избори добиваат на шала.

Младенов го чекале уште три казни по 25000 евра, како што кажа жена му. Не знам кој го тужел. Но очигледно е дека ако сакале да го затворат Фокус, најлесно ќе го направеле тоа преку судството, со шибање тужби и изрекување високи казни. За година дена тоа се би било готово.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
На луѓето што го криеја убиството на Мартин Нешковски ништо не им остана да им се верува....

Точно е, комплетно различни ситуации - не мешам мотиви, причини....процесот на криење на таква голема работа - за разлика од тогаш овде имаат отворено поле за заташкувања.....
...а мотиви во овој случај може и тоа како да има, да не се лажеме...
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
А кој би имал фајде од смртта на Тоше?
Аман, како тој бурето сте станале сите.
Озбилно.
Другар дај бе не збори глупости,кој го спомена Тоше? Какви ти се овие споредби, Тоше е забавувач,Љуц е угостителник а Никола е новинар(не верувам дека треба да ти објаснам зашто за него е упатен целиот сомнеж)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Чист атентат.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.451
Поени од реакции
30.964
Чист атентат.
Само некој што никогаш не се возел на тој пат може да мисли вака.
Бидете малку рационални. Зошто некој би го убил Младенов?
Досега бил тужен, можел да биде убиен.
Ама ај нека биде интересно праите си теории на заговор.
Чоекот вака така си отиде. Остајте го да почива на мир.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Изрази сочуство Груевски воопшто?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Само некој што никогаш не се возел на тој пат може да мисли вака.
Бидете малку рационални. Зошто некој би го убил Младенов?
Досега бил тужен, можел да биде убиен.
Ама ај нека биде интересно праите си теории на заговор.
Чоекот вака така си отиде. Остајте го да почива на мир.

Нема никаква теорија кој со ѓаволот тикви сади....
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Јас не слушнав ни од Груевски ни од некој друг...
Битно кампања има. У знак на почит Јани ја запре на еден ден, а со неизразувањето од Владата или од Груевски, сомнежов некако станува поголем. Али нема везе, народов си знае за кого гласа.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.917
Поени од реакции
11.703
За Вмро до гроб!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645

Kajgana Shop

На врв Bottom