Штом хомосексуалците се повикуваат на природноста на хомосексуалните односи,право кое не смее никој да им го оспори,дури ниту државата,тогаш се крајно лицемерни заложбите да им се дозволи да посвојуваат деца.
Не се работи за либералност,не се работи за почитување на правата на хомосексуалците,ниту пак се работи за 21.век и модерно општество,туку се работи за заштита на правата на децата.Немам желба ниту да навлегувам дали дете израснато од хомосексуалци ќе стане исто така хомо-знам дека нема,но прилично сум сигурен дека тоа дете не може да израсне во психички здрава личност која ќе може да се соочи и да ги решава животните проблеми.Сите сме свесни и знаеме дека нормално семејно опкружување е од фундаментална важност за нормален раст и развој(пред се мислам на психичкиот аспект) на секоја млада личност.Земете еден пример на дете растено од само еден родител и како тоа се рефлектира врз него,не тврдам дека тие деца подоцна не израснуваат во психички здрави особи,напротив,но факт е дека се соочуваат со потешкотии,неретко имаат ниска самодоверба,фали цел образец на однесување во зависност од тоа кој родител недостига итн.Истополови родители претставува уште порадикален случај.Тоа не е воопшто лесно за едно дете,зошто тогаш би ги силувале децата?Човекот припаѓа на природата,заедно се во нераскинлива врска и како таков,пожелно е да се почитуваат законите и односите кои се воспоставени и се рефлектираат и врз човекот и неговото битисување.
Мој став е дека треба да им се дозволи стапување во брак на хомосексуалците,но посвојување деца не подржувам.