Ја читам темава и просто неможам да вервам шо се крепит земјава, со исклучок на поединци. Не сакам на никој да навредам, или па некој нешо лично да си сватит, ама некој бајаги се преценал или премногу гледат филм4иња ( сеа овие турциве малце му го имет пореметено ритамот али јбг). Претпоставувам дека целта на тој шо ја почнал темава му била во смисла..вистински да се преселиш во село и да живејш нормално, со сите секојдневности, убај и неубај случки, со сите предизвици шо ги нудит животот. Морат да имаш фарма или незнам шо дурго за да живејш на село??? Никој не побара мислење како смрдело на село или незнам шо, каков им бил возниот парк и слично. Алооо свестетесе, во кој век живејте???? Вие шо фаќате сеир ( скопјаните) излезете малце од чадојте и од смогот шо го дишите, опулетесе малце наоколу, а не само да се занесвите дека живејте во град и дека господ за јајца го држите ( а пола од вас сигурно менвите минимум 2 автобуси за да стигните до рекорд). Прво, кога веќе сте се дрзнале да прајте муабет на темава, видете шо е село, прочитајте, па споредете со македонските прилики и услови за то шо е село!!! Напрајте разлика какви се селата во источна и во западна Македонија. Се понашате како некој нашинци иселени пред 50 години во Острејлија и никогаш невратени назад па прашвет на телефон дали имат семафори и дал имат магариња за дојдет до на аеродром да ги земет
. Јас лично живеам во село. Мојте родители и покрај то шо имет работа ( шо не е поврзана со земјоделството) пак се занимавет со земјоделство, јбг морат да работаш за да постигниш нешо. Градот шо ми е најблиску е на 10 мин со кола, а ако сакаш да цапаш, за 25 мин си таму. Сите улици се асфалтирани, основно училиште, 3 кафе-барови, спортски игралишта, секаква друга инфраструктура. И сега што сме ние подолу од тие што живеат в град? Од тие што се гушат во смог??? или јбг село е па ајде сеир ке си фаќаме?? Да не зборувам куќите ( ваљда куќа на два ката е поголема од дводобен стан) а и за уреденост на дворови и други работи. Ако се бавиш строго со земјоделие нормално дека нешто ке фали, секој простор се користи, имаш еден тон машинерија, не е како по филмовите ( мада шо има и такви каде што е баш така, се со време).Има доста луѓе што живеат градски живот а сепак се на село, јбг таму има куќа, неогивте живееле таму, се стекнале на село, али работат во градот или имаат бизнис во село па не се замараат со земјоделие. Шо да речеме за нив??? и тие се „сељаци“??? Ова беше за делот шо стварно сум исфрустриран и повреден, сеа ке напишам мој став и ке се држам вистински до темата.
Во последниве години некако политиката за живеење на село се промени. Има доста субвенции, можности, работење на државно земјиште и сите други тракатанци али не е баш така лесно. Мислам дека е преголема инвестиција да се преселиш на село во смисла ајде одиме на село зошто е поефтино да се купи земјиште и да се гради па ке си направам една палата како штто видов на ТВ а притоа да очекуваш дека ке живееш само од земјоделие! Животот на село е добра алтернатива, место да се одмориш, да избегаш од гужва во град а и со малце повеќе работа да заработуваш доволно за живот. На село межеш да си дозволиш работи шо во град можеш само на ТВ да ги гледаш или да сонуваш , но има и недостатоци. Тие се надвор од градот, па административни работи треба да бркаш во град, снабденост на маркети, продавници и слично. Ако живееш селски живот, се занимаваш со земјоделие, имаш животни и слично, трошоците од една страна ти се пониски, а од друга поголеми ( имаш производи што нема потреба да ги купуваш но треба да работиш толку многу што од работата ке обезбедиш храна за животните ) Тоа со млекото не е баш сјајно, нашиве трговци знаат и тоа како да ти го начукаат, не плаќаат на време, крадат и го земаат млекото за багатела, ќе видиме што ке се случи со новата млекарница. Мислам дека на градинарското производство има највеќе ќар а и полесно е за работа така да тоа би ми била некоја сугестија за тој што размислува да се пресели на село , претпоставувам дека ова е прво што би отпочнал некој . Има и доста други работи што би ги споделил со вас али сум доволно напнат после сите постој, па ке прекинам тука дури не ме изнервира некој пак!!