- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 228
Торични а?
Уф... ОК. Тоа кога трепкаш дека се дефокусира видот е нормално и секогаш така ќе биде. Или ке се навикнеш на тоа или не. Со торични леки НЕМА одличен вид. Можеш да очекуваш дека ке имаш добар вид 70% од времето додека останатите 30% леките ке ротираат особено навечер кога малку се природно посуви очите (поголемо триње на леката со очниот капак и следствено поголема ротација) и особено ако не си во вертикална позиција (заради гравитацијата - тие леки се така направени да долниот дел на леката е потежок за да по пат на гравитација леката се ориентира како што треба).
Пробај ако ти се свигаат носи ги неколку месеци - само знај видот ке биде релативно нестабилен. Сад видиш сад невидиш. Ако на крај не ти се свигаат прејди на тврди леки.
Кој доктор ти ги има преписано овие леки?
и..колку ти е цѕлиндерот?
Да, вистина е дека кога трепкам се дефокусира малку.
Диоптрија правев во систина и во визија(демек првата не чинела) а ми ги препорачаа во оптика, во 3оптики бев и секаде истите ми ги препорачаа. Демек најнови, најквалитетни, најдобри и секако со тоа оди и она најскапи

Се поднавикнав малце само на десново око се осеќам како да имам нешто па малку матно ми се гледа кога ќе споредам со левото, ама не матно како лош диоптер туку матно како да имам нешто на леќата

Инаку дијагнозата ми е следна
Д: -1; -0,75; 160
Л: -1: -0,75; 176
П.с Фала ви многу