Промашен и аматерски филм, можеле доле да напишат и Проект на владата на РМ. А гледам нивна реклама, а филмов го гледам, нема разлика. Дарко Митревски нема поима човече. Треба да го пуштат да режира детски серии на МТВ, не да се пува во Холивуд. Толку лошо напишани ликови, реплики и сценарио богами немам видено до сега на филм, али пак е тука некаде со Балканкан. Стварно ми е криво што филмов не го откупи холивудско студио, а колку што знам причината за тоа бил он и поради тоа што неќел да дозволи да се смени сценариото на кое што самиот е автор. Сашко Коцев исто нема поима, тоа што кажува вицови на Златна Бубамара беше критериум да го изберат? Кој резил е типов кога манекенка успеа да го засени со глумата. Особено се примети во последната сцена со Раде Шербеџија, и сеа сценава као овие ги носат во логор, сите потресени, и доаѓа Сашко ко да носи роба за на пазар.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Нити тон на глас мења, ниту некаква гримаса прави.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Охридско не го коментирам, само ни кажува колку Дарко не го бива. И уште една ствар која ми сметаше кај него е што човеков тотално немал осет за тоа на кои делови од филмот колку време треба да им се посвети, па така во филм за фудбал посветен на тим кој ја бранел честа на Македонија тој става рандом ликови што трчаат наоколу со топката и не знаат што прават, и повеќе муабет тераат на терен него ли што играат а сепак победуваат.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
До толку не можеше вистински фудбалери да вклучи на терен? Смешно изгледаше тој дел, а според мене беше еден од најважните, и навистина немаше потреба од маказите на крај, ем не знаат да одат ем макази прават.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Поради тоа почнав за Левски да навивам во филмот.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
На волку лош филм, клише моментите не ги ни спомнувам, само ми е криво што е сменет оригиналниот крај а и прашање е дали нешто оригинално има во целиот филм, а толку потенцијал имаше филмов (инаку Шпиц потоа станува тренер на Вардар и умира на утакмица после победата на Вардар над Хајдук или Динамо, а за време на окупацијата претседателот Павлов буквално го вади од воз во Србија и го спасува од сигурна смрт пред да биде депортиран, а да и Павлов е стрелан од комунистите после ослободувањето). Треба стварно да си талентиран да усереш таква приказна, со она што го знаев претходно за приказната барем просечен холивудски филм ќе излезеше сигурно. Се на се тапа глума и лошо сценарио кое уште полошо е реализирано. Позитивни појави се полковник Гарванов, претседателот Павлов, и нормално Раде Шербеџија со Ричард Самел. Последниве двајца не знам како се нафатиле да глумат во ваква гротеска.