Би отишле ли да живеете на село?

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Излегувам во "најградскиот",најдобар кафич,си се облекувам колку и тие,со тоа што ретко кој од нив може да си дозволи по 100евра за патики,или по 3-4000за панталони 2000+за кошули.Некој дел од нив се спремни да трошат по 100евра во една вечер за излегување(што го имам направено неколку пати).
И можам слободно да кажам дека имам излегувано во цела Македонија.Супер си поминувам на излегуење без разлика што сум од село,сите во селото ме почитуваат,ги почитувам.
И затоа ќе бидам секогаш повеке мокен од нив.И додека имам таков живот без разлика што живеам во село ке си живеам во село,тоа не ми смета.
Се познава дека си од СЕЛО и дека имаш СЕЛСКИ манири и комплекс на нижа вредност со самото тоа што спомнуваш тука некои си цени на панталони, кошули, коли, евра, патики...

Цитирам "И можам слободно да кажам дека имам излегувано во цела Македонија"...

И ???
Тoa треба да не импресионира? Треба да ни докаже што?

Продолжи си со тие комплекси на нижа вредност и кажувај колку пари трошиш на едно излегување, а тоа нема врска со самата тема на која што пишуваш...

Супер си поминувам на излегуење без разлика што сум од село,сите во селото ме почитуваат,ги почитувам.
И затоа ќе бидам секогаш повеке мокен од нив.
И затоа секогаш ќе си останеш како дете од СЕЛО, и да ги имаш сите пари на светот, кога си празен на памет

П.С Не сум хејтер на луѓе кои живеат на село, хејтер сум на вакви искомплексирани типчиња
 
L

Luki Junior

Гостин
STEALTH Не го навердувај така детето.. Оште е дете и такви работи му праат ќеф, такви работи си пише. Нема ништо лошо у тава. Не е причина да го карактеризираш како сељак, простак, провинцијалец.
Ако погледнеш малку поодалеко, младо дете е, излева секаде, у џебо му тропкат парички.. Заработува си го лебо, работе како којн по дома, и има резлутат таа работа. Макар и селска, ама може да си дозволе нешта, да си поттрошнува, итн. (не го разбирај како критика, а нешто како дообјаснувајне)...

Субвенциите са убава работа, ама дури и јас како краен корисник на них, имам забелешки. Дават се пари на немерено.. Јас повеќе би сакал да ми дават нафта, и ѓубре како стока, (поевтина нафта (ддв-то) да го враќат на земјоделците), семенска стока... Едноставно да ја стимулират економијата од сите страни.. (У велес едно време се прааше ѓубре, Битолско правеа семенска стока за жито). Овоштарниците и садниците са дел македонски, дел увозни (требе да напраат план, сите садници да се произведуват у македонија). Ако истураш пари у едно нешто не значи оти ќе биде работа..

Малку ми е смешно, как се рекламира за концесиите, како лесно се купува трактор, како лесно се купува механизација.. Некои други спомнуват дури да се купува нов трактор и нова приклучна механизација. Скапи са тија работи бе дечки, не дават доволно пари од власта да се купат тија нешта...
Еден добар трактор (НЕ ИМТ не е толку добар трактор) ти е околу 8 000+ евра... Едно Ландини е веќе над 15-6 000 евра. (Говореме за нови)...
Едни плугове обични (од фабрика, не цигански) са 400 евра +.. .Ако сакаш и обратачи цената оде дупло.
Дека му е крајо да земеш култиватори, фреза, циклон, Атомизер, Приколица...
А земјата да ја земеш под концесија требе си имаш вујко владика. 3 пати аплицираме со тате за едни ниви, никак да ги добииме... А така стојат необработени..
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
И јас сум младо дете, и јас заработувам самостојно, и јас одам СЕКАДЕ, и јас имам кола "како за ерген", и јас се облекувам колку-толку пристојно, и јас трошам на излегувања и на било што, ама НИКОГАШ, НИКОГАШ нема да ги кажам или напишам сите тие работи погоре како него.

П.С А да... најдобриот "градски" кафич во Кочани е селски во споредба со најдобриот во Штип /sarcasm off
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Се познава дека си од СЕЛО и дека имаш СЕЛСКИ манири и комплекс на нижа вредност со самото тоа што спомнуваш тука некои си цени на панталони, кошули, коли, евра, патики...

Цитирам "И можам слободно да кажам дека имам излегувано во цела Македонија"...

И ???
Тoa треба да не импресионира? Треба да ни докаже што?

Продолжи си со тие комплекси на нижа вредност и кажувај колку пари трошиш на едно излегување, а тоа нема врска со самата тема на која што пишуваш...



И затоа секогаш ќе си останеш како дете од СЕЛО, и да ги имаш сите пари на светот, кога си празен на памет

П.С Не сум хејтер на луѓе кои живеат на село, хејтер сум на вакви искомплексирани типчиња
Во случајов ти го хејташ членот ради благодетите што он ги живее.. Го вреѓаш затоа што си ги пиша работите како што се..

Сељак го прави ако кажува дека си троши пари? Смешно...
Тој што си работи ќе си има, ќе си троши има право на тоа..

Доле спомнуваш и ти си младо дете кое троши пари.. Да да знам.. во нашава држава под 18 години гледам колку избор има на работа за да правиш пари едино нешто што вади е шушките на мама и тато.. Затоа нареден пат не ги осудувај кога незнаеш каква е маката да се заработат тие пари..

Генерално поголемиот дел од селаните се проста раја, необразувана.. Тоа ги кочи да напреднат... Ама доколку се спои образованието со селскиот живот , се удрат солидни математики почне да се истражува и те како може убаво да се живее..

Ништо нема лесно јбг, ама барем во нашава држава има можност за успех на село..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Не.....не сум за на село,ја сакам гужвата,асфалтот и вревата......
Можеби кога ќе се пензионирам ќе сменам мислење,али живи били па видели.....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Да. Еве сега и зошто да.
Јас сум од таму од кај што сум.Од каде се и мојте предци.Не сум донесен,населен,
одселен или доселен,од тука сум и ми е срам што тоа и се гледа и не можам да го сокријам. А би сакал да не сум од тука,но јас не сум бирал и сум немал можност.
А на прва пружена можност ќе гледам позитивно да го и исполнам ветувањето на поставеното прашање,и да станам тамошен господин - граѓанин во некое село. Јас и да не познавам некој случај ваков,освен брат ми,во моето опкружување,а тоа е на работа или на улица. Сите се од некаде и блазе си им,тие се господини-граѓани од некое село.
Сите си работат исто како мене и земаат исто како мене за таа завршена работа. Сега може да зборувам повеќе за овие господини-граѓани,од скопскиве села,повеќе но сличен е случајот и за другите господини-граѓани од другите села.Сите живеат подобро од мене. Еве утрово бев до пазар и прв пат купив салати-марули,можеби и сега немаше да купам,но тоа мојот колега од работа од Смилковци,си продаваше некој свој производи надвор пред пазарот.Му купив и две шишиња домашен домат-салце во шишиња од по литар и неколку суви пиперки -едно снопче.Продаваше уште нешто,лук во долги низи, чварки (доста скапи),млеко неколку шишиња и урда со пиперки. Малку си поприкажавме,јас му дадов нешто пари за купеното од заработената моја плата во фабрика,а која и тој ја има истата.
Па сега кој е во подобра ситуација,тој господин-граѓанин од Смилковци или јас градски . Јас си признавам јас сум сељакот. Еве уште зошто.
Секој си има некоја прослава,свадба,слава или пак сабота и недела.Е сега на овој господин-граѓанин,или на некој друг таков од Трубарево или Зелениково,кога ќе му се тревне таков ден и си носи на работа да почасти. Цела трпеза се разбира,домашно,
ич не ја есапи колку тежи или колку чини,туку наполнил тоа торбите и билнаците.
Е ам кога ќе дојде ред на градскиот сељак,се знае пола вино-пола вода и наполитанке 2+1, од кој тие 2 ги оставил дома за деци или внуци.
Ама и има и друго. Овој господин-граѓанин од Смилковци или Трубарево.море и од Зелениково има еден,работат на полесни и подобри работни места од мене.
Е зошто ?
Тој или тие,не му ја есапат многу кога носат,а носат повеќе на шефот: де домашно пченкарно брашно,де суви пиперки и благи и лути, де тазе шира па потоа винце, и се друго, не мерено онака ѓутуре на гајби или вреќи.
А јас градски сељак, за да го исполнам овој услов треба да земам-купам од наведениот мој голега или од пазар од некој ист таков господин -работник.
Ама тоа не е се.
На овие граѓани од Смилковци или Трубарево,а има еден и од Зелениково сите деца им работат исто тука и тоа од клупа право на работа,а потоа во фолија пред куќа.
Е баш поради таа фолија и младо кромитче и лукче за шевот а богами и менаџерот и тие се со време и на време запослиле додека некои градски ќе си чекаат.
Е и ова не е се.
Овие,добре де некој од ове покрај што со се граѓани од таму си се и ловџии по тоа полињата и ридовите.Па првиот утепан зец,и ставен во ранец оди кај шефот,и се знае потоа:Шефе утре имам за орање,да не иду два дна на работа,море и не прашуваат,тоа е прашано и одговорено со содржината во ранецот. А ако се погоди пак некоја бишка (дива) и предна половина оди кај шевот,ама и пола одмор+.
Абе има и уште за овие граѓани и за суредувањето на тревникот кај шефот,или за дигање на поткровје кај шевот,ама ај нека си тераат така кој ни е крив.
Сакам на село....... за да ме сака шефот. Ама и да живеам до сто и една и назад.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Кој од каде си е,тамо нека си седи...
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас лично да, би отишла без размислување и тоа веднаш. Само некаде на планина, не по ова низинските села.
Да имам само добра интернет конекција, ама сега по селава има, без пари е, владата части.
И ќе си берам билки, печурки, малини, капини, диви јагоди...Се што природата може да даде. Па ќе си пешачам и дишам чист воздух, што подалеку од гужви, автомобили и од градско/селски маси на народ, ќе си правам пикник на полјани кога сакам, ќе си имам и огромен двор и градина позади куќа, ќе си јадам здрава храна што сама ќе си ја произведувам... А бе мераци, што да ви кажам...
И со тек на време ќе си направам едно планинско еко хотелче, па селски еко туризам има да цвета...(y)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Поранешниот ни систем , правејки индустријализирана Република го умре селото , сега можете да му се м...те . Прашањето веке не ви е на место , во поголем случај нема кај да се вратите .
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Поранешниот ни систем , правејки индустријализирана Република го умре селото , сега можете да му се м...те . Прашањето веке не ви е на место , во поголем случај нема кај да се вратите .
Најубаво кажано.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Јас лично да, би отишла без размислување и тоа веднаш. Само некаде на планина, не по ова низинските села.
Да имам само добра интернет конекција, ама сега по селава има, без пари е, владата части.
И ќе си берам билки, печурки, малини, капини, диви јагоди...Се што природата може да даде. Па ќе си пешачам и дишам чист воздух, што подалеку од гужви, автомобили и од градско/селски маси на народ, ќе си правам пикник на полјани кога сакам, ќе си имам и огромен двор и градина позади куќа, ќе си јадам здрава храна што сама ќе си ја произведувам... А бе мераци, што да ви кажам...
И со тек на време ќе си направам едно планинско еко хотелче, па селски еко туризам има да цвета...(y)
a parite na drvo ke rastat (y)
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
97
Поени од реакции
140
ФАли СЕЛО живеј во град ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom