NBA Сезона 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата #LakersMK
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
22 со ред Мајами следни утакмици=

@Bos
cle
Det
CHA
@Orl
@Chi
no
sa
NY
@CHA
PHI
MIL



ќе го срушат рекордот?

Мислам дека нема да го срушат рекордот , сега имаат тешки готувања во Бостон , Чикаго , Сан Антонио а тоа се тимовите што можат да им парираат на Мајами и да ги добијат во плеј оф серија .
--- надополнето: 18 март 2013 во 08:42 ---
 
Се гледа крајот на серијата на Мајами, само не се знае против кој, бостон, чикаго или против сан антонио, но можно е и некој од послабите тимови да ги изненади.
Сепак одличен потег им се покажа тоа што го земаа Андерсен, после него се 24-3, играч каков што им требаше, да внесе енергија од клупата, да спушти 4-5 скока и квалитетно да го брани рекетот.
 
Мајами имаат прилично лесен распоред. Гледам само две утакмици кај што би можеле да паднат, Бостон и САС. Бостон не дека се подобри ама може да ги фатат на ривалство и мотивација и секако пцовки до 15то колено од страна на фановите :icon_mrgr:.
Можат да изгубат од Спарси заради тоа што им е последна утакмица на роуд трип и ке бидат изморени. Арно ама на Спарси им е тоа една од последните утакмици и ништо чудно да одмори барем еден од Данкан, Џинобили или Паркер( не верувам тројцата заедно пошто у затвор ке го стават овој пат ако направи нешто такво пак :icon_mrgr:)

Јас лично посакувам моите Сиксерси да ги бутнат во претпоследната утакмица, онака да ги боли, да се изедат :rolleyes:
 
Сиксерс ако му понудат нов договор на Бајнам гадно ќе се заебат.За професиониален куглар и играч со соленки наместо колена, дадоа златни играчи.Еве го Харклс во Меџик си гази, исто и Вучевич иако е софомор има солидни бројки, а Иги е приказна сама за себе.Плус го земаа Џејсон Риџардсон кој поради операција на коленото ја пропушта сезона.Со причина се лути Колинс, не знам што сакаат да направи тој со моменталниот ростер.Среќа Холидеј ја игра најдобрата сезона до сега инаку ќе се бореа со шарлот за последното место ( не дека сега се нешто подобри).
 
Сиксерс ако му понудат нов договор на Бајнам гадно ќе се заебат.За професиониален куглар и играч со соленки наместо колена, дадоа златни играчи.Еве го Харклс во Меџик си гази, исто и Вучевич иако е софомор има солидни бројки, а Иги е приказна сама за себе.Плус го земаа Џејсон Риџардсон кој поради операција на коленото ја пропушта сезона.Со причина се лути Колинс, не знам што сакаат да направи тој со моменталниот ростер.Среќа Холидеј ја игра најдобрата сезона до сега инаку ќе се бореа со шарлот за последното место ( не дека сега се нешто подобри).

Точно е тоа што го напиша , но Сиксерси не можеа да ги задржат и Вучевич и Игуадала поради селари капот . Плус ако се сеќаваш на финишот од регуларниот дел од сезоната 2011/2012 кога на почеток од сезоната Сиксерси растураа и беа 3 на исток а како потоа се наближуваше крајот на регуларниот дел од сезоната тие се повеќе паѓаа во формата и на крај едвај се изборија Сиксерси за 7 место на исток , за малку Њујорк и Милвоки ќе ги престигнеа и Сиксерси ќе останеа без плејоф . Страшно многу паднаа во форма и игра Сиксерси во финишот од сезоната , Елтон Бренд му истекуваше на крај на сезона договор што беше многу скап а Бренд ништо не играше во Филаделфија а само земаше голема плата , немаа Сиксерси добри скокачи а не му даваа шанса на Вучевич да покаже што знае . Плус Игуадала е одличен играч но поради тоа што го имаа Тарнер во тим , Игуадала мораше да игра цело време ниско крило , ок тој добро се снаоѓа и на таа позиција но не му баш одговара постојано цело време цела минутажа да ја помине на ниско крило и цело време да биде принуден да брани многу помоќни и физички посилни ниски крила посебно што има ниски крила кои без проблем играат по потреба и високо крило . Игуадала може само повремено да игра на ниско крило тој е првенствено 2 бек шутер кој по потреба би играл само на ниско крилои сега и во Денвер игра бек шутер , и почнаа Сиксерси да паѓаат во форма . Плус и очигледно е дека тие не сакаа да нудат нов договор за Игуадала и поради фактот што сега е 29 години и се одлучија на позиција бек шутер да го имаат Тарнер а за Игуадала да добијат центар и сила под кош во Бајнам . Тоа што лани поминаа против Чикаго им беше сплет на околност и среќа дека се повредија Роуз и Ноа . Нормално дека ќе понудат договор за Бајнам , толку играчи жртвуваа за да имаат простор за плати па сега нема да го пуштат туку така Бајнам . Само ако најдат некој играч од слободен пазар па да го потпишат место Бајнам , еве Пекович од центрите ќе биде слободен агент но тој веројатно ќе продолжи договор со Минесота .
 
599759_606796809348847_1440365426_n.jpg

:eek:
Готови се Мајами :нинџ:
 
sopcast Линк за бостон ?
 
Ме фативте сега за јазик, ретко се збори за Сиксери на темава, мора да се напише едно рефератче :rolleyes:

Во врска со трејдот, Фили според мене направија одличен трејд. Го донесоа најдобриот прав центар(под ова подразбирам играч што може да игра свртен со грб) во лигата, и донесоа одличен шутер и одбранбен играч и воедно ветеран односно лидер кој им фали веке години уназад. Игудала мислам дека беше со право трејдуван, едноставно тимот нигде не оди со него како главен играч, он е во најдобар случај вториот играч во тимот, зборам за тим кој би бил во трка за титулата. Друга работа е што никој неможеше да предвиди дека Холидеј ке стане играч ипол сезонава. Исто така и за Вучевич никој неможеше да предвиди, ама тука има грешка поради тоа што на него воопшто не му беше дадено нeкоја позначајна минутажа, посебно на крај на сезоната, а у плејоф изигра точно 3 минути :cautious:. Иако не го сакам Бајнам, пошто е дете у главата уште и уште не сфака дека води организација вредно пола милијарда долари. Ама, јас сум за да го вратат и наредно сезона заради тоа што мислам дека ова со колената нема многу да му влијае пошто цела кариера да сега се соочува со тоа и последната сезона му беше најдобра, што значи не назадува. Со правилен третман, нормално и одмор кога треба мислам дека ке биде добар. Истово би го прифатил под услов да не зема максимална плата, туку највисоката бројка на плата да му биде околу 12-14 милиони. Реално, според мене, толку и заслужува со оглед на тоа дека е несериозен и цела сезона помина на трибини. Треба да се задржи костурот на екипата, добар центар, добар плеј и добри шутери, тоа е добитна комбинација како пред десетина година Шек во средина опкружен од одлични шутери во Хори, Фокс, Фишер и Коби.
Во врска со тренерот, Даг е одличен тренер и уште подобар учител. За мене, убедливо најдобриот тренер во НБА за млади играчи. Но, сезонава некако слабо ја води екипата. Најлошото нешто за тренер е да немаш идеја и незнаеш како да ги поправиш проблемите во твојата екипа, а уште полошо е да го изјавиш тоа јавно на прес конференција со безнадежен изглед во фацата, а он баш тоа го направи. Освен тоа би му забележал и тоа што може и мора многу повеке да извлече од Тарнер, дечкото е играч од типот на Леброн, го подобри шутот иако треба да работи уште, може да игра 3 позиции, одличен скокач е, јак, голем, само голем проблем му е самодовербата на тоа треба да поработи малку.
Јас лично би го задржал и Даг и Бајнам, другиот дел од тимот исто така повекето да, и секако се надевам на подобри денови на Фили :love:
 
Прво честитки до фановите на Мајами се надевам све до крај ќе тепаат Мајами..
Второ , и покрај поразот задоволен сум од Бостон кои без Гарнетт,Рондо успеаја до последни 10 секунди да им парираат на моментално најакиот тим у НБА. Грин е ѕверка!

П.С Леброн е играчиште маму му ебам,МОНСТРУМ!
 
Кога веќе збореме за Сиксерс и Бајнам, тој дефинитивно оди на операција на двете колена за да се исчистат останати делови од преходно поправеното колено, и нема да да заигра оваа сезона.Криво ми е што премногу очекуваа од овој трејд а на крај ништо не испадна.Имаат одличен плеј, солидна клупа и им фалеше центар околу кој можат да изградат тим кој ќе се натпреварува за титулата, а со трејдот добија дете кое се однесуваше доста не професионално но како и да е, Бајнам ќе си
лапне 16 и пол милиони од оваа сезона.Воопшто не се замараше со организацијата, се појавуваше во јавност само за да го одолжи неговото враќање и сега ова се случи.
 
леброн во последно како му го врие на бостон.. уште го болат поразите со кливленд...
ако се сретнат во серија 35/10/10 во просек ќе има
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom