Би отишле ли да живеете на село?

М

мојќен

Гостин
живееме во бурно и брзо време со несвесни одлуки,со несигурни пријатели,лоша работа, материјални недостатоци и др...како основни причини за повлекување на мирно место.
значи дали би живееле во село ?,,,
Како ПРВО ќе ги замолам сите членови што имаат негативно мислење кон луѓето што живеат на село,да имаат на ум дека таму постојат луѓе коишто ги познават работите подобро од некои ЗАНЕСЕНИ што живеат во град,и дека многу добро знаат за сиромаштија, и многу подобро си ја тераат работата.
Доколку мене ме прашате јас моментално би одговорил не,барем не уште 40 години.(имам неполни 18), но после пензионирање, здравје ако ме служи да си видам внучина би се повлекол на некои мирно планинско место,слично како мислењето на blue ladybug...
позз.
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Свите тија што го нагласуаа зборот сељак и сељаци, имаат комплекси од село. И самите тие се од село само што сега живеат во некое гратче и го кријат вистинското потекло. Ништо не е срамно ако кажеш дека си од село, селото секогаш било извор на храна и ќе биде. Некој мора тоа да го работи, што би било ако свите живеемо у град ? Плус прашање на вкус е тоа според мене, некој сака да живи у град полн со људи, гужве итн, додека некој појќе преферира мирна живеачка на село, природа, опуштено. Немам ништо против живење у село.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
пред неколку месеци Србија имаше акција за оживувања на селата
За таа цел власта им даваше бесплатни плацеви на сите заинтересирани- без оглед дали им е целта да живеат таму или да ги користат како викендици куќите.
Но, единствениот услов кој Србија го постави беше да на тие плацеви идните станари или викендаши куќите што ќе ги градат да бидат исклучиво од природен материјал - дрво или камен , да се во етно стил и да не се отуѓуваат
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.577
Поени од реакции
1.878
jas ziveev vo selo dodeka bev vo mkd. mi se dopagase, bidejki imav kola i koga sakav odev vo gradot.

tie so nemat prevoz, potesko im e vo seloto.

inaku seljacana ima kolku vo selata, tolku i vo gradovite. procentualno zboram.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Би живеел на село, но некое кое е блиску до Скопје бидејки во градот сум се родил и сум израснал, и кое има основни услови за живот и патишта водовод и одвод како во градот. Би сакал да живеам во нова не многу голема куќа околу 100-200 квадрати, но со голем и убаво среден двор, со цвекиња, плодни дрвца и трева. И сега ми е слично таков дворот но не е доволно голем. Најубаво е да се живее во населба без галама, во природа, која е блиску до центарот од градот каде може да се оди на прошетка, во кафич, шопинг и сл. Оние во центар искрено ги жалам, се угушија луѓето а си мислат дека се којзнае какви фраери што се во центар. Фала богу ја што сум во помирна населба на 15 минути со кола од центар и никогаш куќата и дворот не би ги продал за да купам било каков стан или куќа во Центар.
А во некое затуцано планинско село исфрлено од цивилизација не доаѓа во предвид. Ке полудам таму сам со уште 100 соселани цел живот, по ниви и со стока, пупу скраја да е.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
kako prvo ti trebaat pari za da prezivees posle se drugo, zaebi duhoven mir koga nemas rabota i pari da prezivees. Ubavo kaza clenot pogore fali selo zivej vo grad.
ќе живеам од добивките и бенефитите на природата. според мене парите се преценети и лично не ми значат многу, многу
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
ќе живеам од добивките и бенефитите на природата. според мене парите се преценети и лично не ми значат многу, многу
Мислам дека не е толку едноставно...
И јас би ја збришал негде во планина.....меѓутоа, мене искрено ми се гади кога ќе видам места, простори кои се упропастени од човечкото присуство....
Елементарно е градските навики да не се влечат во природа и селските во град....нашиот најголем проблем е тоа...
Би живеел и јас, но некој одреден период....не би ловел и убивал животни и би се обидел колку може моето присуство да испоремети нормален тек на работите....
А од пари, луѓе, партии ми е преку....би киднал од ова ѓубре уште денеска...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Македонското село си е една убавина , во светот што ја нема .На влезот или излезот од селото обавезно имаш по една депониичка . Низ селото врви обично една асфалтирана улица 3 метри широка ако има повеке тоа веке е луксуз . Сите бандери се жално наведнати , домот на културата од колективизацијата претворен во магацин за жито на локалните бизнисмени . Се разлега реа од шталско ѓубре насекаде , месните жители ,по скопски кажано "сељаците" , едни исончани , како цело време фудбал на копакабана да играле и со возен парк како во Куба . Накратко насекаде една егзотика , милина да се поживее таму !
За разлика од нив во тоа Европата сите села некако неселски изгледаат , сите улици асфалтирани дури и низ полето (какво претерување) , фасадите како од вчера да се , се ново а старото зачувано , возниот парк обичен како и кај несељаците , наместо селски домови на културата -трговски центри а тоа сељаците несељачки изгледаат . Единствено нешто заедничко со нашите и тие земаат субвенции !
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61
Македонското село си е една убавина , во светот што ја нема .На влезот или излезот од селото обавезно имаш по една депониичка . Низ селото врви обично една асфалтирана улица 3 метри широка ако има повеке тоа веке е луксуз . Сите бандери се жално наведнати , домот на културата од колективизацијата претворен во магацин за жито на локалните бизнисмени . Се разлега реа од шталско ѓубре насекаде , месните жители ,по скопски кажано "сељаците" , едни исончани , како цело време фудбал на копакабана да играле и со возен парк како во Куба . Накратко насекаде една егзотика , милина да се поживее таму !
За разлика од нив во тоа Европата сите села некако неселски изгледаат , сите улици асфалтирани дури и низ полето (какво претерување) , фасадите како од вчера да се , се ново а старото зачувано , возниот парк обичен како и кај несељаците , наместо селски домови на културата -трговски центри а тоа сељаците несељачки изгледаат . Единствено нешто заедничко со нашите и тие земаат субвенции !
Да не се прецени малку другар ? во врска со возниот парк ? па и во врска со се друго
 
H

Humanoid747

Гостин
Со добра почетна инвестиција може да се направи живот во село. Неколку здружени семејства кои ќе соработуваат и ќе тргуваат со тоа што ќе го произведуваат (претходно договорено кој, што, како) и ќе си ја поделат работата меѓу себе за да немора секој со све да се занимава а сите да имаат се на располагање. Е сега, ќе треба некако да се прават и пари. Ќе треба струја да се плати, гориво ако се користи машинерија за обработка на земја, ќе мора возило да се има за во итни случаи и да се купат работи како брашно и сл. што ќе им дојде премногу за да го произведуваат сами(барем на старт). Одличен приход може да се добие од органско производство на некои земјоделски производи, од продажба на млеко (има посакапи крави што се млечни доста и даваат многу млеко дневно) и од парите од ова, ќе си ги финансираат оние работи кои мораат да ги купат и неможат да ги произведат сами. За исхрана преку годината може да користат земјоделски производи одгледани во фолии, складирање храна (зимница), и животни. За две до три семејства, би бапнал 40сетина кокошки во едно мало фармиче за кокошки, 5-6 свињи (ако е само за лична употреба), и тука е на располагање и дел од млекото од кравите, немора се да оди на продажба. За да се намалат трошоци може да се земе и некој сончев колектор за да се заштеди малце на енергија, водата е од природата најчесто, а други трошоци незнам кои би им биле, зошто нема потреба од интернет , греењето е од дрва од природата, лекови и такви ствари добар дел од тоа ќе се намали зошто здрав живот се живеее на село и max ќе ви се врати здравјето и виталноста. Може да се поработи на идејата уште, само незнам колку млади луѓе би биле заинтересирани за ова ама за старци и скоро пензионирани кои сеуште можат да работат ова е одлична работа. За нив е плус и тоа што веќе имаат некои сигурни пари на месечно ниво (пензијата) и им е посигурно да почнат зошто што и да се деси нема да заглават и да останат без леб.
 

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
Ја читам темава и просто неможам да вервам шо се крепит земјава, со исклучок на поединци. Не сакам на никој да навредам, или па некој нешо лично да си сватит, ама некој бајаги се преценал или премногу гледат филм4иња ( сеа овие турциве малце му го имет пореметено ритамот али јбг). Претпоставувам дека целта на тој шо ја почнал темава му била во смисла..вистински да се преселиш во село и да живејш нормално, со сите секојдневности, убај и неубај случки, со сите предизвици шо ги нудит животот. Морат да имаш фарма или незнам шо дурго за да живејш на село??? Никој не побара мислење како смрдело на село или незнам шо, каков им бил возниот парк и слично. Алооо свестетесе, во кој век живејте???? Вие шо фаќате сеир ( скопјаните) излезете малце од чадојте и од смогот шо го дишите, опулетесе малце наоколу, а не само да се занесвите дека живејте во град и дека господ за јајца го држите ( а пола од вас сигурно менвите минимум 2 автобуси за да стигните до рекорд). Прво, кога веќе сте се дрзнале да прајте муабет на темава, видете шо е село, прочитајте, па споредете со македонските прилики и услови за то шо е село!!! Напрајте разлика какви се селата во источна и во западна Македонија. Се понашате како некој нашинци иселени пред 50 години во Острејлија и никогаш невратени назад па прашвет на телефон дали имат семафори и дал имат магариња за дојдет до на аеродром да ги земет :facepalm: . Јас лично живеам во село. Мојте родители и покрај то шо имет работа ( шо не е поврзана со земјоделството) пак се занимавет со земјоделство, јбг морат да работаш за да постигниш нешо. Градот шо ми е најблиску е на 10 мин со кола, а ако сакаш да цапаш, за 25 мин си таму. Сите улици се асфалтирани, основно училиште, 3 кафе-барови, спортски игралишта, секаква друга инфраструктура. И сега што сме ние подолу од тие што живеат в град? Од тие што се гушат во смог??? или јбг село е па ајде сеир ке си фаќаме?? Да не зборувам куќите ( ваљда куќа на два ката е поголема од дводобен стан) а и за уреденост на дворови и други работи. Ако се бавиш строго со земјоделие нормално дека нешто ке фали, секој простор се користи, имаш еден тон машинерија, не е како по филмовите ( мада шо има и такви каде што е баш така, се со време).Има доста луѓе што живеат градски живот а сепак се на село, јбг таму има куќа, неогивте живееле таму, се стекнале на село, али работат во градот или имаат бизнис во село па не се замараат со земјоделие. Шо да речеме за нив??? и тие се „сељаци“??? Ова беше за делот шо стварно сум исфрустриран и повреден, сеа ке напишам мој став и ке се држам вистински до темата.
Во последниве години некако политиката за живеење на село се промени. Има доста субвенции, можности, работење на државно земјиште и сите други тракатанци али не е баш така лесно. Мислам дека е преголема инвестиција да се преселиш на село во смисла ајде одиме на село зошто е поефтино да се купи земјиште и да се гради па ке си направам една палата како штто видов на ТВ а притоа да очекуваш дека ке живееш само од земјоделие! Животот на село е добра алтернатива, место да се одмориш, да избегаш од гужва во град а и со малце повеќе работа да заработуваш доволно за живот. На село межеш да си дозволиш работи шо во град можеш само на ТВ да ги гледаш или да сонуваш , но има и недостатоци. Тие се надвор од градот, па административни работи треба да бркаш во град, снабденост на маркети, продавници и слично. Ако живееш селски живот, се занимаваш со земјоделие, имаш животни и слично, трошоците од една страна ти се пониски, а од друга поголеми ( имаш производи што нема потреба да ги купуваш но треба да работиш толку многу што од работата ке обезбедиш храна за животните ) Тоа со млекото не е баш сјајно, нашиве трговци знаат и тоа како да ти го начукаат, не плаќаат на време, крадат и го земаат млекото за багатела, ќе видиме што ке се случи со новата млекарница. Мислам дека на градинарското производство има највеќе ќар а и полесно е за работа така да тоа би ми била некоја сугестија за тој што размислува да се пресели на село , претпоставувам дека ова е прво што би отпочнал некој . Има и доста други работи што би ги споделил со вас али сум доволно напнат после сите постој, па ке прекинам тука дури не ме изнервира некој пак!! :)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Да не се прецени малку другар ? во врска со возниот парк ? па и во врска со се друго
Јас мислам не ! Од 15-20 години живот на село и уште 20 работа низ Македонијава , од кои половината низ руралните ни средини , слободно можам да ти кажам дека состојбата е пожална од она што го напишав . Тоа што малку карикирав со описите е колку за засилување на впечатокот ама суштината си останува иста .
Исклучоците само го потврдуваат правилото а тоа што некој на кого не му го платиле млекото со месеци тука сее оптимизам е веке за во друг форум !
Јас сакав да направам компарација со села во Европа , каде селата се вистински места за живеење ако пак се споредуваме со Туркменистан и Зимбабве тогаш ОК , нешто сме подобри !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom