Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Poke... кај си бе супериорен? :vozbud: Само за да занимација. Ми се допаѓаш вака „засиелен“, прсти ќе сокршиш покажувајќи сила :facepalm:
Не мислам со никој ништо да мерам :) Посебно не со некој исфрустриран и заислен на форум... Не зафркавај БлуМатадор со вакви изјави со супериорности, мерења на не знам што, да не заборавиме: ОВА Е ФОРУМ, ќе помислам дека ептен си заминал.

Најдобро е да се одмори малку, што велите? Нешто многу на лева нога започнавте, се нешто навреди по нет, ко тинејџери...
Да не одиме оф-топик.

Он: Некој претходно стави линк до Атлантида - Загубениот континент. Одлично четиво, достапно на македонски преку нет (ако некој сака да ја има книгата на македонски, нормално). Ако сакате вовед во делото, имате тука. Повелете...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Нинович ете ти го надмениот, те!!! Матадорот :D
Нема врска, јас и Ipsissimus сме тоа... не ни ги кради сега ти титулите. И од тоа какви сме ние - целата телема е таква! :facepalm:

Ма бесцелно јас сум зборувал тука 100 страници! Штета... :(
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Нема врска, јас и Ipsissimus сме тоа... не ни ги кради сега ти титулите. И од тоа какви сме ние - целата телема е таква! :facepalm:

Ма бесцелно јас сум зборувал тука 100 страници! Штета... :(
А бе па секташка работа, што ќе праиш :cenzura:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Нема врска, јас и Ipsissimus сме тоа... не ни ги кради сега ти титулите. И од тоа какви сме ние - целата телема е таква! :facepalm:

Ма бесцелно јас сум зборувал тука 100 страници! Штета... :(
Бедно, Хепта, бедно. Очаен обид да ми ставиш во уста зборови кои никогаш не ги реков. :) Ниту за Ипсисимус реков нешто лошо, ниту реков дека телемата е надмена.
А ти? Ако сакаш уште една титула земи ја слободно. На кралот никад доста од титули. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
А бе па секташка работа, што ќе праиш :cenzura:
Па и едно незнаење, тоа О.Т.О. само бладање... собирале од Исток сешто и сега ни продаваат тука празна слама... да одиме да се иницираме веднаш! Хептаграм затоа е тука: сите сака да се иницираат во О.Т.О. ! А знаеш дека ги нема во Македонија? Само се филмат нема врска едно со едно :pos:
Краделе таму од овој од оној, цитираат тука некакви си цитати и што - тие авторитети ќе биваат?
Абе има посупериорни од нив - што никогаш не ни помислиле да бидат иницирани и да стапнат на таа патека за која знаат од нашите книги и некакви си филмови!

Ок, ајде сериозно:
Луѓе, вака е лесно да се пишува... седнете и работете не е добро да сте мрзливци во врска со ова и подобрете се, аман! Можете подобро, знам дека можете само треба еднаш засекогаш да намалите со дрдорење и да зголемете пракса! Ќе знаете потоа многу повеќе... ако не ми верувате, пробајте и докажете ми дека сум во право! :P


P.S. BlueMathador простачки да се однесуваме е најлесно :) Не биди простачки расположен, не ми се муабети со такви луѓе... не ми се симнува на нивно ниво, не за друго. Имам што да ти кажам за да те навредам, ама што со тоа бре момче? :facepalm:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Се занесе ти а? :)
И на луѓето не им требаат спасители... доста со тоа: спасители! Си бараш спасител а? :facepalm:
Ете идат избори, не гласај за ВМРО! :cautious:


Луѓето ДОБИВААТ се што им треба и читаат... и тоа на големо :) А ти ако не си запознаен со тоа или таму каде што живееш ако нема луѓе што ги интересира магика и јога и ритуали и иницијантски Редови, твој проблем. Исели се и дојди ни во Скопје!
И прекини твоите фрустрации да ги префрлаш на други, соземи се и намали со тој поган јазик. СО таа уста треба еден ден децата да си ги бакнуваш! Ако бидеш Бог некогаш и создадеш деца нормално!

Ниту мислам да спасувам некој ниту мислам да силувам некој за да ПОБАРА иницијација :) Овде сум да зборувам како иницијант во О.Т.О. и да кажам онака како што јас знам и умеам. За повеќе, ќе се потрудите повеќе. Така е најфер и кон мене и кон вас, неиницираните!
А за другите телемити, не гарантирам што наум имаат и како ќе дејствуваат! А и некои работи, се тајна.


Секој има ум и знае што е за него, што не е! Телема, нели :)
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
178
Поени од реакции
219
Јао Џоле, па ти кога си слободен, кога не си Бетмен на смена си бил телемит.
Па ете ни шераш дел од својата мудрост, како “официјално инициран“.
Тебе ти треба пастир, диктатор, господар! Ти треба камшик и јарем.
Во Скопје само има Црна Ружа? А колку е членарина за да бидеш секташ? Се вежба кунфу и карате и јога? А во кој студенски се криеш, и се спремаш бог да постанеш?
Ако дојдам Скопје, знаеш дека ќе биде пламен, нели?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
:facepalm:

Мислам дека доволно ти беше посветено внимание. (y) Ти ништо не читаш што пишувам, ами си тераш со некој твој филм... Реков дека не сум Џоле, ти пак, или тоа ти е некоја зезанција? Ако ти е, ок, не сум те разбрал...
Ти си пишуваш ти си разбираш :) Браво...

И не ми љубомори што сум инициран. Ако имаш волја, повели, може и ќе добиеш препорака од двајца добро-стоечки иницијанти откако ќе бидеш испрашан. И конечно ќе ме запозанеш мене, Хептаграм XI. Нормално, ако немаш досие и си чист како момина солза. ;)
Условот за барање пристап е тој, секаде, во секоја држава, и не може да се менува. Варираат само годините (мора да си полнолетен и да те фаќаат сите закони).

Инаку:
Мене ми требаат жени со големи облини, како свештеничките на Луната :love:

http://www.secretfire.net ИМА ВЕЌЕ ОГАН! :D Повели на „кување“ на највнатрешното, да ми ти согори животот...

И тој бил супериорен... да, во простачки изрази ти давам рака и те прогласувам за првак. :cautious:

П.С. Црна Ружа многу ја зборуваа во почетокот на деведесетите... Струмица некако ми изгледаше како „најзаразена“ со тоа чудо во Македонија. Ама ништо страшно, чисти измислици на изгубените деца што не беа разбрани од своите врсници... Немаше кој да ги наплеска, родителите бркаа работа после распадот на СФРЈ, кој имал време да внимава на децата :icon_lol:
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
178
Поени од реакции
219
таков им се погодил Еонот. На детето.
Имам и јас сто страници на интернет, два храма и манастир.
Кога си кај облините, не е што сакаш - ами што имаш.
Инициран си, се гледа. Најпаметен си и најсекси, И знаеш по нешто и за мене, онака невулгарно да ми цитираш. Само не знаеш дека она што го знаеш јас сакам да го знаеш. И не знаеш што јас знам. А не сакаш ни да знаеш каков оган има. Тоа Одинови вечери на сектата,,, лидер бара?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Само да се внимава во пракса и да се знае дека „Прави што ти е волја“ не значи прави што сакаш и не значи да не се заморуваш со стореното или со намислата да се стори нешто...
Многу „деца“ промашија во старт неразбирајќи ги руните и се загубија во просторот.
Не така...
Прави што ти е волја е законот на најголемата слобода но од друга страна и на најголемо ограничување. Максимална свесност за своите дела, за својот пат, за својот живот... па и својата смрт.
Секој е одговорен за тоа самиот - Liber Oz добро го објаснува тоа на едноставен начин - за секој.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
За сите што се спремаат да го изведуваат ритуалот познат како „Liber Resh“, еве едно видео за обожување на Сонцето кога се појавува на Исток.
Во описот стои :
This is the first of a four part video series created by Aum Ha Oasis O.T.O. in the valley of Chicago. The purpose of these videos, aside from displaying the beautiful sites of the "Windy City", is to promulgate the law of Thelema by demonstrating the Solar adorations to the Sun found in Liber Resh vel Helios.

Изгледајте го до крај,

Линк до есеи на T Polyphilus.
И на крај, да ве известам дека излегува за некој ден електронскиот весник на SecretFire Oasis - благовремено ќе добиете линк.
93 93/93
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
178
Поени од реакции
219
Hepatit, си испуштил сонцето да изгрее ти, додека си се измачил да се изнафалиш колку твојот “ред“ е кул и како си играат на изгрејсонце.
Сите на изгрејсонце, само Џоле на форум. Је!
А се кладам дека не знаеш ни во колку изгрева, по колку се мести на ден. Сонцето. Телемитите се напојуваат на зрак, старгејзаат, нивните тела -сончева батерија. Планктонот испливува од дното кон врвот над океанското плато, овде ги фаќа сончевите зраци и создава храна за сите, за нас кислород.
Еден уметник како мене, ќе праша, какви биле уметниците во доцните1800ти? Алистер бил еден од првите кој се сретнал со уљените бои во туби.
Во пештерите во Шпанија и Франција, окер, жолто, црвено, добиени од седиментите таму. Црно од јаглен и сето тоа споено со маснотија, лепило кое пигментот ќе го држи на основата.
Бела - варовник. Бела од оловен оксид. Зелена од бакарен оксид. Наполеон умре како резултат на зелените ѕидови кои го држеа во изолација на островот Света Елена. Отруен со бакар. Во Рим, оловните садови во кои се готвеше, и посебно оние во кои се чуваше вино, беа затруени. Од вино се добива талог, кој е зачин за многу колачи. Светлосни колачи. Во Рим умираа многу, и многу немаа деца. Рим од 2 милионски град за неколку века постанува градче со едвај10 илјади жители. Отруени од храната, оние кои оделе на оргии, оловен оксид.
Жолта од хром. Менделеев и металите, сфаќа дека се иста фамилија елементи и се појавуваат нови линии во спектарот бои, алуминиум заменува олово за оксид во бела боја.
Ван Гог со неговото хром жолто, го повикува окото: Види ме, почувствувај!


Затворен, имаше само неколу прозорци од кои можеше да гледа во небото. Тој полуде од ограниченоста.
На неговата слика Ѕвездена ноќ се гледа Венера, Деница, Луцифер - големата ѕвезда до чемпресот, месечината горе десно и соѕвездието Девица. На сонцето му се потребни само 9 дена да помине низ овој појас на небото, а дури 38 за да ја помине Скорпијата.
Таму - ѕвезди, со различни бои, со различни метали во нив, кои ќе експлодираат и ќе создадат негде услови за живот. Зошто универзумот не создал дури и нас, со свест. Ние сме очи на универзумот, со кои тој се согледува.

Големиот ловец, Орион. Најгоре, во неговото десно рамо, црвена ѕвезда. Секој миг може да експлодира. Од 1997ма кога се знае дека е црвен џин во гасење и темпирана Супернова - се набљудува. За тие години, Битлџус го има намалено својот волумен за 25%.
Комети.

Што е свеста, што е вољата. Може ли со концентрација, со насочување на свеста, со огромна воља - да се излезе над оваа димензија. Алистер вели дека ќе се патува многу и лесно во иднината.
Отидов да патувам.

 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Бедно, Хепта, бедно. Очаен обид да ми ставиш во уста зборови кои никогаш не ги реков. :) Ниту за Ипсисимус реков нешто лошо, ниту реков дека телемата е надмена.
А ти? Ако сакаш уште една титула земи ја слободно. На кралот никад доста од титули. :)
Не го мислеше тоа Хепта директно кон тебе....ако ја прочиташ цела тема од кога почна он да пишува ќе видиш. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom