Hepatit, си испуштил сонцето да изгрее ти, додека си се измачил да се изнафалиш колку твојот “ред“ е кул и како си играат на изгрејсонце.
Сите на изгрејсонце, само Џоле на форум. Је!
А се кладам дека не знаеш ни во колку изгрева, по колку се мести на ден. Сонцето. Телемитите се напојуваат на зрак, старгејзаат, нивните тела -сончева батерија. Планктонот испливува од дното кон врвот над океанското плато, овде ги фаќа сончевите зраци и создава храна за сите, за нас кислород.
Еден уметник како мене, ќе праша, какви биле уметниците во доцните1800ти? Алистер бил еден од првите кој се сретнал со уљените бои во туби.
Во пештерите во Шпанија и Франција, окер, жолто, црвено, добиени од седиментите таму. Црно од јаглен и сето тоа споено со маснотија, лепило кое пигментот ќе го држи на основата.
Бела - варовник. Бела од оловен оксид. Зелена од бакарен оксид. Наполеон умре како резултат на зелените ѕидови кои го држеа во изолација на островот Света Елена. Отруен со бакар. Во Рим, оловните садови во кои се готвеше, и посебно оние во кои се чуваше вино, беа затруени. Од вино се добива талог, кој е зачин за многу колачи. Светлосни колачи. Во Рим умираа многу, и многу немаа деца. Рим од 2 милионски град за неколку века постанува градче со едвај10 илјади жители. Отруени од храната, оние кои оделе на оргии, оловен оксид.
Жолта од хром. Менделеев и металите, сфаќа дека се иста фамилија елементи и се појавуваат нови линии во спектарот бои, алуминиум заменува олово за оксид во бела боја.
Ван Гог со неговото хром жолто, го повикува окото: Види ме, почувствувај!
Затворен, имаше само неколу прозорци од кои можеше да гледа во небото. Тој полуде од ограниченоста.
На неговата слика Ѕвездена ноќ се гледа Венера, Деница, Луцифер - големата ѕвезда до чемпресот, месечината горе десно и соѕвездието Девица. На сонцето му се потребни само 9 дена да помине низ овој појас на небото, а дури 38 за да ја помине Скорпијата.
Таму - ѕвезди, со различни бои, со различни метали во нив, кои ќе експлодираат и ќе создадат негде услови за живот. Зошто универзумот не создал дури и нас, со свест. Ние сме очи на универзумот, со кои тој се согледува.
Големиот ловец, Орион. Најгоре, во неговото десно рамо, црвена ѕвезда. Секој миг може да експлодира. Од 1997ма кога се знае дека е црвен џин во гасење и темпирана Супернова - се набљудува. За тие години, Битлџус го има намалено својот волумен за 25%.
Комети.
Што е свеста, што е вољата. Може ли со концентрација, со насочување на свеста, со огромна воља - да се излезе над оваа димензија. Алистер вели дека ќе се патува многу и лесно во иднината.
Отидов да патувам.