Samsung Galaxy S IV

Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Blazing Guns добро размислуваш но јас стојам зад фактот дека samsung е единствениот сериозен играч на apple и ќе дојде моментот да разберат сите дека најбитно е искуството со самиот ти и твојот smartphone а не хардверот . Apple има доволно простор да го докаже на сите тоа но треба време и еволуцуија . Зашто да се замарам за уште поголеми резолуции кога докажано е дека човечкото око и не ги перцепира поголемите резолуции . Само за да имаме муабет јас и ти или пак практично да имаме корист во секој момент од самиот телефон . Јас не сакам телефон што ќе го користам со две раце тоа е факт .
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
krale Другар, не сакам да се препираме околу лични ставови. Јас нема да го сменам твојот, ти нема да го смениш мојот. Доволно доста читам секојдневно за вакви ствари да имам оформено едно мислење, кое мислам дека е реално и не пристрасно. Мислам дека ќе се согласиме, да не се согласиме :)

Ќе морам само да те повикам да не веруваш дека iPhone-от е најбрзиот LTE уред, затоа што тоа зависи од многу други фактори, а најмалку од Епл. Нешто слично како мојот лаптоп е побрз на истиот WiFi од твојот лаптоп, а притоа лаптопите се иста генерација. Можеби iPhone-от ќе прикаже побрзо страница, но тука секако влијае и големината на екранот како и резолуцијата (следствено, повеќе елементи за прикажување).
Зашто да се замарам за уште поголеми резолуции кога докажано е дека човечкото око и не ги перцепира поголемите резолуции.
Хм, донекаде би се согласил со тебе. Но тоа нималку не шкоди, туку напротив, може само да биде позитивно. Секако дека се добива многу пофин детал со повисока резолуција. Можеби тоа е суптилно, ама има секакви пицајзли.

Конечно, јас не викам дека iOS е лош, сопругата моја го користи. Супер е, ама не е за мене. Некои работи многу ме нервираат на него. Александар од една страна сака да ракува со телефонот со една рака, јас од друга страна сакам поголем екран затоа што многу го користам за „сурфање“ телефонот. Ако ништо друго, фантастично е оптимиран софтверот, на многу послаби спецификации и батерии, Епл постигнува перформанси што двојно посилни „андроиди“ не ги достигнуваат, или се тука некаде.

Мене лично и ме нервира тој маркетинг на Епл. Како она што беше на нивната страна како они имале најдобро ова, најдобро она. Чисто јадење *****. Го замислувам Џони Ајв како го рекламира своето *омно, колку е тоа софистицирано, со револуционерна форма и структура, дизајн кој природно се формирал во нешто совршено. И пола народ ќе се напали за рекламата во која Џони Ајв го рекламира своето утринско *омно. Патем, за човекот лично сметам дека е голем иноватор и визионер.

На крај, секој со своето. Да бидеме среќни што имаме избор и шанса да го купиме тоа што е тековно во светот.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Значи какви се не ликови нема да сретнеш по интернетов... Интернетот најбрзо работил на ајфон!!!! На вакви бисери човек не знае дали да плаче или да се смее. :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Уште еден бисер: Нема вирус што може да го нападне ајфонот. ;) :pos:
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
krale

Хм, донекаде би се согласил со тебе. Но тоа нималку не шкоди, туку напротив, може само да биде позитивно. Секако дека се добива многу пофин детал со повисока резолуција. Можеби тоа е суптилно, ама има секакви пицајзли.
Има бааги што можеше да се избере за коментар, ама ќе се фатам за оваа небулоза. Се разбира, за вкусовите не смее да се дебатира - но за вистината и те како треба и мора да се дебатира.

Поголема резолуција од ретина е тотална глупост и во никој случај не може да биде позитивно, ниту да се добие пофин детал.

Ќе ти кажам една друга споредба, можеби ќе сфатиш зошто. Веројатно си слушнал за IMAX киносалите и Студио, кои прикажуваат филмови/документарци итн., со невеорјатна слика. Дали знаеш, која брзина на филм ја користи IMAX?

Истата 24fps што се користи во кинематографијата од 20-тите години наваму. Е сега, по некоја логика, зошто не стават бе 60 слики во секунда, нели ќе биде подобро, пофин детал? Епа се испоставува дека НЕ. За човековото око е АПСОЛУТНО сеедно дали се 24fps или 224fps.

Истото е и со ретина. Лупни и милијарда пиксели на инч, исто е, како ретина.

Тие работи со кои се расфрла Самсунг и некои други производители се само некаква пропагандна машинерија за нивното (цитирам) *омно да во очите на лековерните и неуки корисници изгледа супериорно. А од друга страна ти бутаат дури и на S4 пентајл матрица дисплеј. Епа кој не знае, ќе си биде среќен само зашто не знае, не затоа што има нешто супериорно.

Истиот шаблон го користат за процесорот, рамот, графиката, камерата, итн итн. Ако некој сака, ќе објаснам и во детали.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
сега само работите се потврдуваат а не се оди на големи иновации јас мислам дека до 20 век се што се создало денес само се потврдува . И ни мачкаат очи сега ќе додадеме 4 јадрен процесор. Кај ќе ја осетиш разликата жити се или за графиката . Игрите се на 4 инчен диспеј не се на 21 инч . Значи има разлика сепак она што можеш да го перцепираш на 21 не е исто и на 4 . Така да многу психолози работат за ваквите големи компании и не работат емоционално а не иновативно . Пак ќе пофторам apple почнаа да работат на искуството на корисниците хардвер и софтвер а не само да се шибаат хардверски перформанси .
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.551
Наздравје нека ви е

I9505 – Macedonia

SamMobile has compiled a list that shows which country gets which model. The I9500 is the non-LTE Exynos model while the I9505 is the 4G-enabled Snapdragon model.

Ништо не гледаме од octa чипсетот, кои глупости од Самсунг не ми се верува
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Наздравје нека ви е

I9505 – Macedonia

SamMobile has compiled a list that shows which country gets which model. The I9500 is the non-LTE Exynos model while the I9505 is the 4G-enabled Snapdragon model.

Ништо не гледаме од octa чипсетот, кои глупости од Самсунг не ми се верува
Штета. А баш планирав Аватар 3Д да го рендерирам на окта чипсетот.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
--- надополнето: 22 март 2013 во 17:55 ---
1. Не е само пентајл матрицата - спореди бои на Самсунг телефоните (пренагласени за да изгледа демек јако за чалам) и реалноста што ја добиваш на iPhone. Се уште за жал ретина екраните на iPhone не се надминати, и доволно за тоа е по 2-3 дена да покористиш ваков телефон, па да се префрлиш на друг.

2. ЛТЕ, не знам лично не ме интересира - но пак ако некој веќе се фали со брзина, iPhone-oт е оптимизиран и најбрзо работи интернетот на него.

3. За другите работи - ајде. Ама оваа точка мора остро да не се сложам. Од проста причина што квалитетот на апликациите на AppStore и Google Play e небо и земја. Да не одиме до таму дека ниедна солидна игра не постои за андроид. Ниедна апликација од асална софтверска куќа не се прави прво за андроид. А како капак на се, апликациите не се воопшто со ист квалитет! Пробај Фејсбук на iOS, на пример, и на Андроид и самата апликација е каде-каде по-профи изведена за iOS. Oва не е изолиран случај, ова е повеќе правило него исклучок.
Почнале повеќе пичиња да те бараат на телефонот одкако зема ајфоун што се палиш и за работите што ги знаеш и работите што не ги знаеш?
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
--- надополнето: 22 март 2013 во 17:55 ---


Почнале повеќе пичиња да те бараат на телефонот одкако зема ајфоун што се палиш и за работите што ги знаеш и работите што не ги знаеш?
Не користам ајфон во глобала. Денес го земав едниот од петките да го врткам, ми требаше нешто за интернет, иначе стандард сум на Самсунг Андроидче што е секогаш со мене, и другите ги мењам секои 2-3 дена.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Пробај Фејсбук на iOS, на пример, и на Андроид и самата апликација е каде-каде по-профи изведена за iOS. Oва не е изолиран случај, ова е повеќе правило него исклучок.
Те цитирам само дека спомна, не дека нешто те напаѓам. Конкретен случај за ФБ апликацијата на Android, iOS и WP. Јес да е од XDA, ама реално си е.

Јас не користам ФБ, и не знам од прва рака. Ама сите околу мене имаат, и мене ми делуваат идентични апликациите. А и на видеово се исти.

 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Те цитирам само дека спомна, не дека нешто те напаѓам. Конкретен случај за ФБ апликацијата на Android, iOS и WP. Јес да е од XDA, ама реално си е.

Јас не користам ФБ, и не знам од прва рака. Ама сите околу мене имаат, и мене ми делуваат идентични апликациите. А и на видеово се исти.

krale Ако го разбрав точно сакаше да каже дека фб апликацијата да ја ставиш на постар телефон што користи андроид сецка а на иос и ајфон 2г да ја ставиш нема да сецка. И ова од мене е проверено стварно е така знаеш како сецка на послаби модели на телефони што користат андроид. Ама затоа ако имаш постар телефон си бараш постара верзија на фб и нема ти сецка.
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
krale Ако го разбрав точно сакаше да каже дека фб апликацијата да ја ставиш на постар телефон што користи андроид сецка а на иос и ајфон 2г да ја ставиш нема да сецка. И ова од мене е проверено стварно е така знаеш како сецка на послаби модели на телефони што користат андроид. Ама затоа ако имаш постар телефон си бараш постара верзија на фб и нема ти сецка.
да тоа сакав да кажам, ама и ПЛУС нешто друго - а тоа е дека апликацијата за iOS и за Андроид е различна - односно ги нема сите опции и функции на Андроид верзијата.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
да тоа сакав да кажам, ама и ПЛУС нешто друго - а тоа е дека апликацијата за iOS и за Андроид е различна - односно ги нема сите опции и функции на Андроид верзијата.
Конкретно кои опции и функции ги нема?
 

krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
Конкретно кои опции и функции ги нема?
Малце е постаро ама углавно се конта. Андроид девелопментот дури и сериозни куќи како Фејсбук го гледаат второстепено - ради-реда. Иако има подобрување и на тој фронт во последно време.

http://youtu.be/JYc7yhvSgNU
 

Kajgana Shop

На врв Bottom