Изгледа никој до сега ја нема ставено во оваа тема серијата, аман срамота е
Band of Brothers (2001) Мини Серија
Се работи за воена драма, изработена од HBO според некоја книга.
Ги изгледав првите 2 епизоди и слободно може да се каже дека серијата е без маана. Приказната е убава, глумците добри, продукцијата безпрекорна можеби и подобра од онаа на Game of Thrones. Пред да почнам да ја гледам видов дека рејтингот на IMDB и е неверојатни 9.6 и си велев ова е заради патриотски побуди на Американците ама бев грешка. Ова ремек дело на филмската уметност без ни малку дилема ја заслужува оценката 10.
Мислам дека
The Pacific е правена на сличен начин само што ја разработува темата за војната но во битката со Јапонците.
Како и да е ова според мене за љубителите на овој жанр е морално да се гледа и би дополнил само дека ја има во многу Blu Ray верзии така да не штедете гб уживајте во целост во ова ремек дело на HBO