NBA Сезона 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата #LakersMK
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тајсон Чендлер се повреди вчера,после Стадемаер уште ова им требаше,баш ја гледав цела утакмица пошто ја чекав за добивка :)
Њујорк и пред да се повреди играа лошо ама после повредата не личеа на НБА екипа.
Добар ремет му удрија вчера на Мело,прва утакица против Нагетс на гости играше,where is Melo и who is Melo скандираше цела сала.
Денвер оваа година ќе биде гаден противник за секој,поготово за гостување!
 
Истокот во однос на Западот, во поглед на конкуренцијата изгледа смешно сезонава. Страшен ќе биде плејофот во западната конференција. Кога гледам дека Индијана е втора на Истокот, запек ме фаќа .... :sick:
 
Eптен убава кошарка игра индијана, и многу се потценет тим.Имаат супер тренер кој како дијамант од обични камења го пронајде Лери Брд.Тие се единствени кој можат да и парираат на мајами, и моментално имаат најдобра периметарска и пост одбрана во лигата со 89 дозволени поени по натпревар.:)
За мене Денвер оваа година ми се sleeper contender можат да направат бомба во пост сезоната.
 
Eптен убава кошарка игра индијана, и многу се потценет тим.Имаат супер тренер кој како дијамант од обични камења го пронајде Лери Брд.Тие се единствени кој можат да и парираат на мајами, и моментално имаат најдобра периметарска и пост одбрана во лигата со 89 дозволени поени по натпревар.:)
За мене Денвер оваа година ми се sleeper contender можат да направат бомба во пост сезоната.
Ако не се разбуди Хиберт во скоро време, што не верувам дека ке се случи, ништо не прават со Мајами... посебно со моменталниот Мајами.
Денвер се многу симпатична екипа и најубава кошарка на око играат, ама без права ѕвезда ништо не прават у плејоф.
Мене искрено Мемфис ми беа тим што мислев дека ке изненади али откога го направија трејдот некако незнам како им е хемијата во тимот и дали ке бидат истите од порано. Ке навивам за Спарс, маестро Попович извлече најмногу што може од тимов и мислам дека ке продужи да го прави тоа во плејоф. Сакам европјаниве да им покажат на америте како се игра баскет и како се победува без курчење.
 
После минатогодишниот Ол стар на кој учествуваше, хиберт не е ниту бледа сенка на неговата предходна форма.Мајами имаат ниска петорка, тука можат да Индијана да ги надиграат, а тоа се случи на предходните 2 напревари кога ги победија по 20 поени разлика.Можеби најдобриот потег го направи мајами што го зема Крис Андерсен, кој вади солидни бројки за времето што му е дадено на паркетот, па тоа е можеби една од главните алки за тоа како ги одиграа сите натпревари од почетокот на февруари па навака.За Денвер, не им е потребна таа ѕвезда, тие моментално се голем противник за секоја екипа, а во плеј офот можаат да ја користат предноста во пепси центарот бидејки имаат втор најдобар скор на домашни утакмици, 28-3 мислам.А со оглед на тоа што Поп со втората петорка играше против Мајами и загуби со +-5 разлика( не ми текнува точно) можно е да ги гледаме сан антонио во финалето.Солидна ротација има, искусни играчи и тимски ветерани поткрепени со млади проспекти и имаат реални шанси да освојат.Само не верувам дека Поп ќе освои бек то бек тренер на годината, мислам дека овојпат наградата ќе оди Џорџ Карл или Франк Вогел.
 
Попович не зема бидејки многу се потценува неговиот труд, искрено и јас до некое време го занемарував како еден од најдобрите тренери. Ама заради него Спарси се најорганизираниот спортски колектив во Америка. Незнам кој беше од овие новинариве за НБА што известуваат изјави нешто у стилот као да ни беше државата организирана како што Попович го прави тоа во Спарси кај ке ни беше крајот нешо у тој смисол.
 
не беа чекори пошто на првиот чекор немаше контрола над топката со двете раце, а и да се чекори, у нба прогледуват вакви ствари низ прсти пошто е атракција
 
Вечер треба да биде многу добра партија Spurs Mavs , особено битна за Dallas!

Ја тепаат ли Далас и се на 1 утакмица во плејоф ! (ЛА се пред Далас 2.5 победи за 8 место ама и имаат 3 повеке одиграни од Далас, исто и Utah им бега само 2 победи а исто толку утакмици има повеке одиграно ) Многу добри шанси за Далас, не им е распоредото толку лесен ама и имаат доста партии до крај ! (за некој ден со ЛА ке биде доста жестоко :love: )

Utah има до крајот доста тежок распоред имајки предвид дека ке игра и со Далас, 2 Портланд, Houston.....тимови со кои треба директно да се бори до крај за да задржи место во плејоф . Многу тешко ке биде за нив и големи се шансите да се лизнат за малку !(нешто како Rockets мината година на 10 партии пред крај регуларен дел кога имаа 6 порази у низа и им одстапија на Utah место со последниот воз!)

На истокот одамна е решено кои 8 ке одат ( се направи огромна разлика мегу 8 и 9 место), ама затоа на Западов ке биде до последен момент кланица последниве 15-20 партии и ептен загревање за пред плејоф=слeдат многу добри партии до крај !

Па и Портланд има некоја шанса за плејоф (сеуште), ако ништо друго да им расипе есап на многу тимови во обидот да преживеат за 8 место ...........

Со срека на сите тимови (посебно ЛА) :свиркам:
 
Уште ли не научивте дека во НБА не се судат чекори :pos: , посебно на Леброн на оној негов познат crab dribble.
Сезонава некако многу слабо ми изгледа судењето, многу каснат судиите кога свират. Чекаат прво да видат дали ке влезе топката, ако влезе ништо, ако не ке судат фаул :tapp:. Исто и на неколку пати имаше сезонава онаа школска дупла и тоа мало дете да донесеш ке препознае, имаше и на Shaqtin a fool.
--- надополнето: 14 март 2013 во 20:30 ---
Не би ме зачудело и ова да не го свиреа :tapp:
 
dalas imaat sansi ako e konstanten ko so e sea carter od klupa 20 poeni prosek
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom