krale Другар, не сакам да се препираме околу лични ставови. Јас нема да го сменам твојот, ти нема да го смениш мојот. Доволно доста читам секојдневно за вакви ствари да имам оформено едно мислење, кое мислам дека е реално и не пристрасно. Мислам дека ќе се согласиме, да не се согласиме
Ќе морам само да те повикам да не веруваш дека iPhone-от е најбрзиот LTE уред, затоа што тоа зависи од многу други фактори, а најмалку од Епл. Нешто слично како мојот лаптоп е побрз на истиот WiFi од твојот лаптоп, а притоа лаптопите се иста генерација. Можеби iPhone-от ќе прикаже побрзо страница, но тука секако влијае и големината на екранот како и резолуцијата (следствено, повеќе елементи за прикажување).
Зашто да се замарам за уште поголеми резолуции кога докажано е дека човечкото око и не ги перцепира поголемите резолуции.
Хм, донекаде би се согласил со тебе. Но тоа нималку не шкоди, туку напротив, може само да биде позитивно. Секако дека се добива многу пофин детал со повисока резолуција. Можеби тоа е суптилно, ама има секакви пицајзли.
Конечно, јас не викам дека iOS е лош, сопругата моја го користи. Супер е, ама не е за мене. Некои работи многу ме нервираат на него. Александар од една страна сака да ракува со телефонот со една рака, јас од друга страна сакам поголем екран затоа што многу го користам за „сурфање“ телефонот. Ако ништо друго, фантастично е оптимиран софтверот, на многу послаби спецификации и батерии, Епл постигнува перформанси што двојно посилни „андроиди“ не ги достигнуваат, или се тука некаде.
Мене лично и ме нервира тој маркетинг на Епл. Како она што беше на нивната страна како они имале најдобро ова, најдобро она. Чисто јадење *****.
Го замислувам Џони Ајв како го рекламира своето *омно, колку е тоа софистицирано, со револуционерна форма и структура, дизајн кој природно се формирал во нешто совршено. И пола народ ќе се напали за рекламата во која Џони Ајв го рекламира своето утринско *омно. Патем, за човекот лично сметам дека е голем иноватор и визионер.
На крај, секој со своето. Да бидеме среќни што имаме избор и шанса да го купиме тоа што е тековно во светот.