Внимавајте: Крадење на каса

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Све удрило на крадење,па затоа ја отварам оваа тема за уште една врста крадење.
Покрај што ни ја вадат потта новопечените газди, за малку пари,од друга страна и тие малку гледат на секој начин да ти ги украдат. Гледат и последниот денар да ти го извадат од џебот. На сите страни само не цицаат до гола кожа разни инкасатори,казни,даноци и други давачки.
Сега уште ова фалеше крадење на каса.
Пред некој ден (сабота),влегувам во .............прво напишав каде но се предомислив,сега нека биде некаде во еден маркет и пазарувам што ми треба,не беше многу сметката 350 денари,давам 1000 денари,ми враќаат 50 денари и уште 500 денари. Касиерката очигледно ја знаеше грешката дека е намерна,се сврте накај другата колешка и нешто муабет почнаа,а сметка не ми остави со кусурот,
јас веќе тргнав едно два чекори,но се сомневам во кусурот и отприлика рачунам во себе дека фали.Иако не ми е згодно но сепак се враќам и и кажувам дека мислам дека има грешка во кусурот и да провери. Таа се чуди демек не знае,,јас го држам кусурот во раце,а нејзе и е фиоката се уште отворена,купените артикли ги наредив пред неа, таа зема 100 денари и ми враќа.
Што мислите за оваа појава.Ви се случило ли вам.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.792
Поени од реакции
11.377
Не, ама ако ми се случи ќе и ја исечам раката за ум.
Во меѓувреме трампам фиром пасош за орелско ендемична зелена карта, за да после инцидентот со исечена рака би отишол дома како херој без никаква пријава и сл. \m/
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Не, ама ако ми се случи ќе и ја исечам раката за ум.
Во меѓувреме трампам фиром пасош за орелско ендемична зелена карта, за да после инцидентот со исечена рака би отишол дома како херој без никаква пријава и сл. \m/
хахахаххаппхаха GODLIKE
 
Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Mi se ima deseno vo Bar Harbour,bas isto kako na tebe.Morav da cekam menadzerkata da dojde,pa ja zatvorija taa kasa edno 15-20 minuti(mislam deka za 20$ ili malku povise se rabotese ne se sekavam tocno),pa skoro cel nivni menadzment zaedno so kasierkata sose parite od taa kasa otidoa vo nekoja prostorija da gi prebrojat parite da vidat dali se vo plus ,,,se vratija i mi gi donesoa parite,,sorry it wont happen again,,i to je to.
E sega,,,toa da mu se slucese na Amerikanec,sigurno nemase na sorry da ostane.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678

znaci amerikancite vo kanada se isto kako orlite ovde?
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Немаш наведено , но еве ќе ти кажам. Ако евентуално , дадеш поголема пара од 500 денари , или 500 денари , касиерката во никој случај истата пара не смее да ја стави во каса, туку пред неа на видно место за во случај да згреши ти да и кажеш " погледнете колку пари ви дадов , а вие колку ми враќате". Во твојов случај можам да се обложам дека касиерката ја ставила 1000-ката во каса, и ти вратила кусур според нејзина проценка ( што тоа е строго , мислам НАЈСТРОГО казниво од самиот шеф на маркетот ), а чим не ти дала фискална , се кладам и не ја откуцала, па за тоа незнаела колку треба да врати и башка брзајќи да и го раскаже филмот на колешката што го гледала синоќа, и дали Мендерес пенџерес го убиле или не( боже мили ). Доколку вакво нешто ти се случи , не барај кусур , побарај го шефот и истото пријави го кај него, па следно побарај си го кусурот. Наредниот ден веќе нема да го/ја видиш истиот/истата да работи во маркетот. Инаку за крадење се краде, мене лично ми се нема случено до сега но во неколку наврати ми се случило да ми дадат и повеќе пари ( како кусур ) , во некои случаи ги враќам ако се работи за поголема пара, доколку се работи за некоја помала пара ја задржувам за себе ( македонски менталитет :) ).
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Од 1.000 грешки во враќањето на кусурот, јас сум убеден дека 997 се ненамерни. Затоа проверувајте си го кусурот и нема да имате никаков проблем, без разлика дали грешката била ненамерна или случајна.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Мене ми се случи пред скоро две години во Тинекс во Железара. И од тогаш, само еднаш имам влезено во Тинекс, и никогаш повеќе.

Сметката ми беше 60 денари, а платив со 500кa. Типката на каса ми врати 40, и ко што рече дедо Анчо, започна да си прави муабет со колешката. И реков извини, треба да ми вратиш уште 400, кога ми се завртеее... :eek: И велам дека и дадов 500, таа упорно 100 па 100, и зема да ја брои касата. Дојде таа што беше шефицата на смена, и типкава на каса испадна уште 500-600 денари во минус! Пробав да објаснам дека тоа ништо не докажува, дека претходно била 1000 во минус, ама пред било што да речам или се побунам, дојде еден од обезбедувањето и ме исфрли надвор!
Во сета таа збрка заборавив да побарам на снимката од камерите, после беше доцна...

И, како што реков, моја нога веќе во Тинекс не стапнува, тоа не беше однос со муштерија.
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Еееее сум крадел и јас од каса....ама Робин Худ стил, не од муштериите туку од газдите, мме капиталистичко!!! :)
--- надополнето: 19 март 2013 во 15:18 ---
Мене ми се случи пред скоро две години во Тинекс во Железара. И од тогаш, само еднаш имам влезено во Тинекс, и никогаш повеќе.

Сметката ми беше 60 денари, а платив со 500кa. Типката на каса ми врати 40, и ко што рече дедо Анчо, започна да си прави муабет со колешката. И реков извини, треба да ми вратиш уште 400, кога ми се завртеее... :eek: И велам дека и дадов 500, таа упорно 100 па 100, и зема да ја брои касата. Дојде таа што беше шефицата на смена, и типкава на каса испадна уште 500-600 денари во минус! Пробав да објаснам дека тоа ништо не докажува, дека претходно била 1000 во минус, ама пред било што да речам или се побунам, дојде еден од обезбедувањето и ме исфрли надвор!
Во сета таа збрка заборавив да побарам на снимката од камерите, после беше доцна...

И, како што реков, моја нога веќе во Тинекс не стапнува, тоа не беше однос со муштерија.
Јас во Тинекс имав исто непријатно искуство, ме обвинија дека сум крадел а откако видоа дека не беа у право, не се ни извинија...ѓубриња!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Во Тинекс имаа други трикови порано, од типот на една цена на рафт а друга на каса. На пример гледаш дека на рафт е 56 денари а ти наплаќа после 60 денари.

Татко ми во земја ќе ги набиеше неколку пати пробаа на ваква финта да го украдат на купени голем број пијалоци :pos: ама изгледа опаметени се зошто одамна немам начекано вакво нешто да се случи повторно.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Плаќај си со картица и решен проблем.
Со картица најмногу се краде. Кога ќе стигнеш дома ќе видиш дека си „купил“ работи што не си ни планирал да купиш (а фалат во кесите).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мене најголем крадец во Скопје е Топлификација. Таа наметна мерење со калориметри кое не е точно и на тој начин наплатува три пати повеќе од колку што е стварно потрошено.
Ова што досега се зборува - крадење на каса е само еден начин на крадење. Најголеми крадења се прават со мерењето.
Пред десетина години, на Електротехничкиот факултет, по предметот физика, како испитна задача, беше поставена следнава задача:
Од која висина, на вага, треба да фрлиш 800 грама месо, за да вагата покаже 2 килограми?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom